Connect with us

Анализи

“Mastercard”, “Visa” и банките тријат раце од новата мерка “Мој ДДВ”

Објавено

на

Денес, од 1 јули, започнува нова владина мерка за намалување на сивата економија со поврат на средства од ДДВ остварени преку секојдневниот промет на сметките на граѓаните.

Апликацијата „Мој ДДВ“ ќе може да ја користат сите кои се регистрирани преку електронскиот систем “е-Персонален данок”. Истата е достапна за Android платформата од Play Store преку следниот линк.

Оваа можност за поврат на дел од ДДВ-то ќе биде достапна за сите граѓани на Република Северна Македонија кои имаат наполнето 15 години, кои се регистрирани или ќе се регистрираат на системот на УЈП, и кои од 1 јули ќе ја преземат одговорноста редовно да си ги земаат фискалните сметки на продажните места, а потоа и да ги скенираат преку мобилен телефон.

Очекувањата се мерката да влијае позитивно за економијата, придонесувајќи кон зголемување на издавањето на фискални сметки на територијата на државата. Воедно, се очекува попустите кои им се нудат на граѓаните за плаќање во готово без притоа да се издаде фискална сметка да се намалуваат од година во година, а со тоа секако дека трансакциите со платежни картички би пораснале бидејќи во секој случај плаќањето со картичка е многу поедноставно од плаќањето во готово.

На тој начин, бројот на трансакции и износот на средства кој ќе биде потрошен преку платежни картички постепено ќе се зголемува, а со тоа ќе се зголемуваат и приходите кои ќе ги приходуваат интернационалните картични институции “Mastercard” и “Visa”.

Ако се земе предвид дека за поврат на ДДВ потребно е корисникот да има трансакциска сметка, тоа оди во полза на домашните банки кои ќе приходуваат провизии за одржување на сметка, а исто така ќе ги зголемат своите приходи на име провизии од трансакции реализирани со платежни картички “interchange fee” како и провиизии за користење на ПОС терминали на кои ќе се реализираат плаќањата.

Анализи

Каматите паѓаат – Кредитите и депозитите се во пораст но, на чие конто?

Објавено

на

Каматните стапки за кои сигнализира Народната банка со олеснување на монетарната политика бележат намалување ако се споредат последните два месеца од годината за 2018 и 2019. Според најновите статистики просечната каматна стапка изнесувала околу 5%. Забележан е поголем раст на штедењето на домаќинствата, како и на корпоративниот сегмент гледано според податоците за ноември и декември 2019 година. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Зошто совршениот лидер не треба да се плаши и што се мора да поседува?

Објавено

на

Не е тајна дека на задоволството на вработените од работата, освен висината на платата и условите за работа, исто така значително влијае и односот со надредениот. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Дали централните банки можат да го спасат светот од климатските промени?

Објавено

на

Од централните банки не може да се очекува да го спасат светот од климатските промени, се вели во новата книга на Банката за меѓународно порамнување, која повикува на глобална координација од владината политика до финансиската регулатива. (more…)

Продолжи со читање

Популарно