Connect with us

Анализи

MasterCard очекува повисоки годишни трошоци отколку прелиминарните планови

Објавено

на

MasterCard успеа да ги надмине нејзините очекувања за профит за вториот квартал, но компанијата ја зголеми прогнозата за годишните трошоци со што цената на нејзините акции забележаа пад од 3% пред почетокот на вчерашната трговијата во САД, пренесува „Ројтерс“.

Сега компанијата очекува оперативните трошоци да нараснат со околу 16-18% во текот на годината во споредба со претходната прогноза за околу 14-15%.

Оперативните трошоци на MasterCard пораснале за 23,5% до 1,73 милијарди долари во вториот квартал, што заврши на 30-ти јуни, додека компанијата продолжува да инвестира во безбедност и дигитални производи.

MasterCard која обработува над 65.000 трансакции во минута, тврди дека бруто доларскиот обем се зголеми за 15,3% до 1,48 илјади милијарди долари во кварталот. САД, кој е најголемиот пазар на компанијата, донесе околу 30% од износот.

Волуменот, реализирани зад граница – вредноста на трансакциите направени од корисници на картичките во странство, се зголемиле за 23,6% на база на американскиот долар.

Нето добивката скокнала за 33 % до 1,57 милијарди долари, или 1,50 долари по акција, во кварталот, кој заврши на 30-ти јуни.

На приспособена база компанијата има заработено по 1,66 долари по акција, надминувајќи ја просечната прогноза на аналитичарите за 1.53 долари, посочува „Thomson Reuters I/B/E/S“.

Вкупните приходи се зголемија за 20% до 3,67 милијарди долари, надминувајќи ги очекуваните 3,65 милијарди долари.

Анализи

АНАЛИЗА: Штедењето стабилно – во банките на книшки има вкупно 5,8 милијарди евра

Објавено

на

Со просечни стапки на раст на депозитите од осум отсто годишно, штедењето во земјава достигна 55% од Бруто домашниот производ. Според последните податоци, во банките и штедилниците вкупната депозитна база изнесува 5,8 милијарди евра. Она што охрабрува и ја потврдува довербата во домашната валута е порастот на денарското штедење, смета гувернерката Анита Ангеловска – Бежоска. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

АНАЛИЗА: За станбени и потрошувачки кредити граѓаните должат скоро 2 милијарди евра

Објавено

на

Историските стапки на раст на кредитирањето од 39% нема да се повторат, но догодина и следните години кредитирањето ќе биде стабилно,  со просечни стапки на раст од 8,4%. Во моментов вкупната кредитна изложеност на банките и на штедилниците изнесува 5 милијарди евра додека вредноста на вкупните штедни влогови изнесува 5,8 милијарди евра. На крајот од септември салдото на сомнителни и спорни побарувања е 251 милион евра. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Еуролинк осигурување додели 30 стипендии за студентите од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во вкупна вредност од 1.600.000 денари

Објавено

на

Вчера вечерта се одржа 5-тото јубилејно доделување на Еуролинк стипендиите. Беа доделени 30 стипендии за најдобрите студенти од Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје за учебната 2018/2019 година во вкупна вредност од 1 600 000 денари. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange