Connect with us

Платежни картички

Mastercard и McCann со интересна кампања по повод Меѓународниот ден на жената

Објавено

на

Меѓународниот ден на жената, кој традиционално се одбележува на 8 март, е ден кога се слават личните, професионалните, политичките и социјалните права и достигнувања на жените.

Во исто време, ова е ден кој ја слави родовата еднаквост и зајакнување на жените, а Mastercard со поддршка на агенцијата McCann Белград, реализираше акција која сите ги охрабри да покажат разбирање, поддршка и љубов.

Бидејќи за осми март вообичаено се подарува цвеќе, на улицата Кнез Михајлова во Белград, минувачите беа дочекани од голем цветен ѕид, кој во себе содржел дури 2.500 рози кои минувачите можеа да ги земат со себе и да ги израдуваат своите мајки, сопруги, сестри, колеги и пријателки. Секоја роза на себе содржела  брендирана Mastercard порака “За мене си непроценлива”, со цел дополнително да ги инспирира жените да бидат храбри и да ги следат своите соништа.

Mastercard цветниот ѕид е дел од познатата светска платформа Start Something Priceless (Започни нешто бесценето), која се роди од идејата дека искуствата се повредни од предметите, но и од потребата дека треба се повеќе да се обрне внимание на убавите работи што се случуваат околу нас, како и да самите да ги започнеме. Во рамките на оваа платформа, MasterCard ги поврзува луѓето со единствена можност, што покажува дека искуството е често поважно од материјалните работи и ги охрабрува уште денес да започнат нешто непроценливо.

Извор: Маркетинг365

Платежни картички

Со кредитните картички на Халкбанк бензинот е 5% поефтин!

Објавено

на

Нови изненадувања во рамки на Бонус програмата на Халкбанк АД Скопје.

Халкбанк започна со нова промотивна кампања, за бонус поени на бензинските станици во Македонија.

Со секоја трансакција направена со Халкбанк кредитна картичка на бензинските станици каде Халкбанк има поставено ПОС терминали, собирате 5% бонус поени.

Кампањата стартува на 06.04.2018 (петок) по 16:00 часот и трае до 08.04.2018, а ќе биде активна секој викенд во месец Април 2018.

Користете ги кредитните картички на Халкбак, патувајте, полнете гориво и собирајте бонус поени на бензинските станици каде има ПОС терминали на Халкбанк!

Листа на бензински станици

 

Продолжи со читање

Платежни картички

Бесконтактна Mastercard дебитна картичка со мирис на јагода!

Објавено

на

“Addiko banka” во своето портфолио на платежни картички воведе дебитна картичка Mastercard®, прва бесконтактна картичка во регионот која има препознатлив мирис.  (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

Онлајн промена на дневен лимит – нова функционалност на Visa платежните картички на ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

TTK Банка АД Скопје воведе нова функционалност кај VISA платежните картички со која корисниците имаат можност самостојно да го променат дневниот лимит за плаќања преку Интернет преку електронското банкарство или преку апликацијата за мобилно банкарство ТТК m-bank. Оваа новина овозможува поголема флексибилност, сигурност и заштита на плаќањата преку Интернет. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange