Connect with us

Форекс

Македонска Берза: Вкупниот промет на берзата во месец мај изнесувал 472.874.001 денари

Објавено

на

Македонска берза ги објави податоците од статистичкиот билтен кој се однесува за периодот од 01.05 – 31.05.2021 година, кога вкупниот промет изнесувал 472.874.001 денари, односно бележи намалување за 31,12% во однос на претходниот месец (април).

Класичното тргување изнесувало 391.653.595 денари и е намалено во однос на април за 26,14%. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 386.785.791 денари и обврзници во вредност од 4.867.804 денари.

Блок трансакциите во мај изнесувале 81.220.406 денари и се намалени за 48,04% во однос на април.

Бројот на трансакции во мај изнесувал 1.523 и е намален за 9,40% во однос на април кога изнесувал 1.681.

Најтргувани акции на официјалниот пазар според вредноста на прометот за мај се на Комерцијална банка АД Скопје, Алкалоид АД Скопје и Макпетрол АД Скопје, додека според количината на истргувани акции, апсолутен лидер е Макстил Скопје со 47.082 истргувани акции, по просечна цена по акција од 91,27 денари.

Од аспект на прометот на членките на Македонска берза, доминантна е Комерцијална банка АД Скопје, потоа следат Еурохаус АД Скопје и Илирика Инвестментс АД Скопје.

Месечниот статистички билтен за мај 2021 година можете да го погледнете тука.

Форекс

Факти за котираните компании на Македонска берза за 2020 година

Објавено

на

Публикацијата „Факти за котираните компании“ содржи податоци за најликвидните 20 котирани компании на Официјалниот пазар (Супер котација, Берзанска котација и Задолжителна котација), селектирани според прометот од редовно тргување во периодот 01.01.- 31.12.2020 година, како и збирен преглед за останатите котирани компании со кои се тргувало во 2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Цените на нафтата највисоки од март

Објавено

на

Цените на нафтата во Лондон скокнаа на највисоко ниво од март – на 71 американски долари, поради зголемените очекувања за зголемена побарувачка на гориво за време на сезоната на летни патувања во САД. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Ивана Гажиќ нов член во Одборот на директори на Македонска берза

Објавено

на

Во согласност со член 166-б од Законот за хартии од вредност, Македонска берза известува дека поради комплетирање на составот на Одборот на директори, на 28.05.2021 година, Собранието на акционери на Берзата донесе Одлука за избор на неизвршен член на Одборот на директори на Берзата, согласно која за неизвршен член на Одборот е именувана г-ѓа Ивана Гажиќ. (more…)

Продолжи со читање


Популарно