Connect with us

Домашни банки

Маја Аврамоска и Александар Најдевски најдобри банкарски службеници на УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

Традиционално, по повод Светскиот ден на штедењето, на 29-ти октомври, Македонската банкарска асоцијација во соработка со Фондот за осигурување на депозити, Министерството за финансии и НБРСМ, одржа свечена седница на која се доделија признанија на 33 најдобри банкарски службеници избрани од банките и штедилниците, членки на Асоцијацијата.

Оваа година УНИБанка АД Скопје признанието за успешно работење и професионални достигнувања им го додели на Маја Аврамоска – референт на фронт во експозитура Кичево и Александар Најдевски – референт на на благајна во експозитура Ѓорче Петров.

Честитки и многу успех во понатамошното работење!

Домашни банки

НЛБ Банка воведува Зелени кредити за проекти кои штедат енергија и ја заштитуваат животната средина

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) воведува наменски кредити за енергетска ефикасност, односно Зелена кредитна линија составена од два продукта во вкупна вредност од два (2) милиони евра од Програмата за финансирање на зелена економија (GEFF), и тоа: Зелен потрошувачки кредит на износ до 25.000 евра и Зелен хипотекарен кредит на износ до 50.000 евра. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Брзо и сигурно плаќање со HalkPay, Вашиот мобилен паричник

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје со задоволство ги информира своите почитувани клиенти дека отсега HalkPay е достапен и со Visa картичките на Халкбанк. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје: Известување за неработен ден – 24.05.2022 (вторник)

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека по повод престојниот државен празник „Св. Кирил и Методиј“, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 24.05.2022 (вторник). (more…)

Продолжи со читање


Популарно