Connect with us

Останато

Macedonian Honey европски победник на StartUp Europe Awards за 2017

Објавено

на

Компанијата Macedonian Honey е Европски победник во категоријата Клима  (климатски промени) на  StartUp Europe Awards за 2017 година.

Достигнувањето на компанијата денеска ќе биде соопштени пред јавноста на прес-конференцијата, на која како што е најавено ќе говорат  министерот министер без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, Зоран Шапуриќ, директорот на Finnova (организатори на StartUp Europe Awards) Хуан Мануел Равуелта Перез и  Луиџи А. ДелАквила, раководител на Одделот за европски фондови на Европската академија на региони.

Macedonian Honey е формирана со идеја дека мора да има подобра иднина за пчелата, биодиверзитетот и природата.

– Во ова време на климатски промени, исчезнувањето на пчелите, намалувањето на биодиверзитетот, ние сме исправени пред одговорна задача да превземеме нешто. Опрашувањето, биодиверзитетот и човековата благосостојба се тесно поврзани, затоа сите ние сме вклучени без разлика дали сме бизнисмени, фармери, научници, индустријалци, политичари или едноставно – луѓе, велат од компанијата.

Резултат на работата на Macedonian Honey е спречување на изумирање на пчелите, зголемување на популацијата на диви пчели во природата, заштита на биодиверзитетот, и намалување на ефектот на климатските промени врз човековото живеење.

– Затоа создадовме нова иновативна кошница која е прилагодена на природните потреби на пчелата и воедно ја олеснува работата на пчеларот. Пчелите одгледани во Elle-Hive  стануваат посилни и нивниот генетски материјал им овозможува на идните генерации пчели полесно да се справат со предаторите и климатските промени, додаваат од компанијата.

Кошниците се поставени на планинскиот масив Бистра-Стогово во југозападна Македонија, близу градовите Дебар и Кичево, на 100 километри воздушна линија од Јадранското море, каде природата е полна со богата вегетација и медоносни лековити билки како жалфија, нане, маточина, планински чај.

Macedonian Honey ја формираше и платформата International Bee-Station, која претставува место каде поединци, фирми, меѓународни организации, амбасади и други оганизации, ќе се сретнат и заедно ќе придонесат за заштита на природата.

Останато

Студентите и младите инженери ќе го подобруваат образованието

Објавено

на

Бордот на Европски студенти на технологија (БЕСТ) Скопје и Асоцијацијата на здруженија на инженери – Инженерска институција на Македонија потпишаа Меморандум за соработка. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Во Русија има се повеќе милијардери

Објавено

на

Во Русија во 2018 година бројот на милијардери е зголемен за пет од лани и сега има 74 според годишниот извештај на банката Кредит Суис. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Комисијата за хартии од вредност во работна посета на Комисијата за хартии од вредност на Словенија

Објавено

на

Претставници на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија заедно со Комисионерката Лиле Делиџакова на 11 октомври, 2018 година беа во работна посета на Агенцијата за пазар на хартии од вредност на  Република Словенија во Љубљана.

Директорот на Агенцијата за пазар на хартии од вредност Г-дин Милош Час  имаше воведно обраќање во кое ги отслика пазарните движења и состојби во Словенија и изрази подготвеност со сите ресурси да и помогне и да ја поддржи  Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија при нејзиниот информатичко-технолошки  развој и унапредување на капацитетите.

Потоа, беа реализирани неколку работни сесии со Стручните лица кои го изработиле нивниот Информатички систем за известување и обработка на податоци, преку кој овластените учесници на пазарот ги доставуваат своите финансиски и нефинансиски известувања, кои потоа на соодветен начин и во специфичен формат се обработуваат за потребите на регулаторот.

Овој  систем  содржи компонента за размена на информации и податоци поврзани со трговски трансакции кои се случуваат на пазарите на капитал на сите држави членки на ЕСМА.

Ваквата работна посета која  претставува уште еден  чекор за зајакнување на односите меѓу двете институции  беше договорена уште при првата средба на Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија М-р Нора Алити  со нејзинот словенечки колега  Г-дин Милош Час која што  се реализираше  на 27 јуни, 2018 година во Љубљана.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange