Connect with us

Странски банки

Lloyds по Brexit ќе работи со три подружници во ЕУ

Објавено

на

Lloyds Banking Group, британска финансиска институција со традиција повеќе од четири века, планира да ја напушти Британија по три години во ЕУ да работи со три подружници во континентална Европа, извор го наведува ,,Reuters”.

За сега, сигурно е дека една од трите подружници ќе биде во Франкфурт.

Операциите на компанијата на европскиот континент генерираат 11 % од премиите за осигурување.

И некои други финансиски институции, исто така, планираат да го пренесат својот бизнис во Европа. Неколку инвестициски банки, вклучувајќи ги и Банката на Америка, Баркли и Морган Стенли, размислуваат да пренесат персонал во Даблин.

Градовите како Франкфурт, Мадрид и Амстердам можат исто така да имаат корист од разни преселувања.

Странски банки

Турција ги ограничува кредитите и плаќањата со кредитни картички

Објавено

на

Турција воведе нови регулативни мерки со коишто ќе се ограничат купувањата со кредитни картички и заемите во земјата. Според нив рокот за плаќање на рати, на купени стоки и услуги со кредитни картички, не смее да надмине 12 месеци.

За плаќање на електронски апарати рокот се ограничува на три месеци, за компјутери, патувања, логистика и сместување рокот ќе биде шест месеци, додека за здравство, социјални услуги и даноци рокот за исплата на рати со кредитна картичка ќе биде девет месеци.

Според воведените регулативи, купувања на телекомуникациски услуги, алкохол, козметика, храна, гориво, накит, канцелариска опрема, подароци и трошоци во странство нема да можат да се поделат на рати.

Кредитите за возила се ограничуваат на 48 месеци, потрошувачките кредити на 36 месеци, додека заемите за компјутери и мобилни телефони на 6 месеци.

Новите регулативи стапуваат на сила на први септември и ќе бидат спроведени од страна на турската Агенција за регулатива и надзор на банките (BDDK). Нивната цел ќе биде да се поттикне рационално трошење на парите и заемите.

Продолжи со читање

Странски банки

Санкциите на САД врз руските банки ќе значат „економска војна“

Објавено

на

Рускиот премиер Дмитриј Медведев изјави дека Москва ќе смета „објава на економска војна“ и оти ќе се „одмазди“ економски, политички или ако е потребно и со други средства, доколку САД наметнат санкции за руските банки или забрана на нивна употреба на одредена валута.

Денешниот говор на Медведев доаѓа откако САД објавија нова рунда на санкции, а американските законодавци предложија дополнителни мерки, вклучително ограничување на работењето на неколку државни руски банки и нивна употреба на американскиот долар.

„Не сакам да ги коментирам разговорите за други санкции, но можам да кажам една работа: нешто како забрана на работењето на банките или на една или друга валута, ќе биде можно целосно да се нарече објава на економска војна, рече Медведев за време на неговата посета на полуостровот Камчатка на рускиот Далечен Исток додавајќи:

„И би било неопходно на оваа војна да се реагира економски, политички или ако е потребно, со други средства. И нашите американски пријатели треба да го разберат ова“, рече Медведев.

Продолжи со читање

Странски банки

Лошата економија на Турција е закана за европските банки

Објавено

на

Од почетокот на годинава турската лира загуби околу една третина од вредноста во однос на американскиот долар и еврото. Инфлацијата во Турција се искачи на 15%, а економскиот пораст во меѓувреме е под нивото коешто беше досега вообичаено.

И Европската централна банка (ЕЦБ) сега го набљудува драстичниот пад на турската валута. ЕЦБ ја анализира поврзаноста на европските банки со Турција. Дали се заканува заразата да премине и на европскиот банкарски систем?

Надзорните органи на ЕЦБ сѐ уште не ја оценуваат ситуацијата како критична, напиша „Фајненшл тајмс“ денеска, повикувајќи се на неименувани лица запознати со надзорот. Сепак, големите банки ББВА од Шпанија, италијанската Уникредит и француската БНП Парибас се особено изложени на опасност. „Фајненшл тајмс“ информира дека надзорните органи на ЕЦБ ја набљудуваат ситуацијата веќе неколку месеци. Официјална изјава од ЕЦБ за ваквите информации на весникот сѐ уште нема.

Досегашниот полет на Турција беше во голем дел финансиран од кредити. Стручњаците предупредуваат на опасноста од високо приватно задолжување во американски долари, зашто долговите поради падот на курсот на лирата на тој начин само се зголемуваат. Освен тоа, Турција е упатена на постојано влевање на странски капитал со што го финансира својот увоз.

Со оглед на високата инфлација од, официјално, 15% економистите препорачуваат зголемување на основната каматна стапка од страна на Централната банка. Но, претседателот Ердоган тоа го спречува. Тој лично се нарече „противник на каматите“ и најави уште поголема контрола над монетарната политика.

Ердоган сака банките и натаму да даваат евтини ркедити, за да го поттикнуваат економскиот пораст, но инвеститорите стравуваат дека може да дојде до „прегревање“. Турските претпријатија имаат кредити во висина од речиси една третина од турскиот брутодомашен производ.

Опасностите за еврозоната се додуша ограничени, но банки од три земји од еврозоната имаат поголеми побарувања од Туција, оценуваат експертите. Според Беренберг-банката, Шпанија има побарувања од 81 милијарда евра, Франција од 35 милијарди, а Италија од 19 милијарди евра.

Турскиот економист Коркут Боратав е на мислење дека финансиска криза може да се избегне само со програма за помош од ММФ. Во 2001 година земјата доби кредит од 10 милијарди американски долари и мораше да спроведе програма за санација. „ММФ тогаш успеа да ја натера турската држава да ги обезбеди долговите на приватниот сектор“, вели Боратав и додава: „Ако Турција побара помош од ММФ и ги подржави долговите, тоа ќе биде спас и за европските банки.“

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange