Connect with us

Домашни банки

Комерцијална банка со силно темпо ја започна 2022, оствари добивка од 8,5 милиони евра за само три месеци

Објавено

на

Согласно финансиските резултати на Комерцијална банка, објавени официјално на веб страната на Македонска берза евидентно е дека банката подобрила неколку сегменти од своето работење, притоа зголемувајќи го нивото на добивка во првите три месеци годинава за 45% во однос на истиот период лани.

Во периодот од 01.01-31.03.2022 година Банката од своето работење оствари позитивен финансиски резултат во износ од 522,6 милиони денари наспроти остварениот позитивен финансиски резултат во истиот период минатата година во износ од 360,2 милиони денари што претставува зголемување за 45,1%. Планираната бруто-добивка за првиот квартал од годинава е остварена со 89%. Притоа, остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето, е за 1,1% поголема во однос на истиот период минатата година. Зголемувањето на добивката пред исправка на вредност главно произлегува од зголемувањето на приходите од редовно работење (нето-приходите од камата и нето-приходите од провизии и надомести). Позитивниот резултат од работењето Банката го оствари во услови на сеуште присутни ризици поврзани со идниот тек на пандемијата, зголемена инфлација која на почетокот од годината ги надминува проекциите, енергетска криза и воен конфликт помеѓу Русија и Украина, кои се очекува да имаат изразено неповолни ефекти врз глобалната економија.

Вкупните приходи од работењето изнесуваат 1.124 милиони денари и бележат зголемување од 6,7% во однос на истиот период од минатата година.

Нето-приходите од камата претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето и на 31.03.2022 година истите бележат зголемување од 9,6% во однос на истиот период од минатата година главно како резултат на зголемувањето на приходите од камата од кредити дадени на нефинансиски друштва, држава и домаќинства, како резултат на зголемено кредитирање. Планот за анализираниот период е остварен со 97,6%.

Нето приходите од провизии и надоместоци на 31.03.2022 година изнесуваат 250,8 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година бележат зголемување од 4%. Планот за анализираниот период е остварен со 99,4%.

Нето приходите од курсни разлики на 31.03.2022 година изнесуваат 57,3 милиони денари и бележат зголемување од 36,9%. Планот за анализираниот период е остварен со 136,4%.
Останатите приходи од работењето на Банката на 31.03.2022 година изнесуваат 186,9 милиони денари и бележат намалување од 0,4% во најголем дел како резултат на помалиот износ на реализирани приходи од капитална добивка од продажба на преземен имот, додека приходите од наплатените претходно отпишани побарувања се зголемени. Планот е остварен со 66,1%.

Оперативните расходи за периодот 01.01-31.03.2022 година изнесуваат 471,5 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 15,6% како резултат на зголемен износ на плати и други трошоци на вработените поради зголемување на вредноста на бодот за 5% од почетокот на годината, зголемена амортизација, премии за осигурување на депозитите и донации во спортот по принцип на ваучери и др. Планот е остварен со 100,6%.

Во периодот од 01.01-31.03.2022 година Банката прокнижи загуба поради оштетување на нефинансиските средства на нето основа во износ од 1,1 милион денари.

Во извештајниот период Банката прокнижи исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансни изложености на нето основа во износ од 128,8 милиони денари, наспроти 283,7 милиони денари во истиот период минатата година.

Вкупната актива на Банката на 31.03.2022 година достигна износ од 147.444,2 милиони денари и во однос на декември 2021 година бележи намалување од 0,7%. Намалувањето на вкупната актива во најголем дел се должи на намалувањето на паричните средства. Планот е остварен со 98,5%.

Паричните средства и паричните еквиваленти бележат намалување од 9,6%, главно заради намалената состојба на  пласираните депозити преку ноќ во НБРСМ. Планот е остварен со 89,6%.

Средствата за тргување бележат намалување за 4,6% по основ на усогласување на пазарната вредност на акциите и како резултат на поголем износ на продадени од купени акции во извештајниот период.

Финансиски средства по објективна вредност преку билансот на успех определени како такви при почетното признавање во износ од 351,5 милиони денари се состојат од вложувања во удели во инвестициски фондови.

Кредитите на и побарувањата од банки бележат зголемување од 12%, кое се должи главно на одобрени кредити за ликвидност на домашни банки. Планот е исполнет со 111,5%.

Кредитите на и побарувањата од други комитенти бележат зголемување од 5,4% како резултат на зголемено кредитирање на секторите нефинансиски друштва и домаќинства. Планот е остварен со 104,6%.

Вложувањата во хартии од вредност се зголемени за 3,7% главно како резултат на запишани државни записи во денари и со валутна клаузула, како и македонски еврообврзници. Планот е остварен со 103,0%.   Преземените средства врз основа на ненаплатени побарувања се намалени за 2,9% и имаат минимално учество во вкупната актива.

Вкупните депозити (депозити на комитенти и депозити на банки) достигнаа износ од 129.677,6 милиони денари и бележат намалување од 1,1% во најголем дел како резултат на одливите согласно потребите на енергетските компании и во помал дел по основ на повлекување средства од секторот домаќинства. Планот е остварен со 98,2%.

Обврските по кредити достигнаа износ од 689,9 милиони денари и се намалени во однос на декември 2021 година за 3,3%, како резултат на нето ефектот од нови повлекувања и отплатени доспеани рати од кредитните линии. Планот е остварен со 97,8%.

Акционерскиот капитал и резервите на Банката со состојба 31.03.2022 година достигнаа износ од 13.945,0 милиони денари и во нивната структура пораст од 7,3% бележат останатите резерви, додека задржаната добивка е намалена, согласно одлука за распределба на добивката за 2021 година, донесена од собранието на акционери на 30.03.2022 година.  Планот е реализиран со 105,3%.

Домашни банки

Известување од ТТК Банка за предвремена исплата на пензиите од денес (28-ми јуни 2022 година)

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека почнувајќи од денес (28-ми јуни 2022 година), започна со исплата на пензијата за месец јуни на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Финансиска помош од Комерцијална банка за организација на Светското првенство во шах за слепи во Охрид

Објавено

на

Во својата долгорочна мисија секогаш да им помогне и да излезе во пресрет на потребите на лицата со хендикеп, Комерцијална банка на свое големо задоволство финансиски ќе го помогне одржувањето на Светското првенство во шах за слепи и визуелно хендикепирани лица во Охрид. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк започна со предвремена исплата на јунските пензии

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти пензионери дека пензиите за месец јуни се веќе на нивните сметки од денес (28.06.2022 – вторник) и истите можат слободно да ги користат при пазарење со своите платежни картички, преку електронското банкарство или за подигање преку АТМ-ите без провизии. (more…)

Продолжи со читање


Популарно