Домашни банки
КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – банка на годината за 2021 година според читателите на “Банкарство”

Читателите на www.bankarstvo.mk и оваа година имаа можност да се изјаснат на анкета преку која гласа за БАНКА НА ГОДИНАТА во 2021 година.
Читателите имаа можност да го изразат своето мислење и гласаат за банка на годината според 7 (седум) различни критериуми:
- воведување на нови производи и услуги (иновативност во работењето)
- понуда на поволни каматни стапки и провизии
- квалитетна и професионална услуга кон клиентите
- достапност на филијали/експозитури и банкомати
- корисничка поддршка
- препознатливост на брендот
- социјална/општествена одговорност
На анкетата, која беше спроведена во периодот од 8 до 23 јануари 2022 година се изјаснија вкупно 22.659 читатели.
Согласно анкетата, следниве банки се победници по категории:
Најдобра банка од аспект на воведување нови производи и услуги кои придонесуваат кон иновативно работење:
– НЛБ БАНКА АД СКОПЈЕ (4.438 гласови)
Банка која нуди најповолни каматни стапки на кредити, депозити и провизии за банкарско работење:
– КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ (4.340 гласови)
Банка со најдобри вработени од аспект на квалитетна и професионална услуга кон клиентите:
– НЛБ БАНКА АД СКОПЈЕ (4.403 гласови)
Банка која има најголем број на филијали/експозитури и банкомати:
– НЛБ БАНКА АД СКОПЈЕ (4.837 гласови)
Банка со најдобра корисничка поддршка:
– НЛБ БАНКА АД СКОПЈЕ (4.655 гласови)
Најдобра банка според препознатливост на брендот:
– КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ (4.683 гласови)
Банка која е најмногу препознатлива по општествена и социјална одговорност:
– КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ (4.634 гласови)
БАНКА НА ГОДИНАТА – 2021 година, со најмногу освоени гласови во сите категории:
– КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ (31.507 гласови)
Интересен е податокот што во сите категории вкупно 3.612 гласови се изјасниле за опцијата “ниту една”, односно дека ниту една банка не ја заслужува нивната доверба во соодветната категорија.
Домашни банки
Комерцијална банка меѓу најдобрите иноватори во светот – Прогласена од Global Finance за Врвен иноватор во корисничко искуство за услугите преку OneID

Комерцијална банка влезе во друштвото на врвните финансиски иноватори во светот со воведувањето на услугата електронска идентификација преку OneID. Меѓународниот магазин Global Finance ѝ ја додели на Комерцијална банка угледната награда „Врвен иноватор во корисничко искуство за 2023 година за услугите преку OneID“, со што ја рангираше Банката меѓу Топ финансиските иноватори во светот. (more…)
Домашни банки
Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 2 јуни 2023 година

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 2 јуни (петок) 2023 година заради празнување на Духовден. (more…)
Домашни банки
Финансиска поддршка од Комерцијална банка за ново издание на турнирот во мал фудбал „Тоше Проески“

Меѓународниот турнир во мал фудбал „Тоше Проески“ во Крушево и годинава, со финансиска поддршка од Комерцијална банка, собра на едно место спортски екипи од повеќе држави во чест и спомен на музичката легенда. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје