Connect with us

Криптовалути

Кој му создава главоболки на Facebook за крипто валутата Libra?

Објавено

на

Facebook помпезно ја најави новата крипто валута Libra како еден поопширен сервис за онлајн трансакции и мобилни плаќања базирана на блокчејн технологија, но сега се соочува со многу „опасен“ противник кој ги нуди речиси истите сервиси и тоа многу подобри и поефиканси.

Станува збор за фин-тек крипто стартапот Celo кој само што ја лансираше својата отворена алатка за девелопери со Full Stack пристап, односно со целосна децентрализација на давањето простор за носење на одлуки на самите програмери како ќе го користат софтверскиот пакет и во кој правец и за која намена ќе го развијат. Овие алатки кои се поврзани со паричникот на Celo и ја користат платформата Celo треба да послужат за изградба на нови финансиски платформи и нови блокчејн финансиски апликации.

„Сметаме дека интересот на Facebook за овој простор е многу позитивен знак и треба да се поздрават сите напори да се стигне 1,7 милијарди возрасни корисници кои немаат банкарски сметки“, вели Ванеса Славич од Celo.

Крипто Давид против крипто Голијат

Додека Facebook е технолошки гигант со стотина милијарди зад себе, Celo е пркосен стартап кој неодамна доби поддршка од 30 милиони долари благодарение на инвестицијата на Polychain Capital, компанија за вложување на ризичен капитал која се занимава пред се со инвестиции во блокчејн стартапи.

Во услугите на Celo спаѓа посебна крипто-валута наречена Celo Dollar која ја следи вредноста на доларот, а е обезбедена и „физички“ нејзината вредност со дигитален залог. Исто така на корисниците им е достапен и токенот Celo Gold кој пак истиот принцип на создавање на платежна вредност ја врзува со цената на златото.

Според Celo, употребата на апликациите кај корисниците вклучуваат заемно кредитирање, микро заеми, микро осигурување, социјални плаќања и апликации за заштеда кои можат да се градат со цел создавање отворен и инклузивен финансиски систем.
Celo веќе работи на развој на апликации за мобилни паричници на Android и iPhone платформите, а се надева дека фидбекот на корисниците ќе им биде од голема помош. Во меѓувреме Facebook се соочува со надзор од регулаторните тела низ Европа и други делови од светот па прашање е колку Libra ќе успее брзо да го освои пазарот, што остава простор за играчи како Celo.

Криптовалути

Централните банки ги испитуваат ефектите од можно воведување на дигитални валути

Објавено

на

Најголемите светски централни банки се здружија со цел да истражат дали е неопходно да се издадат криптовалути. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Како банкарската крипто револуција ќе дојде од Швајцарија?

Објавено

на

Швајцарија која важи за една од најдобрите држави за чување и управување со личното богатство се повеќе ќе се насочува кон употреба на криптовалута како нов и модерен начин за задржување на приватноста на корисникот.

Водејќи се од таа помисла новата банка SEBA Bank AG до седиште во Цирих и глобални лиценци ги истакна своите амбиции за употреба на криптовалутите.

Една од главните услуги на SEBA Bank AG е издавањето на дебитна картичка која благодарение на напреден софтвер може да прави плаќања и во традиционални валути и во модерни како биткоин и инстантно да ја направи конверзијата.

Со истата картичка на SEBA покрај мобилни плаќања и трансфери може да се прават трансакции за тргување на повеќе криптоберзи на кои се менуваат вредностите на различни финансиски продукти и криптодеривати.

Визијата на основачот Гидо Булер ја споделуваат и голем број на ангел инвеститори бидејќи досега неговата банка има собрано 100 милиони франци финансирање за само 2 месеци.

Швајцарија се повеќе развива позитивна крипто клима. Falcon Group во изминатите три години веќе овозможува управување со биткоин средства за корисниците.

Швајцарскиот стартап Bitcoin Suisse  исто така аплицираше за глобална лиценца во Швајцарија со што ќе може да работи од комерцијално банкарство, до чување на валути и понуда на крипто услуги.

Предностите на крипто банките кои се во самиот зачеток е брзината на отворање на сметка, издавање на дебитна картичка и бројни бенефиции во делот на приватноста и ефикасноста во тргувањето со криптодеривати.

Според Булер овие предности се повеќе ќе ги привлекуваат инвеститорите кои сакаат да го избегнат физичкиот ризик од располагање со криптовалутите, нивно чување и управување.

Визијата на швајцарските крипто банкари е нивните услуги да се пренесат и кон генералното население со поголемата употреба на криптовалутите, наместо како сега на помала група на инвеститори и иноватори.

Продолжи со читање

Криптовалути

Биткоинот е непроценлив како валута

Објавено

на

Вреднувањето на биткоинот дека претставува криптовалута која е непроценлива е многу важен атрибут, особено во земји како Аргентина и други каде во моментов расте интересот за признавање и воведување на криптовалутите како платежно средство. (more…)

Продолжи со читање

Популарно