Останато
Koj e најбогатиот човек во светот?


Најбогатиот Французин, сопственикот и директор на компанијата LVMH, Бернар Арно, го претекна Џеф Безос, основач на Amazon, и стана најбогатиот човек на светот според „real time“ листата на „Forbеs“.
Имотот на Арно сега се проценува на 117 милијарди долари, откако акциите на неговиот конгломерат LVMH, кој се занимава со производство на луксузна стока, во петокот пораснаа за 1,66%, што го доведе до првото место на листата на „Forbеs” која се ажурира во „реално време”.
Од друга страна, „Amazon” во последната трговска сесија во петокот изгуби 0,7% од вредноста, што доведе до тоа Безос да падне на второ место со богатство од 115,6 милијарди долари.
Основачот на Microsoft, Бил Гејтс, остана на трето место со богатство од 110,6 милијарди долари.
Од „Forbеs” истакнуваат дека Гејтс и понатаму би бил на прво место на листата на најбогатите луѓе во светот да не донирал 35,8 милијарди долари во добротворни цели, но тој и понатаму продолжува да го прави тоа.
Останато
Од 28-ми започнува етапната исплата на јунските пензии


Владата на Република Северна Македонија на последната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни. (more…)
Останато
Инфлацијата во Велика Британија највисока во последните 40 години


Инфлацијата во Велика Британија се зголеми на 9,1 проценти на годишно ниво во мај, што е највисоко во изминатите 40 години, покажува извештајот објавен од Националната канцеларија за статистика на Обединетото Кралство. (more…)
Останато
Економиите на САД и ЕУ во пад, расте ризикот од глобална рецесија


Економиите на САД и на Европската Унија покажуваат значаен пад во јуни, како резултат на порастот на цените за храната, цените на енергенсите и намалената побарувачка на останатите производи и услуги. Со тоа се зголемува ризикот за глобална рецесија. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје