Connect with us

Осигурување

Климе Попоски е назначен за претседател на Управниот одбор на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје

Објавено

на

За претседател на Управниот одбор на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје, е назначен Климе Попоски. На предлог на Надзорниот одбор на Vienna Insurance Group (ВИГ) од Виена, Австрија, и по добиена согласност од Агенцијата за супервизија на осигурување, г. Попоски ја презеде функцијата генерален директор, од 15-ти ноември, 2022 година.

Професионалната кариера на новиот претседател на управата е поврзана со осигурителниот сектор и тоа како универзитетски професор, истражувач и прв Претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, функција која ја обавуваше во два мандати во периодот 2009/2019 година. Има објавено голем број на научни и стручни трудови во реномирани научни списанија и предавач на признати Универзитети како што се: Katie School of Insurance & Risk Management, College of Business, Illinois State University, The Dr. William T. Hold/The National Alliance Program за Risk Management and Insurance на Florida State University, St. John’s University, School of Risk Management,  во New York, Center for Scientific Interdisciplinary Risk and Sustainability Management  при Ostfalia University of Applied Sciences, , International Center for Insurance Regulation, Goethe University, Frankfurt, Humboldt-Universität zu Berlin, Faculty of Economics and Business Administration.

Пред да биде избран за новата функција, Климе Попоски ја обавуваше функцијата член на Надзорен одбор на Винер во периодот ноември 2020/2021 год , а од ноември 2021 беше Советник за стратешки прашања. Попоски е член на Собранието при Стопанската Комора, почесен член на Македонското здружение на актуари, како и на меѓународното здружение на Actuaires du Monde. Од посебно значење е инволвираноста во Asia-Pacific Risk and Insurance Association како член на Бордот на гувернери, како и иницијатор и еден од основачите на новоформираната Eastern Europe Risk Insurance Association.

ВИГ (Vienna Insurance Group) е водечка осигурителна групација во Централна и Источна Европа, со присуство во 30 земји и поседува преку 50 друштва за осигурување. Наша цел е да бидеме првиот избор за нашите клиенти. Нашите осигуреници гледаат на нас како стабилен и доверлив партнер. Ние им овозможуваме на клиентите да живеат побезбеден и подобар живот. Оваа визија ни овозможува да ги испорачаме нашите ветувања и да придонесиме за нашата позиција како една од водечките компании на македонскиот осигурителен пазар“ – изјави Попоски.

Главни приоритети во неговиот мандат ќе бидат: обезбедување осигурителни решенија за сите потреби на клиентите и со квалитетен и чесен деловен однос да се формира база на лојални корисници и на тој начин да се достигне лидерска позиција на осигурителниот пазар. Деловниот модел на компанијата ќе се заснова на мотивирани и високо профилирани стручни лица, дигитализација на деловните процеси, силна капитална база, понуда на нови иновативни производи и посветеност кон корпоративна општествена одговорност.

Осигурување

Вложувањата во осигурување пораснаа 19%, надминаа 48 милиони евра за три месеци

Објавено

на

Приватното здравствено осигурување и понатаму е најпопуларно доброволно осигурување со раст на продажбата од 63 отсто. Вложувањата во осигурување имот достигнаа 10 милиони евра за три месеци, а солидни растови има кај патничкото осигурување и кај каско осигурувањето на моторни возила. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Над 305.000 граѓани имаат животно осигурување, вложиле 37 милиони евра

Објавено

на

Вложувањата во осигурување живот пораснале за 14 отсто во 2022 година, а најголемо учество во нив имаат инвестициите во животно осигурување со штедна компонента кои изнесуваат 20,1 милиони евра. Истовремено вкупните исплати на осигурителите кон осигурениците пораснале за 18,5 отсто, изнесуваат 14,5 милиони евра и вклучуваат: доживување, прекин на осигурување или смрт на осигуреник. Петте друштва за осигурување живот се солидно капитализирани и минатата година ја завршија со вкупна актива вредна 187 милиони евра. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Триглав Осигурување Живот и Комерцијална банка со уникатна можност за обезбедување на корисниците на кредит при несакани животни ситуации

Објавено

на

Секој од нас има желби и соништа и тежнее кон тоа да си дозволи убави нешта за себе и за најблиските. Но, можеби овој момент не е најповолен за остварување на замислите или, пак, сме скептични да направиме нешто повеќе, стравувајќи за личната и иднината на своето семејство. (more…)

Продолжи со читање

Популарно