Connect with us

Странски банки

“KBC Bank” е првата банка во Ирска која нуди опција за проверка на салдото на сметки во конкурентски банки

Објавено

на

“KBC Bank” работи повеќе од 40 година во Ирска и е дел од KBC групацијата, една од најпрепознатливите банкарски групации во Европа.

Банката неодамна воведе нова, иновативна услуга на пазарот нудејќи можност на клиентите за пристап до нивните трансакциски сметки во AIB или Bank of Ireland преку апликацијата на “KBC Bank”. Во оваа пригода директорот на KBC Ирска за трансформација и иновации, Келвин Гилен, изјави: “Новиот производ е прва фаза од мулти-банкарскиот пристап на банката и вооедно голем чекор на нашето патување кон постигнување на таа цел“.

Пример за “Multibanking” – додавање на сметки од друга банка во апликацијата

“KBC Bank” е првата и остана единствена дигитална банка која нуди дигитален паричник (mWallet) од четири технолошки компании – Apple Pay, Google Pay, Fitbit Pay и Garmin Pay.

Базирано на новата Европска Директива за платежни услуги банките се обврзани да се отворат спрема трети лица и да ги стават на располагање податоците за клиентите на барање и со согласност од самиот клиент, што ја прави оваа услуга возможна да се понуди на пазарот на финансиски сервиси.

Центарот за иновации на Банката во Даблин е местото каде што KBC групацијата ги тестира дигитални решенија кои ќе бидат спроведени на сите европски пазари. Високиот процент на млада популација во земјата, брзорастечката дигитална економија и високата стапка на корисници на мобилни телефони го прави овој центар идеален за креирање и успешно
пласирање на вакви иновативни решенија на пазарите во Европа.

Во првите девет месеци од 2018 година, бројот на клиенти на KBC пораснал за 278.000 нови клиенти.

Странски банки

JP Morgan Chase е доминантна банка на пазарот на благородни метали

Објавено

на

Во текот на 2020 година, „JP Morgan Chase” имаше рекордни приходи од трговијата со скапоцени метали, околу една милијарда долари и далеку ги надмина своите ривали. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

#EdgarsChristmas (Божиќот на Едгар): Посебна божиќна реклама за оваа невообичаена година

Објавено

на

Веќе трета година по ред, Групацијата Ерсте подготви анимирана реклама посебно наменета за божиќните празници, што несомнено ќе Ви го привлече вниманието со својата креативност. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Светска банка обезбеди 12 милијарди долари за борба против Ковид-19

Објавено

на

Светската банка издвои 12 милијарди долари за набавка и дистрибуција на вакцина против коронавирусот, како и за тестови и лекови за борба против ковид-19, рече претседателот на Светска банка Дејвид Малпас на состанокот на министрите за финансии на Г20 и централните банки во петокот. (more…)

Продолжи со читање

Популарно