Домашни банки
Комерцијална банка се приклучи на кредитно-гарантната шема на Развојната банка вредна 15 милиони евра


Комерцијална банка АД Скопје потпиша договор за издавање портфолио гаранција од Гарантниот фонд на Развојната банка на Република Северна Македонија, со што се приклучи на кредитно–гарантната шема со која се ставаат на располагање 15 милиони евра во гаранции кон банките и штедилниците заподдршка на кредитирањето на микро, мали и средни компании.
Во рамките на оваа портфолио гаранција од Гарантниот фонд, Комерцијална банка може да вклучува кредити дадени на микро, мали и средни компании до максимален износ од 30.750.000 денари и со рок на враќање до осум години, а кои се наменети за основни и обртни средства.
Со учество во оваа кредитно–гарантна шема, Комерцијална банка продолжува да биде сигурен партнер на стопанството со зголемена понуда на кредити за основни и обртни средства и со овозможување уште поповолни услови за финансирање на тековните и инвестициските активности на микро, малите и средните компании со цел да го поддржи нивниот раст и континуираниот развој на целокупната економија во земјата.
Домашни банки
Се појави лажна Facebook страница под името на Шпаркасе Банка
Домашни банки
“Social Friday” во организација на Синдикатот на финансиски организации на Македонија


Колегите од синдикалните организации на Халкбанк АД Скопје, Комерцијална Банка АД Скопје , Шпаркасе Банка , Стопанска Банка а.д. Скопје, Стопнаска Банка АД Битола, Агенција за Супервизија на Осигурувањата, Фулм и Силк Роад Банка решија да направат позитивни промени и заедно да придонесат кон подобрување на општеството. (more…)
Домашни банки
Извлечени среќните добитници во големата наградна игра „НЛБ за млади“


НЛБ Банка ги извлече среќните добитници во големата наградна игра за станбени кредити „НЛБ за млади“. Педесет (50) клиенти, на возраст до 40 години, на кои во периодот од 1 март до 31 мај годинава им се одобри станбен кредит од НЛБ Банка се среќни добитници на парична награда на износ од 20.000 денари. Средствата ќе бидат уплатени на сметката на одобрениот НЛБ Станбен кредит за кој добитникот на наградата аплицирал во промотивниот период. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје