Connect with us

Останато

KХВ на заедничка маса со берзанската индустрија

Објавено

на

Претседателката на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија М-р Нора Алити заедно со четворицата Комисиoнери организираа работна средба со брокерската и со фондовска индустрија. Оваа средба беше платформа за размена на ставови помеѓу  Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија  како регулатор на пазарот на капитал и првите луѓе на Македонската берза АД Скопје , Центалниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје , овластените банки, брокерските куќи и друштвата за управување со инвестициски фондови за тоа како Република Македонија да има стабилен, регулиран, ефикасен и високо развиен пазар на хартии од вредност, согласно релевантните ЕУ директиви.  Фокусот беше ставен на приоритетите и целите за раст и развој на македонскиот пазар за хартии од вредност, на кои заеднички во наредниот период ќе треба сите повикани субјекти да  преземаат активности и да работат на нивната имплементација.

Се дискутираше за основните фактори и пречки за унапредување и развој на примарниот и на секундарниот пазар на хартии од вредност, за мерките и активностите кои треба да бидат преземени од Комисијата за хартии од вредност на РМ за да се унапреди работењето на Друштвата за управување со инвестициски фондови  и за тоа дали одредена регулатива или нејзин дел, која е во надлежност на Комисијата претставува проблем или пречка во остварување на  полниот капацитет на предметот на работењето ДУИФ.

Беа отворени и актуелни прашања поврзани со системските предизвици, со престојната нова законска регулатива и супервизијата на пазарот на капитал, како и прашања кои произлегуваат од  натамошните чекори во однос на процесот на европската интеграција на Република  Македонија.

 

Останато

Од почеток на 2019 година државните обврзници ќе се тргуваат на Македонска берза

Објавено

на

Државните хартии од вредност од почетокот на 2019 година ќе котираат на Македонска берза. Денеска министерот за финансии Драган Тевдовски и директорот на Македонска берза Иван Штериев, потпишаа договор за котација на државните обврзници. Со ова државните хартии од вредност ќе станат достапни за поголем број на инвеститори, како домашни, така и странски. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Google Pay штотуку стана полесен за употреба!

Објавено

на

Последната верзија на Google Pay ги прави мобилните плаќања од Android многу слични на оние на нивниот најголем ривал, Apple Pay.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Избрани претприемачите за 2018 година

Објавено

на

Ваљон Купа од „Евита груп“ – Дебар и Филип Ристевски од „Пиксел“ – Скопје во категоријата мали претпријатија, како и Сашко Андонов од „Течко нет“ – Кочани и Александар Билјаноски од „Мое студио Дадар“ – Скопје во категоријата микро претпријатија, се добитници на наградите „Претприемач на годината 2018“.

(more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange