Connect with us

Компании

Kонгломератот на Ворен Бафет загуби 43,8 милијарди долари за три месеци

Објавено

на

Падот на цените на американските акции ги наруши резултатите на „Berkshire Hathaway Inc” во вториот квартал, бидејќи конгломератот предводен од милијардерот Ворен Бафет објави загуба од 43,8 милијарди долари.

„Berkshire Hathaway Inc” сепак забележа околу 9,3 милијарди долари оперативен профит, бидејќи добивките од реосигурителната и железничката компанија „BNFC” ги надоместија новите загуби кај осигурителот на автомобили „Genco” бидејќи недостигот на делови и повисоките цени на користени автомобили ја зголемија побарувачката за осигурување.

Зголемените каматни стапки и исплатите на дивиденди им помогнаа на осигурителните компании да генерираат повеќе готовина од инвестициите, додека посилниот американски долар го зголеми профитот од европските и јапонските должнички инвестиции.

И покрај огромната нето-загуба, „резултатите ја покажуваат издржливоста на „Berkshire Hathaway Inc”“, велат аналитичарите, бидејќи на компаниите им оди добро и покрај повисоките каматни стапки, инфлаторните притисоци и геополитичките случувања. Аналитичарите посочуваат дека имаат доверба во компанијата на Бафет во случај на рецесија.

„Berkshire Hathaway Inc”, исто така, го забави откупот на акции, вклучително и сопствената, иако имаше повеќе од 105 милијарди долари во готовина што можеше да ги искористи. Инвеститорите внимателно ја следат „Berkshire Hathaway Inc” поради репутацијата на Бафет дека ги одразува пошироките економски трендови.

„Berkshire Hathaway Inc” ги врати сопствените акции во вредност од една милијарда долари, што е за 3,2 милијарди долари помалку отколку во првиот квартал. Вкупните набавки на акции паднаа од 51,1 милијарди долари во првиот квартал на 6,15 милијарди долари. Во првиот квартал „Berkshire Hathaway Inc” се стекна со акции во големите нафтени компании „Chevron Corp.” и „Occidental Petroleum Corp”, додека во вториот квартал немаше слични инвестиции.

Во својот квартален извештај, „Berkshire Hathaway Inc” наведе дека сè уште има значителни нарушувања во синџирите на снабдување и повисоки трошоци, поради новите варијанти на Ковид-19 и поради геополитичките тензии, вклучително и војната во Украина.

Компании

Зголемени платите на вработените во КАМ за 25% во споредба со лани

Објавено

на

КАМ доследно ја имплементира својата стратегија на континуирано вложување во вработените, а како резултат на тоа бележи раст на платите на своите вработени за 25 отсто во споредба со септември минатата година. Последното зголемување се однесува на вработените во администрација каде просечната исплатена месечна нето плата изнесува 53.000 денари. (more…)

Продолжи со читање

Компании

АЕТМ објавува нов Jавен повик за зајакнување на дигиталните вештини и отварање нови е-продавници: „Дигитално подготвени за е-трговија“

Објавено

на

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – AETM, во рамки на проектот „Дигитално подготвени за Е-Трговија” објавува Јавен повик за учество на заинтересирани компании во програмата за поддршка на микро, мали и средни претпријатија и регистрирани индувидуални производители кои доаѓаат од следниве три сектори: (more…)

Продолжи со читање

Компании

ЕОС Матрикс: Зголемени инвестициите во откуп на побарувања во корпоративниот сектор

Објавено

на

Инвестициите во откуп на побарувања од корпоративниот сектор на ЕОС Матрикс се зголемија повеќе од двојно, споредено со претходниот период. Само во последната година компанијата инвестираше нешто околу 1 милион евра во побарувања од овој тип. (more…)

Продолжи со читање

Популарно