Форекс
Kолапс на акциите на Македонска берза, еврото со вредност од 61.6942 денари

Последниве неколку недели ситуацијата на Македонската берза е поинтересна од кога било претходно. Доказ за тоа се енормните флуктуации на вредноста на акциите на најголемите македонски компании кои котираат на берзата.
Исто како што е времето, крајно променливо и непредвидливо, такво е и движењето на МБИ10 индексот на Македонска берза. По неколкудневниот раст и позитивните вибрации, акциите доживејаа нов колапс во текот на вчерашниот последен ден за тргување на берзата.
Единствено акциите на Охридска банка АД Скопје забележаа пораст на својата вредност од 3,00 проценти, а минимален раст на вредноста забележаа и акциите на Тетекс АД Тетово од 0,05 проценти. На сите останати акции им се намали вредноста.
Најпогодени од падот на МБИ10 берзанскиот индекс беа акциите на Комерцијална банка АД Скопје кои забележаа висок пад од 3,66%, а пад на вредноста на акциите забележа и Гранит АД Скопје од 3,14%.
Висок пад на вредноста забележаа и акциите на ОКТА АД Скопје од 2,98%, а пад на вредноста забележаа и банкарските акции на НЛБ Банка АД Скопје од 2,83% и Стопанска банка АД Скопје од 2,78%.
Пад на вредноста на акциите забележаа и Алкалоид АД Скопје, Макпетрол АД Скопје и Стопанска банка АД Битола.
Според официјалниот среден курс на Народната банка на Македонија, денеска денарот спрема еврото има вредност од 61.6942 денари.
Курсот на денарот спрема доларот е на ниво од 56.3829 денари, британската фунта изнесува 70.1884 денари, додека пак швајцарскиот франк е 58.4890 денари.
Форекс
Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во март?

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.03.-31.03.2023 година вкупниот промет изнесува 496.838.797 денари и бележи енормен пораст од 124,40% во однос на претходниот месец февруари. (more…)
Форекс
Руската рубља ја губи вредноста – падна на 11-месечен минимум во однос на доларот

Руската рубља падна на најниско ниво во последните 11 месеци во однос на американскиот долар и еврото. (more…)
Форекс
Проширување на котација на државни обврзници во вредност од 2,1 милијарди денари

Македонска берза АД Скопје ја известува јавноста дека согласно Барањето бр.15-2790/1 од 29.03.2023 година и Барањето бр.15-2160/1 од 08.03.2023 година од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за котација на државни обврзници, почнувајќи од денес (04.04.2023 година) на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници со следните карактеристики: (more…)
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 1 month
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Граѓанската обврзница може да се купи во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка
- Анализипред 2 weeks
АНАЛИЗА: Македонските банки со рекордни профити, но далеку зад банките во регионот