Анализи
KОВИД-19, маски, мораториум, стечај, милионски профити, работа од дома – Што ги одбележа банките во турбулентната 2020 година?

Банкарскиот сектор во турбулентната 2020 година покажа висок степен на стабилност како и вообичаено, банките остварија високи приходи и профити, но сепак намалени во споредба со 2019 година, пред се поради пандемијата на Ковид-19 вирусот, предизвикувајќи значително забавување на економијата.
По подолг период бевме сведоци на пропаѓање на една македонска банка. На 12 август 2020 година, Народната банка, постапувајќи согласно со Законот за банките ја укина дозволата за основање и работење на Еуростандард банка АД Скопје.
Одземањето на дозволата одекна како бомба во јавноста, за граѓаните и за депонентите на Еуростандард Банка тоа беше шок и неверување, но за добро упатените банкари и експерти тоа беше соодветна одлука за зачувување на стабилноста на банкарскиот сектор во целина. Јавноста се прашуваше, но и ден денес се прашува дали сега банкарскиот сектор е стабилен и дали македонските банки се сигурни?
Банкарскиот систем е и останува стабилен и добро капитализиран, со висока ликвидност, уверуваат и од Народната банка и од Македонската банкарска асоцијација. По одземањето на дозволата на Еуростандард банка АД Скопје, се зголеми стапката на адекватност на капиталот на банкарскиот систем, а значајно се намали и нивото на нефункционалните кредити.
Годината почна вообичаено за банкарскиот сектор, но во март кај нас се појавија првите позитивни случаи на Ковид-19 и со тоа започна неконтролираната ескалација на опасната вирусна инфекција којашто крајно негативно влијаеше врз сите сфери на општеството, а ниту банкарскиот сектор не остана имун на пандемијата предизвикана од коронавирусот.
Ако се анализира профитабилноста, банките можеби и немаа значајно намалување на добивките, но сепак овој сегмент бележи намалување во спредба со претходната 2019 година. Приходите на банките, исто така беа намалени, а тоа пред се се должи на одложувањето на кредитните обврски за сите граѓани кои беа погодени од економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот. Воедно, одложувањето на кредитните обврски во голема мера ја засегна и ликвидноста на банките на двете страни од билансот на состојба. Доказ за тоа е и податокот дека над 65% од граѓаните ги одложиле своите кредитни обврски кон банките.
Со цел полесно надминување на корона кризата, Владата донесе неколку сета на економски мерки за поддршка на економијата. Во овие пакет мерки беа воведени КОВИД бескаматните кредити со грејс период преку Развојната банка на Република Северна Македонија, наменети за зачувување на работните места и подобрување на ликвидноста на компаниите.
Како дел од пакетот економски мерки беше воведена и домашната платежна картичка “Купувам домашно” за поддршка на економијата, домашните компании и на граѓаните во услови на пандемија на Ковид-19. Со домашната картичка “Купувам домашно” им се додели помош на социјално загрозени семејства, граѓани со низок доход, пензионери, млади лица и здравствени работници за купување на домашни производи и услуги.
Издавачи на Домашната платежна картичка беа НЛБ Банка, Стопанска Банка АД – Скопје, Комерцијална Банка, Халкбанк, Шпаркасе Банка, Охридска Банка, УНИБанка, Централна Кооперативна Банка и Силк Роуд Банка.
НЛБ Банка го одбележа својот 35 годишен јубилеј на сосема поинаков и невообичаен начин. Со пораката „Сплотени преку музиката прославуваме заедно“ тие на македонската јавност и подарија целовечерен акустичен концерт со неколку од нашите најголеми музички ѕвезди. Со поддршка на македонската музичка сцена, Банката упати уште една силна порака и ја покажа грижата за македонските уметници и нивната важност во услови на пандемија.
Започна процесот на интеграцијата на Шпаркасе Банка и Охридска банка предводен од тимот на Ассеко СЕЕ, кој има за задача да изврши миграција и спојување на банкарските системи на двете банки, имплементација и прилагодувања на заедничкиот банкарски систем и надградба на банкарскиот систем на Охридска банка со сите Групациски барања од Steiermärkische Sparkasse.
Во согласност со планот на проектот, новата интегрирана банка се планира да започне да функционира најдоцна до крајот на вториот квартал во тековната 2021 година. Со интеграцијата на двете банки, Охридска банка АД Скопје и Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, се очекува да се создаде банкарски гигант кој ќе биде една од водечките универзални банки во Република Северна Македонија со пазарно учество од околу 14%.
Халкбанк АД Скопје склучи договор за соработка со АД „Пошта на Северна Македонија“, која извесен период беше затворена и не ги нудеше своите услуги на граѓаните поради стечај на Еуростандард банка АД Скопје, банка со којашто претходно соработуваше.
Д-р Владимир Ефтимоски, генералниот директор на Стопанска банка а.д. Битола, беше награден за „Најдобар банкар во Република Северна Македонија за 2020 година“ од престижниот финансиски магазин „Finance Central Europe“.
Халкбанк АД Скопје му ја укажа довербата на Билал Суџубаши кој повторно беше изгласан за Главен Извршен Директор и претседател на Управниот одбор. Тој ја доби довербата на акционерите и ќе остане на чело на банката и во наредниот период. Задоволни од работата на својот претседател на Управниот одбор и ТТК Банка АД Скопје му додели нов мандат на проф. д-р Драгољуб Арсовски.
За член на Управниот одбор на Стопанска Банка АД – Скопје и Генерален директор за управување со ризици беше именуван Бојан Стојаноски со мандат од четири години. Промени имаше и во ПроКредит Банка кадешто Стевче Кузмановски беше именуван за нов член на Управниот одбор, а Емил Бухов стана дел од Управниот oдбор на Силк Роуд Банка АД Скопје.
Во однос на иновативната понуда и воведување на иновации позитивно влијаеше НЛБ Банка со иновативниот целосно дигитализиран и автоматизиран НЛБ мКлик кредит, за кој аплицирањето е директно преку мобилен телефон. Се работи за нова иновативна и целосно дигитализирана и автоматизирана услуга од НЛБ Банка, којашто ги следи светските трендови на водење на бизнисот онлајн.
Со новата функционалност – НЛБ мКлик кредит клиентите веднаш можат да ги добијат потребните средства, само со неколку клика на својот мобилен телефон директно преку НЛБ мКлик мобилното банкарство, без потреба од посета на експозитура и без дополнителна документација.
Кога сме кај иновативните услуги, Халкбанк АД Скопје како лидер во воведувањето нови технологии, креираше нова мобилна апликација HalkPay со која ги спои мобилниот уред и паричникот во едно. Корисниците преку апликацијата HalkPay ќе можат да уживаат во бесконтактното плаќање на сите ПОС-терминали што поддржуваат NFC-технологија. Но, тоа не беше се во однос на иновативните услуги од банката. Garmin Pay е најновиот иновативен производ од Халкбанк, кој овозможува брзо и едноставно плаќање со Garmin часовник, со што стана и прва банка на пазарот што воведе плаќање со паметен часовник.
Шпаркасе Банка го претстави својот официјален Viber Chat асистент „Sparky“, модерна и иновативна алатка со која на корисниците им го олесни начинот на комуникација со вработените. Во период кога е неопходно да се користат дигиталните канали за комуникација и да се избегнува честиот физички контакт, Шпаркасе Банка Македонија им овозможи на клиентите преку апликацијата Viber на едноставен начин преку „четување“ и без посета во експозитурите да ги добијат потребните информации за производите и за услугите што им се потребни, да поднесат онлајн барање за продуктите на банката, да закажат онлајн состанок или, пак, да постават прашање.
Коронавирусот ја актуелизираше темата за работа од дома. Со порастот на бројот на заболени од коронавирусот, кој стана глобален проблем, голем дел од банкарските службеници работеа од дома одреден период заради безбедносни причини. Овој принуден исчекор за работа од дома, исто така може да биде момент за актуелизирање на оваа тема долгорочно, односно во иднина компаниите да се одлучат за ваков начин на работа за да ја максимизираат успешноста на работниците, особено за оние вработени кои можат да работат подеднакво ефикасно од дома, ако не и поквалитетно отколку кога би биле во канцеларија.
Во работата од дома, неизбежни алатки станаа Вибер и Zoom што до некаде се зголеми ефикасноста и квалитетот на состаноците, координацијата и организацијата на активностите. Секако, надвор од овие алатки, комуикацијата продолжи непречено да се одвива преку службените уреди за комуникација.
Главната разлика меѓу работата од дома и од канцеларија е меѓучовечката комуникација која секогаш создава дополнителна вредност, но и влијае на целокупното задоволство.
Анализи
АНАЛИЗА: Стопанска банка АД – Скопје е банката која најмногу ги кредитирала граѓаните во 2022 година

Според податоците на Народната банка за банкарскиот сектор во земјата за 2022 година, Стопанска банка АД- Скопје е банката која најмногу ги кредитирала граѓаните, односно домаќинствата. (more…)
Анализи
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?

Со цел утврдување на статусот на жената во општеството, Банкарство.мк спроведе истражување на тема „Жените во Управните одбори на банките во Република Северна Македонија”. Истражувањето ја опфаќа процентуалната застапеност на жените во Управните одбори на банките во Македонија, па за таа цел беа анализирани сите банки. (more…)
Анализи
АНАЛИЗА: Зголемен интересот за осигурување при земање банкарски заем од приватни лица – Триглав Осигурување Живот на врвот на листата со продадени полиси за осигурување на кредитобарателите

Откако Агенцијата за супервизија во осигурувањето извести за движењата во третиот квартал од минатата година на осигурителниот сектор, Банкарство.мк направи свој краток осврт за тоа какви се резултатите на компаниите кои се грижат за сигурноста на нашите граѓани, а какви се и искуствата на клиентите, кои се нивните потреби и кое е нивото на култура за инвестирање и осигурување кај нас. (more…)
- Анализипред 2 weeks
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Анализипред 2 months
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | Д-Р БИЛАЛ СУЏУБАШИ, ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ
- Банкипред 1 week
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка