Connect with us

Платежни картички

Kако функционира ”3D Secure” технологијата?

Објавено

на

Користењето на технологијата за 3D сигурност на картички не го менува начинот на кој сте ги вршеле Вашите онлајн плаќања досега.

Пред да ја завршите исплатата соодветниот интернет трговец ќе ја побара Вашата ОТП лозинка. Во рок од неколку секунди преку СМС порака ќе добиете ОТП лозинка и истата треба да ја внесе во полето за еднократна лозинка и да притисне на полето ”Продолжи” за понатамошно процесирање на трансакцијата.

Само по правилно внесување на лозинката, Вие ќе можете да го завршите плаќањето со картичката. Оваа технологија ги прави Вашите купувања преку интернет побезбедни кога плаќате кај трговци кои што се регистрирани во програмите Verified by Visa и Mastercard SecureCode.

Платежни картички

Динерс воведе можност за подигнување готовина на банкоматите на Халкбанк

Објавено

на

Diners Club Македонија им овозможи на корисниците на картички да подигнуваат готовина од банкоматите на Халкбанк АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

НЛБ Банка со промотивна кампања за сите Mastercard кредитни картички за физички лица – Вистинска можност да добиете повеќе!

Објавено

на

Почнувајќи од денеска, НЛБ Банка започнува промотивна кампања со која постоечките и новите корисници на некоја од НЛБ Mastercard кредитните картички за физички лица имаат вистинска можност да добијат повеќе.

Имено, во периодот од 10 мај до 30 јуни годинава, за постоечките и новите корисници на Mastercard Standard, Mastercard Light, Mastercard Gold и Mastercard HaPPy картичките, НЛБ Банка овозможува единствени поволности, парична награда или бесплатна членарина за првата година од користењето.

Поконкретно, во промотивниот период, 1.000 клиенти – иматели на некоја од споменатите Mastercard картички кои ќе направат најголем број трансакции ќе добијат паричен износ во висина од 2.000 денари на нивната картичка. Дополнително, сите оние кои, во промотивниот период, ќе аплицираат и ќе станат корисници на некоја од наведените Mastercard картички ќе добијат бесплатна членарина за првата година од користењето.

НЛБ Mastercard кредитните картички за физички лица може да се користат во земјата и во странство, за плаќање на продажни места и подигање готовина на банкомати секаде каде е истакнат знaкот на Мastercard. Дополнително, Mastercard HaPPy картичката е единствената картичка на пазарот која нуди загарантирана можност за cashback за секое нејзино користење.

Повеќе детали за Mastercard кредитните картички и промотивните понуди на НЛБ Банка клиентите можат да добијат во сите експозитури на Банката, како и на веб-страницата: www.nlb.mk или преку контакт-центарот, на телефонскиот број 02/15 600.

Продолжи со читање

Платежни картички

Заштеда до 12% на резервациите на Booking.com со American Express

Објавено

на

Нова одлична поволност за корисниците на кредитните и дебитните Аmerican Express картички издадени од Силк Роуд Банка. Отсега сите корисници на кредитните и дебитните Аmerican Express картички може да уживаат во повеќекратните придобивки при онлајн резервација на една од најголемите меѓународни онлајн туристички агенции – Booking.com. (more…)

Продолжи со читање


Популарно