Криптовалути
JPMorgan предвидува силен раст на вредноста на биткоинот

Од најголемата американска банка „JPMorgan” пристигнува предвидувањето дека биткоинот долгорочно би можел да скокне до 146.000 долари доколку нестабилноста се намали и институциите почнат да го претпочитаат повеќе од златото во нивните портфолија, пишува „Business Insider“.
Тоа е приближно 130% повеќе од моменталната цена на биткоинот. Во изминатата недела се движеше помеѓу 60.000 и 65.000 долари.
Биткоинот како конкуренција на златото
„JPMorgan” исто така верува дека биткоинот, се повеќе му конкурира на златото во вниманието на инвеститорите како заштита од инфлација, односно како нешто што ќе расте дури и кога инфлацијата ја поткопува вредноста на другите средства.
„Повторната загриженост од инфлација кај инвеститорите во текот на септември и октомври 2021 година се чини дека го обнови интересот за користење на биткоин како заштита од инфлација“, рече стратегот на „JPMorgan”, Николаос Панигирцоглу.
„Привлечноста на биткоинот како заштита од инфлацијата можеби е засилена со неуспехот на златото во последните недели да одговори на растечката загриженост за инфлацијата“, додаде тој.
Инфлацијата во САД е на највисоко ниво во последните 13 години и порасна ширум светот.
Панигирцоглу, како аргумент за тоа дека „биткоинот ќе продолжи да се натпреварува за превласт над златото“ го гледа фактот дека милениумците стануваат се помоќни во светот на инвестициите.
„Со оглед на тоа колку е голема финансиската инвестиција во злато, секое такво истиснување на златото како алтернативна валута подразбира голем раст на биткоинот на долг рок“, рече тој, сугерирајќи дека на долг рок цената на биткоинот може да се искачи на 146.000 долари.
Криптовалути
БИТКОИНОТ ЌЕ ДОСТИГНЕ ДО 100.000 ДОЛАРИ – Криптозимата заврши!?

Најпознатата криптовалута биткоин би можела да достигне вредност од 100.000 долари до крајот на 2024 година. (more…)
Криптовалути
КРИПТОВАЛУТИТЕ СЕ ПОВТОРНО ИН – Биткоинот порасна за 40% во јануари!

Големите инвеститори повторно почнаа да вложуваат во криптовалути по еден месец на масовен раст на биткоинот од 40 проценти во јануари оваа година. Инвеститорите забележаа прилив од над 117 милиони долари минатата недела, најголем неделен пораст од јули минатата година, според податоците на „CoinShares“. (more…)
Криптовалути
Премиерот Ковачевски апелира: Да не се копаат криптовалути зашто тоа троши многу струја!

Премиерот Димитар Ковачевски апелира да не се копаат крипто валути зашто потрошувачката на струја при овој процес е енормна. (more…)
- Домашни банкипред 2 months
Халкбанк со тројца нови членови на Управниот одбор – Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 1 month
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 4 weeks
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје