Connect with us

Странски банки

JP Morgan Chase е доминантна банка на пазарот на благородни метали

Објавено

на

Во текот на 2020 година, „JP Morgan Chase” имаше рекордни приходи од трговијата со скапоцени метали, околу една милијарда долари и далеку ги надмина своите ривали.

Банката се занимава, меѓу другото, со трговија, складирање и финансирање на благородни метали, а коронавирусот создаде одлична можност за инвестициските банки кои тргуваат со злато, сребро и други благородни метали затоа што ги охрабруваше инвеститорите да купуваат и го наруши пазарниот тек.

На овој пазар доминира „JP Morgan Chase”, бидејќи приходот на таа американска банка до средината на ноември претставува најмалку половина од 1,7-2 милијарди долари колку што консултантската компанија „Makinzi” проценува дека вкупно 10-те најголеми инвестициски банки годинава заработиле од благородни метали, претежно од злато.

До крајот на годината „JP Morgan Chase” може да има приходи од дури 1,5 милијарди долари и да ја загрози „Goldman Sachs“ како најголема банка според приходите.

„JP Morgan Chase” во моментов е најголемата банка во САД.

Останато

Бундесбанк: Германското стопанство зимава ќе влезе во рецесија

Објавено

на

Германското стопанство ќе западне во рецесија во зимската половина од годината, по неочекуваното зголемување на активноста во летниот квартал, предупреди Централната банка. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Избрани финалистите на НЛБ Групацијата во проектот #РамкаЗаПомош

Објавено

на

Ако можеме да судиме според ентузијазмот, идеите и иновативноста на компаниите кои годинава учествуваа во проектот #РамказаПомош на НЛБ Групацијата, нема од што да се плашиме кога станува збор за одржливата иднина. Во проектот учествуваа дури 300 компании од шест пазари, со кои главната банкарска групација во Југоисточна Европа бараше одржливи решенија за предизвиците на иднината. Жирито избра 10 финалисти од секој пазар, кои меѓу другото се натпреваруваат и за спонзорски финансиски средства со кои ќе можат да ги реализираат своите идеи. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Швајцарски банкарски гигант ќе и плати на Франција 238 милиони евра за да избегне тужба

Објавено

на

Швајцарскиот банкарски гигант “Credit Suisse” се согласи да плати 238 милиони евра на Франција за да избегне кривично гонење за измама, соопшти надлежниот суд во Париз. (more…)

Продолжи со читање

Популарно