Connect with us

Останато

Javnaadministracija.mk со предлог мерки за намалување 20.400 вработени во јавниот сектор

Објавено

на

На веб страната www.javnaadministracija.mk се објавија конкретни мерки и предлози за намалување на ,,Гломазната” Aдминистрација и Jавен сектор.

Целта на предлог мерките е да се постигне поефикасна, попродуктивна, помотивирана и европска администрација и јавен сектор – За поефикасни, побрзи и подoбри услуги за граѓаните  и за сите  правни субјекти кои имаат поврзаност и соработка со администрацијата и јавниот сектор.

Предлози и мерки:

  • Пензионирање на административните службеници и вработените во јавниот сектор со навршување на 64 години без право на продолжување на работниот однос.
  • Целосна функционална анализа и систематизација на работните места во цела администрација и јавен сектор.
  • Распоредување на работно место од една државна институција и институција во јавен сектор (каде има превработеност) во друга државна институција и институција во јавен сектор – (каде има недостаток) на вработени – Согласно нивните  професионални и работни компетенции, работна успешност и оценување.

Краен резултат:

Предвидувањата  на Тимот на Јавна администрација е дека со овие предлози и мерки  ,,Гломазната” администрација и јавен сектор од 136.000 вработени ќе се намали за 15 % и притоа нема да има потреба за префрлање на вработени од државен и јавен сектор во приватен сектор.

Извор: Јавна Администрација

Останато

Мухамед Хаџипази од Халкбанк АД Скопје е нов претседател на Надзорниот одбор на Комората на Северо-западна Македонија

Објавено

на

Мухамед Хаџипази, досегашен член на Надзорниот одбор на Стопанската комора на Северо-западна Македонија (СКСЗМ) е именуван за нов претседател на НО на Комората.  (more…)

Продолжи со читање

Останато

Лансирање на е-продавница за време на пандемија – како IQOS го претвори предизвикот во можност

Објавено

на

„Нашиот иницијален план беше да се лансира IQOS на нашиот пазар во почетокот на април, но како ситуацијата со пандемијата стануваше сé посериозна, увидовме дека пандемијата наметна многу побрзо привикнување на корисниците на дигиталните канали, со што стана јасно дека мора да се искористи времето од одложениот старт за да се подготви е-продавница и така со лансирањето на IQOS се започна и со онлајн продажба“. Ова го истакна Јана Дурнева, менаџер за дигитална поддршка и грижа за корисници на производи со намален ризик при Филип Морис Интернешнал на овогодинешната конференција за е-трговија, насловена „E-трговија & COVID-19: Предизвиците и можностите!“. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бесими: Со буџетот за 2021 година се обезбедува поголема поддршка за домашното стопанство

Објавено

на

За поддршка на инвестициите, конкурентноста, малите и средни претпријатија, домашниот туризам, како и целокупната област за економски развој во 2021 година се обезбедени за 4,5 проценти поени повеќе во однос на буџетот 2019 година, односно со буџетот за 2021 година 24% од расходите се наменети за економски развој, рече министерот за финансии Фатмир Бесими на комисиската расправа за буџетот во Собрание. (more…)

Продолжи со читање

Популарно