Connect with us

Колумни

It’s a Digital, Digital world!

Објавено

на

Да, ова е дигитален свет и иако не се родивме во таков, дефинитивно ни годи!

Добар дел од компаниите и брендовите во денешницата се создадени на овој фронтиер и се пред своето време, друг дел одлично се адаптирани, но постојат и оние кои не се снаоѓаат најдобро во истиот. Затоа одвојте дел од вашето скапоцено време, за да позборуваме за социјалните медиуми и дигиталниот маркетинг.

Ќе почнам со најинтересното и воедно најкрупното нешто кое ни се случува – социјалните медиуми. Колку и што од можеме да добиеме од нив?

Имено, на почетоците од мојата кариера со малку искуство, малку познавање на графички дизајн, малку контакти, но многу желба и идеи, социјалните мрежи беа „тука за мене“. Ми понудија начин да експериментирам во комуникацијата со различните целни групи. Открив многу интересни модели на однесување на публиката. Сето ова ме чинеше само: интернет, струја и некоја кутија цигари… Тогаш, да бидам искрен не замислував дека од оваа социјална мрежа ќе се роди цела индустрија и ќе биде еден од водечките канали застапен во буџетите. За мене на маркетинг тронот се уште беа традиционалните медиуми и пристапи. Но, еве после 10 години сум горд застапник на социјалните мрежи и дигиталните комуникации и тврдам дека нивното време допрва доаѓа.

Последните 6 години сум во автомобилската индустрија во која маркетинг буџетите драстично се намалија во изминатите 8 години. Слабата продажба и увозот на користени автомобили, значително ја отежнаа работата на луѓето и агенциите задолжени за маркетинг. Социјалните мрежи во овие „кризни времиња“ се покажаа како секирче на мраз за да се продолжи качувањето нагоре.

Секој корисник на различна социјална мрежа има различна природа или е од различен вид. Така на пример, ако го земеме просечниот корисник на најпопуларната мрежа Facebook, тој се карактеризира со потреба да му се обратите лично. Затоа ги имаме оние коментари како „cena?”„ima 38?“… Ова од вас бара поголема посветеност и ресурси, но од друга страна овозможува директно да допрете до корисникот од овој вид. Со последните новини кои овозможуваат на секој коментар да одговорите во приватна порака, апсолутно се подобрува директното обраќање и ви се овозможува на корисникот да му дадете “tailor made” понуда. Социјалните мрежи, како и корисниците се жива материја. Тие се менуваат регуларно. Она што допрва доаѓа и ќе се покаже „поживо“ од било што друго е Вештачката интелигенција. Иронично нели?

Останатите новини коа беа воведени конкретно на Facebook во последните години како Instant Articles го задржуваат корисникот на мрежата дури и кога тој мисли дека веќе излегол. Апсолутно сите истражувања покажуваат дека користењето на социјалните мрежи расте и дека порталите т.е. веб страните се борат за 30 до 60 секунди внимание кое корисникот би го потрошил на нивниот сајт и веднаш би се вратил да “скрола“ на мрежата. Ова е уште еден факт за исплатливоста на инвестицијата во платен маркетинг на социјалните мрежи.

Но, внимавајте, во буџетот секогаш да предвидите микс од Онлајн, Дигитални и Социјални медиуми. Бидејќи со дедицирање на целиот закуп само на социјални медиуми ризикувате да не добиете доволна ПР поддршка кај веб страните кои се од интерес за вашата целна група.

Друго на што морате да обратите внимание се „синовите и ќерките“ на Социјалните мрежи, т.е. таканаречените Инфлуенсери. Оваа категорија оди чекор понатаму во онаа директна комуникација и потреба за идентификација на корисниците. Да, луѓето се идолизирани и чувствуваат дека тоа можат да бидат и тие и дека тоа е нивен “cool” пријател.

Инфлуенсерите добиваат многу поголем reach во последно време особено во Македонија поради неколку факти:
Прво, по целиот скандал од бастионот на “fake news“ во светот, Титов Велес по старо, Трампов Велес по ново, Facebook значително го ограничи и го скрати reach-от на сите Facebook страни кои доаѓаат, се водат, или на било кој начин се поврзани со Македонија;
Второ, множењето на медиуми во просторот и социјалните мрежи кои ни ги донесе политичката нестабилност и политичката пропаганда, се оформија и зрачат многу медиуми кои не постојат за целта на реално, критичко известување, туку за други помалку или повеќе познати цели.

Трката за број еден социјална мрежа почнува да биде густа меѓу Facebook и „посинокот“ Instagram. Иако по број на корисници можеби доминира Facebook, во поглед на опфатот и ефектот на пораките Instagram со воведувањето на опцијата Stories, како да доби силен ветер во грбот и брзо гази напред.

Во некоја друга прилика, ќе ги споменеме и останатите социјални мрежи, некои успешни стратегии, како и моќните SEM, Programmatic и слично.
Морам да одам, имам некои постови и кампања за одобрување…

Извор: marketing365.mk

Колумни

Електронска банка за правни субјекти – лесен и сигурен одговор на модерните предизвици

Објавено

на

Примарната дејност на Банките е да посредуваат помеѓу сопствениците на вишок капитал и оние кои имаат потреба од капитал. При извршувањето на својата дејност банките секогаш се трудат да ги задоволат потребите на клиентите, да го пратат и поддржуваат нивниот развој и да понудат беспрекорни услуги. Следејќи ги потребите на клиентите, пазарните движења и развојот на новите технологии, банките развиваат и усовршуваат платформи (меѓу кои и електронската банка), преку што ја унапредуваат соработката со своите клиенти, на начин кој значително им го олеснува работењето, особено во платниот промет кој е суштинска банкарска операција. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Клиент заглавен во експозитура на банка

Објавено

на

Стануваш наутро и сфаќаш дека денот нема да тргне на добро. Навиката ти вика користи мобилна апликација и плаќај што сакаш. Реалноста ти вика за тоа да го направиш мора да одиш да си ставиш пари на сметка. Стигаш кај најблиските банкомати, сфаќаш дека картичката што овозможува да ставиш пари од банкомат е истечена.

(more…)

Продолжи со читање

Колумни

Банки без филијали се банки на иднината

Објавено

на

Во Европската унија лани бројот на банкарски филијали се намали на вкупно 189.270 или 9.100 помалку за само една година. Само за споредба во 2008 имало 237.700 филијали што значи дека за само една деценија бројот на филијали во ЕУ се намалил за над 47.000. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange