Connect with us

Странски банки

„Intesa Sanpaolo” оствари нето-добивка од 2,56 милијарди евра во првата половина на 2020 година

Објавено

на

Управниот одбор на меѓународната банкарска групација „Intesa Sanpaolo”, во чии рамки делува „Banca Intesa”, го одобри консолидираниот полугодишен извештај на 30 јуни 2020 година.

Резултатите постигнати во првата половина на 2020 година ја потврдуваат можноста на „Intesa Sanpaolo” ефикасно да се справи со предизвикувачките последици од епидемијата на вирусот COVID-19. Тие ја отсликуваат одржливата профитабилност на Групацијата заснована на силна капитална основа и висока ликвидност, како и еластичен и добро диверзифициран деловен модел и стратешка флексибилност при управување со оперативните трошоци. Резултатите ја одразуваат поддршката на Групацијата за Италија и нејзината посветеност да станат пример за одржливост и социјална и културна одговорност за компанијата.

„Во особено предизвикувачки период обележан со последиците од пандемијата COVID-19, „Intesa Sanpaolo” уште еднаш ја покажа својата способност да ги постигне своите цели и да ги исполни своите обврски“, изјави Карло Месина, Генерален извршен директор на „Intesa Sanpaolo”, притоа додавајќи дека Групацијата отвара ново поглавје во својата историја.

„Минатата недела успешно ја завршивме понудата дадена на акционерите на „UBI banca”. Горди сме што акционерите на „UBI banca” кои поседуваат 90,2% од акционерскиот капитал решија да станат дел од големото семејство на „Intesa Sanpaolo”. „Intesa Sanpaolo” и „UBI banca” имаат слични деловни модели и споделуваат слична корпоративна култура и вредности. Заедно можеме да ја зајакнеме Групацијата која е национален шампион и лидер во Европа, со повеќе од 1,1 трилион финансиски средства на клиентите. Заедно сме посилни и имаме поголем потенцијал за раст. Благодарение на оваа трансакција, ние сме на врвот на банкарскиот сектор во еврозоната. Нашата комбинирана групација е на второ место во однос на пазарната капитализација, на 6-то место во однос на приходите од работењето и на 8-то место во однос на вкупната актива“, истакна Месина.

Нето добивка:

  • 2.566 милијарди евра во првата половина на 2020 година, што претставува пораст од 13,2% во однос на 2.266 милијарди евра во првата половина на 2019 година.
  • Бруто-добивката се зголеми за 7,1% во однос на првата половина на 2019 година.
  • Оперативната добивка се зголеми за 2,8% во однос на првата половина на 2019 година.
  • Оперативниот приход се постабилни во однос на првата половина на 2019 година.
  • Оперативните трошоци се намалија за 2,8% во однос на првата половина на 2019 година.

Странски банки

Во Шведска исчезнува плаќањето во готово, дури и џепарлакот на децата им го уплатуваат на картичка

Објавено

на

Монетите и банкнотите веќе долго време не се омилено платежно средство во Шведска, а кризата предизвикана од коронавирусот само го засили трендот на безготовинско плаќање. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Преполовена добивката на хрватските банки

Објавено

на

Банките во Хрватска остварија бруто добивка од 1,98 милијарди куни во првата половина на оваа година, што е речиси за половина помалку отколку во истиот период од минатата година, покажуваат податоците на Хрватската народна банка (ХНБ). (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Лондонски „Schroders” го намали својот удел во НЛБ на под пет проценти

Објавено

на

Сопственичкиот удел на лондонската компанија „Schroders Plc” во словенечката НЛБ банка се намали на ниво под 5 проценти од досегашните 5,108%, објави банката. (more…)

Продолжи со читање

Популарно