Connect with us

Странски банки

„Intesa Sanpaolo” купува мнозински удел во швајцарската банка „REYL&Cie”

Објавено

на

Италијанскиот банкарски гигант „Intesa Sanpaolo” купува 69% од акциите на швајцарската приватна банка „REYL&Cie” во зделка со која ќе се спојат деловните приватни банкарски активности на италијанската банка со нејзиниот ривал од Женева, се вели во заедничкото соопштение на двете групации во понеделникот, пренесува „Reuters“.

„Intesa Sanpaolo”, која има деловен модел насочен кон добивање провизии од управување со средства и осигурување, ја презема аквизицијата преку „Fideuram”, нејзиниот оддел за приватно банкарство.

Трансакцијата ќе создаде приватна банкарска групација со седиште во Женева со 400 вработени, регулаторен акционерски капитал од 250 милиони швајцарски франци (272,7 милиони американски долари) и средства доверени на управување од над 18 милијарди швајцарски франци (20 милијарди долари).

Договорот ќе ги обедини „REYL&Cie” и „Banque Morval”, кои италијанската банка ги купи во 2019 година.

Условите на договорот, кој се очекува да биде реализиран во првата половина на 2021 година во очекување на регулаторно одобрување, не се обелоденети.

Италијанскиот банкарски гигант „Intesa Sanpaolo” оваа година започна нов бран на консолидација на европското банкарство со купување на помалиот италијански ривал УБИ банка во договор за купопродажба од 4 милијарди евра за создавање на осмата по големина банкарска групација во еврозоната.

Странски банки

Светска банка го откажа извештајот Doing Business поради „местење“ на рангирањето

Објавено

на

Светската банка го откажа објавувањето на извештајот за регулативата за водењето бизнис во земјите ширум светот откако истрагата открила „непримерен притисок“ на челниците при составување на табелата и спорниот пласман на Кина но и на Саудиска Арабија, Обедиенетите Арапски Емирати и Азербејџан. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Србија издаде “зелена обврзница” на износ од една милијарда евра за прв пат во својата историја

Објавено

на

Со издавањето на зелената обврзница, Србија во четвртокот стана една од ретките европски земји и единствена европска земја надвор од Европската унија што издаде зелен инструмент, објави Народната банка на Србија, наведувајќи дека Србија реализирала две емисии на меѓународниот финансиски пазар.Еврообврзница во евра (двојна транша). (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

(ВИДЕО) Германската централна банка пере пари во вистинска смисла на зборот!?

Објавено

на

Кога банкнотите ќе се извалкаат, германската централна банка Бундесбанк, ги пере во вистинска смисла на зборат. (more…)

Продолжи со читање



Популарно