Интервјуа
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности

Пантелеон ГС е домашна компанија која што нуди аутсорсинг услуги на американскиот пазар, односно комплетна алокација на деловни процеси и вработени.
Основана е во 2020 година, а од тогаш тимот на вработени е зголемен за повеќе од двојно. Генерален менаџер на компанијата е Влатко Палчевски кои има претходно работно искуство во банкарскиот сектор повеќе од 10 години.
Со него во продолжение разговараме за компанијата, дејноста на компаниите со кои соработуваат, инвестирањето во своите вработени од финансиска, но и нефинансиска гледна точка и плановите за развој во иднина.
Банкарство: Имајќи предвид дека нудите аутсорсинг услуги на американскиот пазар, од кои дејности се најчесто компаниите со кои соработувате?
Влатко Палчевски: Во нашето портфолио на клиенти доминираат претежно финансиски компании за факторинг, лизинг, осигурување и финансирање, брокерска компанија, мрежа за продажба на возила, компанија за регрутација, маркетинг и многу други.
Банкарство: Колку вработени во моментов го сочинуваат вашиот тим и каде се наоѓаат канцелариите на вашата компанија?
Влатко Палчевски: Во моментов Пантелеон ГС брои 80 вработени, кои се распоредени во две канцеларии (Скопје, на ул. Максим Горки во централното градско подрачје и Струмица, во старата чаршија). Пред речиси две години целиот тим го сочинуваа само 30 вработени, а планот за понатамошниот раст останува амбициозен и во следниот период.
Банкарство: Вработените се највредниот ресурс во денешно време и свесни сме колку е специфично да се пронајде и да се управува со квалитетна работна сила. Што ве прави различни од останатите компании на домашниот пазар?
Влатко Палчевски: Она што не прави поинакви од другите македонски компании е пристапот и третманот кон нашите вработени. Имено, стратешка опрделба на компанијата е привлекување на талентирани и амбициозни луѓе, а сето тоа се реализира на повеќе нивоа:
- на сите вработени, без исклучоци, им се нуди можност за стекнување нови знаења и вештини, кои ќе ги изградат во врвнипрофесионалци и ќе го зголемат нивниот придонес како во самата компанија, така и во локалната средина во која живеат и работат;
- напорно работиме на луѓето во Пантелеон ГС да им обезбедиме пријатна и удобна работна средина и услови за работа, не мислам само на нови и модерни канцеларии, туку и на редица лични бенефити како на пример приватно здравствено осигурување, месечни претплати на спортски активности по избор, редовна достава на здрава храна, субвенционирање на трошоци за паркинг и сл;
- отворена комуникација на сите нивоа во компанијата, преку политика на отворени врати, што на секој вработен му овозможува директен и непречен пристап до членовите на врвниот менаџмент на дневно ниво – што е особено важно за градење на квалитетна комуникација внатре во компанијата и одржување на долготрајни релации;
- натпросечни финансиски пакети на ниво на целата компанија.
Банкарство: Сведоци сме на зголемени трошоци за живот кои неминовно резултираат со поголеми финансиски потреби на вашите вработени. Како постапи Вашата компанија?
Влатко Палчевски: Тука би сакал да ја споменам и Одлуката на компанијата Пантелеон ГС и нејзиниот менаџмент, од пред неколку месеци, со која ги зголеми платите на сите свои вработени за нето износ од 3.000,00 денари како одговор на зголемените животни трошоци.
Банкарство: Работното време е различно од стандардното во Македонија, односно се работи од 15 – 23 часот. Како се компензира тоа што се работи по работно време за Америка и како вработените го прифаќаат овој факт?
Влатко Палчевски: Работејќи ексклузивно за клиенти на американскиот пазар, сите оперативни активности се целосно прилагодени на клиентите, што за нас значи попладневно работно време, односно од 15 часот до 23 часот. Ова може да делува невообичаено на прв поглед, но сите наши вработени, без исклучок, извонредно успешно се адаптираат на специфичното работно време. Од аспект на компанијата, постојано го имаме предвид овој факт, кој не ретко знае да претставува една од поголемите пречки во процесот на регрутација. Тоа е и една од причините поради кои непрекинато се трудиме да обезбедиме што е можно подобри услови за работа, конкурентни компензациски пакети и разни придобивки за нашите вработени.
Банкарство: Како се одвива процесот на регрутација на кадар, што очекувате од вработените и низ кои фази поминуваат кандидатите додека добијат понуда за работа?
Влатко Палчевски: Што се однесува до процесот на регрутација, уште од самиот почеток Пантелеон ГС ги усвои добрите практики кои долги години наназад ги користат компаниите во САД за кои што работиме. Главните приоритети во процесот на селекција на потенцијалните кандидати се првично елиминирање на субјективното одлучување – што го надминуваме преку користење на софтверски платформи за профилирање на кандидатите кои се покажуваат како исклучително корисна алатка, како и скратување на целиот процес на регрутација само на неколку неопходни чекори. Сето ова ни овозможува поголема оперативност на страната на компанијата, а и попријатно искуство за сите кандидати.
Банкарство: Што можеме да очекуваме од Пантелеон ГС во иднина, од аспект на тоа каде сака да се позиционира вашата компанија кога е во прашање градењето на квалитетен тим на задоволни вработени?
Влатко Палчевски: Сето ова има совршена аргументација во она што е и мое лично и силно убедување, а и на целокупниот менаџмент тим на Пантелеон ГС, дека вложувајќи и градејќи посилен тим на професионалци ние и помагаме не само на нашата компанија, туку и пошироко на локалната заедница и на нашата земја.
Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности кои ќе бидат трајни и да ја приближи Македонија кон најразвиените светски пазари.
Интервјуа
Интервју | Д-р КАТЕРИНА БОШЕВСКА: Професионалното управување со побарувањата игра клучна улога за секоја економија

Банките и компаниите треба да продолжат да го доверуваат управувањето со побарувањата на надворешен партнер како што е ЕОЅ, бидејќи преку услугите за наплата и откуп на побарувања се дава значителна поддршка за компаниите и за економскиот систем. Преку оваа поддршка, тие ја враќаат ликвидноста, а истовремено помагаат граѓаните да се интегрираат повторно во системот овојпат ослободени од нивните задолжувања.
Покрај услугите за наплата и откуп на побарувања, компанијата ЕОЅ нуди услуги за меѓународна наплата на побарувањата исто така се’ повеќе наоѓаат своја успешна примена. Компаниите се свесни дека управувањето со побарувањата е една комплексна област, а особено кога нивните задоцнети и заостанати побарувања се наоѓаат кај субјекти кои се наоѓаат во странство. Мрежата на компании и партнери на ЕОЅ во 180 земји околу светот и експертизата на нивните вработени овозможува решавање на 99% од предметите без започнување на правна постапка, што значи помалку трошоци и побрзо разрешување на проблемот за компаниите. (more…)
Интервјуа
Чадиковски за АЕТМ: Комерцијална банка докажа дека е пионер во воведувањето напредни и клучни дигитални решенија

Комерцијална банка континуирано развива нови и современи решенија, генерално базирани на нови технологии, со цел да излезе во пресрет на новите потреби и навики на клиентите. Можноста за верификација на дигиталниот идентитет, надополнета со можноста за електронски потпис е клучна пресвртница за целосна трансформација на дигитализацијата во нашата земја, вели во интервју за АЕТМ, Киро Чадиковски, Директор на Дирекцијата за банкарски картички и платежни сметки во Комерцијална банка. (more…)
Интервјуа
Очекувања 2023 година | САНЕЛ КУСТУРИЦА, ШПАРКАСЕ БАНКА АД СКОПЈЕ

На почетокот на тековната 2023 година, се обраќаме до банките во Република С.Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи. (more…)
- Домашни банкипред 2 months
Халкбанк со тројца нови членови на Управниот одбор – Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 1 month
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 4 weeks
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 1 month
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Шпаркасе Банка го активираше порталот за тестирање на платформата за отворено банкарство