Connect with us

Интервјуа

Интервју | ВЕСНА ДАЦЕВА, СТББТ: Понудата на депозитни производи е целосно прилагодена на потребите на клиентите

Објавено

на

По повод месецот на штедење, кога се одбележува и меѓународниот ден на штедење (31 октомври) Банкарство спроведува низа интервјуа со посебен осврт на депозитите и штедењето.

На тема штедење и неговото значење за економијата, движењето на каматните стапки, алтернативите за штедење кои се достапни на пазарот, сигурноста на депозитите и банките и новитетите во овој сегмент разговараме со г-ѓа Весна Дацева, Директор на Сектор за работа со физички лица и микро клиенти во Стопанска Банка а.д. Битола.

Банкарство: Очигледен е растот на каматните стапки во изминатиот период. Банките имаат солидна понуда на депозити со фиксна каматна стапка и депозити со дополнителни влогови каде каматата расте со зголемувањето на рокот на штедење. На што се должи овој раст на каматните стапки и од што зависи истиот?

Весна Дацева: Понудата на депозитни производи на Стопанска банка а.д. Битола е широка и целосно прилагодена на потребите на клиентите. Во понудата преовладуваат депозити со фиксна каматна стапка кои секогаш се атрактивни за клиентите, бидејќи однапред можат да го пресметаат својот принос од штедењето, а истовремено нудат и поголема сигурност за нив. Го стимулираме постепеното штедење, а исто така нудиме повисоки каматни стапки за депозити со антиципативна исплата на камата и штедење на подолги рокови. Промената на каматните стапки, односно нивниот раст во последните месеци е предизвикан од глобалните економските случувања, порастот на инфлацијата, како и од инструментите на монетарната политика кои ги применува Народната банка. Во следниот период очекуваме минимални нагорни корекции во каматните стапки на депозитите, несомнено како резултат на претходно споменатите фактори. 

Банкарство: Веројатно за банките поатрактивни се големите штедни влогови и кај овие депозити можат да се понудат и поконкурентни каматни стапки. Но, во последно време мошне атрактивно е и постепеното штедење. Како да се формира здрава навика за штедење и редовно да се зголемува своето депозитно портфолио?

Весна Дацева: Позитивните трендови на орочување кај населението и одржување на стабилно депозитно јадро, се доказ за стабилноста и довербата која клиентите ја имаат во нас. Понудата на банката не се разликува драстично во зависност од висината на штедниот влог и сакам да потенцирам дека нам ни се подеднакво важни сите штедачи без оглед на висината на штедниот влог. Повремено правиме едукативни презентации во училишта и високо образовни институции, за да ја поттикнеме здравата навика на штедење кај младите, додека кон останатите клиенти нудиме производ што ќе одговара на неговите потреби.

Банкарство: Секој клиент има различни потреби, па оттука се јавува потребата и за диверзификација на производи со цел да се пресретнат овие потреби и барања на клиентите. Но, сепак банката не може да има безброј различни производи во својата понуда. Кои аспекти се земаат предвид при дефинирањето на производите?

Весна Дацева: При дефинирање на производите каматната стапка не е секогаш пресудна. Можноста за користење на влогот по потреба е едно од барањата на клиентите, понатаму исплата на каматата однапред или на месечно ниво се исто дел од очекувањата на клиентите. Во тој поглед сме флексибилни и се трудиме на секој клиент да му го понудиме најдобро можно решение. 

Банкарство: Сметате ли дека во Македонија се развива “asset management”? Клиентите имаат на располагање широка палета на производи како инвестициски фондови, животно осигурување, пензиски шеми, акции, берза, криптовалути итн. и се “натрупани” со секојдневни понуди, колку овие алтернативни се реална конкуренција на банките и штедењето?

Весна Дацева: Точно е дека изборот за вложување на слободните парични средства на клиентите станува поголем, па освен во вложувања во депозити во банки, се одлучуваат да инвестираат и во инвестициски фондови, пензиски шеми, животно осигурување и сл. Нашата улога е да ги советуваме клиентите за условите за вложување и за останатите алтернативи, по што самите би донеле правилна одлука во што ќе вложат. Секако да се има во предвид дека поголемиот принос е најчесто поврзан и со повисок ризик од вложувањето. 

Банкарство: За крај, кој ваш штеден производ би им го препорачале на клиентите и зошто?

Весна Дацева: Заради стимулирање на штедењето во денари, како и по повод на месецот на штедењето, банката промовираше долгорочен депозит на 60 месеци со фиксна каматна стапка. Веќе од воведувањето има голем интерес за орочување на овој тип на депозит, меѓу другото и поради поволната камата, која ќе се исплаќа на годишна основа. Во иднина продолжуваме со диверзифицирани производи за целосно задоволство на постоечките и идните клиенти.

Интервјуа

Интервју | ЉУПКА ЃОРГИЕВСКА: НЛБ Банка е финансиски супермаркет на иновативни штедни продукти

Објавено

на

По повод месецот на штедење, кога се одбележува и меѓународниот ден на штедење (31 октомври) Банкарство спроведува низа интервјуа со посебен осврт на депозитите и штедењето.

На тема штедење и неговото значење за економијата, движењето на каматните стапки, алтернативите за штедење кои се достапни на пазарот, сигурноста на депозитите и банките и новитетите во овој сегмент разговараме со г-ѓа Љупка Ѓоргиевска, Помошник на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Интервју | ЕМИЛИЈА НАЦЕВСКА, ВИЦЕГУВЕРНЕР НБ: И во услови на криза, депозитите растат – расте и денарското штедење

Објавено

на

Светот неколку години по ред се соочува со различни кризи, а овие случувања не ја заобиколија ниту Македонија, граѓаните на овие случувања реагираа на различни начини, но монетарната политика е соодвено поставена и ликвидноста на банкарскиот систем е во добра кондиција.

На тема справувањето со овие кризи од аспект на монетарната политика, улогата на основната каматна стапка во дефинирањето на ценовната стабилност, фиксниот девизен курс, движењето на депозитите и очекувањата за економскиот раст во периодот што следи разговараме со г-ѓа Емилија Нацевска, Вицегувернер на Народната банка на Република Северна Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Интервју | ДИМИТАР РИЗОВ, КАПИТАЛ БАНКА: Се повеќе клиентите се ориентираат кон онлајн депозитите

Објавено

на

По повод месецот на штедење, кога се одбележува и меѓународниот ден на штедење (31 октомври) Банкарство спроведува низа интервјуа со посебен осврт на депозитите и штедењето.

На тема штедење и неговото значење за економијата, движењето на каматните стапки, алтернативите за штедење кои се достапни на пазарот, сигурноста на депозитите и банките и новитетите во овој сегмент разговараме со г-дин Димитар Ризов, Директор на Сектор за физички лица во Капитал Банка АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Популарно