Интервјуа
Интервју | ЉУПКА ЃОРГИЕВСКА: НЛБ Банка е финансиски супермаркет на иновативни штедни продукти

По повод месецот на штедење, кога се одбележува и меѓународниот ден на штедење (31 октомври) Банкарство спроведува низа интервјуа со посебен осврт на депозитите и штедењето.
На тема штедење и неговото значење за економијата, движењето на каматните стапки, алтернативите за штедење кои се достапни на пазарот, сигурноста на депозитите и банките и новитетите во овој сегмент разговараме со г-ѓа Љупка Ѓоргиевска, Помошник на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје.
Банкарство: Клиентите сè повеќе бараат флексибилност од банката во која ќе ги депонираат средствата, односно да имаат можност да ги повлечат средствата во било кое време и на едноставен начин, а исто така и да отворат депозит онлајн. Можеме ли да кажеме дека вашата банка има понуда на депозити кои ќе ги задоволат потребите на овие клиенти?
Љупка Ѓоргиевска: Понудата на НЛБ Банка е разновидна и дизајнирана да задоволи потреби на различни сегменти на клиенти. Од нашето портфолио, клиентите можат да изберат постепено, скалесто и традиционално штедење, три различни депозитни продукти, секој со свои специфики кои одговараат на различните клиентски потреби.
Постепеното шетедење е дизајнирано за оние клиенти кои сакаат да штедат „малку по малку“ на подолг временски период и согласно своите можности да ги дефинираат износите на месечните заштеди. Традиционалното штедење нуди можност за избор на рочност и валута од страна на секој клиент поединечно согласно неговите преференци, а за поголеми износи на депозити нудиме и стимулативни каматни стапки. За клиентите кои ги споменувате, оние кои сакаат целосна флексибилност и можност за неограничен пристап до нивните орочени средства во секое време, НЛБ Банка го има скалестиот депозит кој нуди и повисока каматна стапка во зависност од износот на депозитот.
Депозит онлајн е дефинитивно на агендата и нешто на што интензивно се работи. Впрочем, дигитализацијата на сите банкарските производи и услуги е главна стратешка определба на НЛБ Банка, но развојот на поединечни дигитални функционалности е во согласност со побарувачката и нивното користење од страна на клиентите. Би сакала да споменам дека во изминативе неколку години, особено со Корона кризата, сè понагласена е промената на клиентските навики во контекст на нивна преориентација кон користење на различни услуги онлајн. Промената на навиките во најголем дел се должи на достапноста на овие сервиси, но и едноставноста при нивното користење. Веќе забележуваме доминантно учество на електронските трансакции во однос на трансакциите направени преку шалтер, но исто така и масовно користење на мобилниот кредит кој преку целосно автоматизиран процес овозможува брз, лесен и безбеден пристап до потребните финансиски средства. Охрабрени од ваквото позитивно искуство и прифатеноста на дигиталните услуги од страна на клиентите продолжуваме уште поактивно да работиме на дигиталниот развој.
Банкарство: Во последно време забележуваме дека мошне атрактивно е постепеното штедење. Дали сметате дека тоа најсоодветниот производ кој може да помогне и во зголемување на штедењето. Како да се формира здрава навика за штедење и која е улогата на банките во зголемување на свесноста за штедење?
Љупка Ѓоргиевска: Постепеното штедење е еден од основните штедни продукти на Банката кој најчесто се бара и користи од страна на клиентите. Би рекла дека речиси и да не постои клиент со редовни примања во Банката кој не го користи овој продукт. Можноста за избор на период на кој ќе се штеди, како и можноста за избор и промена на месечниот износ на заштеда го прават овој продукт флексибилен и едноставен за користење. Дополнително, начинот на кој истиот функционира, односно секој месец се заштедува одредена сума на пари, значително влијае врз креирање на свесностa и здравите навики за штедење.
Како системски значајна и општествено одговорна банка свесни сме за улогата и можностите кои ги имаме во насока на зголемување на финансиската писменост на нашиот пазар и поттикнување на навики за штедење. Затоа посветено и секојдневно работиме на ова поле – во нашите експозитури клиентите можат да добијат сеопфатен консалтинг и едукација при носење на нивните финансиски одлуки, а дополнително работиме и на проекти за финансиска едукација. Така на пример, традиционално во октомври повеќе од една деценија го одбележуваме „НЛБ Месецот на штедење“ со низа активности наменети пред сè за најмладите бидејќи веруваме дека здравите навики за штедење се создаваат уште од најрана возраст. Во рамките на „НЛБ Месецот на штедење“ ги вклучуваме децата од основните училишта и градинките и организираме презентации и претстави преку кои ги едуцираме за штедењето, но и за некоја друга општествено одговорна тема како што годинава, на пример, беше „Штедиме и создаваме изуми за подобар свет“. Воедно, организираме и наградни предизвици за основните училишта и ликовен конкурс на кој децата ја цртаат својата перцепција за штедењето, па со гордост и задоволство ќе кажам дека НЛБ Банка е „колекционер“ на повеќе од 20.000 детски цртежи кои низ годините пристигнаа на нашата адреса во текот на „НЛБ Месецот на штедење“.
Банкарство: Секој клиент има различни потреби, па оттука се јавува потребата и за диверзификација на производи со цел да се пресретнат овие потреби и барања на клиентите. Но, сепак банката не може да има безброј различни производи во својата понуда. Кои аспекти се земаат предвид при дефинирањето на производите?
Љупка Ѓоргиевска: Се согласувам, потребите на клиентите се навистина различни, па оттука и предизвикот за тимот која работи на креирање на продуктната понуда да се препознаат и издвојат најважните аспекти, имајќи ја предвид комплексноста која продуктите ја носат со себе, понудата на конкурентските банки и различните клиентски потреби, е навистина голем. Сепак, би сакала да истакнам дека при креирање на понудата на продукти на Банката, првенствено ги имаме предвид клиентските навики и потреби, но и новите трендови и технологии. Навистина се трудиме да креираме понуда која ќе биде атрактивна, конкурентна и во чекор со светските трендови, а клиентите ја препознаваат нашата иновативност и посветеност и ни ја даваат нивната доверба.
Банкарство: Дали во периодот што следи очекувате зголемено штедење и според вас кој е главен двигател на растот/падот на штедењето кај домашните банки? Дали клиентите се ценовно (каматно) сензитивни или сметате дека постојат и други фактори кои влијаат на штедењето, како на пример сигурноста на банката во која тие ги депонираат своите пари?
Љупка Ѓоргиевска: Депозитната база на целиот банкарски сектор, согласно последно објавените податоци од НБРСМ за депозити на ниво на банкарски сектор, бележи константен раст, што изразено низ бројки претставува 1.802 милиони евра или 30.9% раст во последните 5 години, заклучно со 30.09.2022 година. НЛБ Банка, во овој период остварува раст од 372 милиони евра или 37.4%. Во однос на мотивите или факторите за штедење дефинитивно би рекла дека доминираат довербата и сигурноста во банките и банкарскиот сектор генерално. Нашиот банкарски сектор покажува висок степен на стабилност и отпорност на кризи што е многу значајно за економијата во целост.
Од аспект на ценовната осетливост, депозитите како производ генерално се ценовно помалку чувствителни, а причините за штедење во најголема мера произлегуваат од други мотиви како што се: инвестиции за сигурна иднина, штедење за, како што велиме, “црни денови”, штедење за деца, во смисла за нивно образование, свадба, дом итн.
Банкарство: Сметате ли дека во Македонија се развива “asset management”? Клиентите имаат на располагање широка палета на производи како инвестициски фондови, животно осигурување, пензиски шеми, акции, берза, криптовалути итн. и се “натрупани” со секојдневни понуди, колку овие алтернативни се реална конкуренција на банките и штедењето?
Љупка Ѓоргиевска: Ме радува фактот што речиси сите продукти кои ги наведовте како иновации и новитети во светски рамки се веќе дел од понудата на НЛБ Банка. Следејќи ја нашата стратегија за унапредување на понудата и овозможување на сеопфатни финансиски услуги за клиентите ние навистина го збогативме нашето портфолио со небанкарски финансиски продукти кои овозможуваат оптимално управување со средствата на клиентите, ги задоволуваат нивните моментални и идни финансиски потреби и им обезбедуваат идна финансиска стабилност. Сите овие продукти претставуваат надополнување на стандардните депозити и одговараат на различните потреби на клиентите. Со ова практично НЛБ Банка станува еден вид на финансиски супермаркет на иновативни штедни продукти, но и на други финансиски производи и услуги.
Дополнително би кажала дека од аспект на ширината, можностите и потенцијалот за принос кои ги нудат овие “алтернативни” производи, дефинитивно, тие сè повеќе ќе го наоѓаат своето место меѓу клиентите. Сметам дека тука, ние банките, треба да ја преземеме улогата на активен едукатор со цел клиентите да ги препознаат придобивките кои ги носат овие продукти. На крај ќе заклучам, предизвикот да се трасира патот и да се воведат промените е навистина голем, но од друга страна, на долг рок отвора огромни потенцијали и помага во градење на долгорочни релации со клиентите и соработка базирана на меѓусебна доверба.
Банкарство: За крај, кој ваш штеден производ би им го препорачале на клиентите и зошто?
Љупка Ѓоргиевска: Лично ги препорачувам сите претходно споменати продукти, токму од аспект на различните бенефити кои ги нуди секој од нив: постепеното штедење заради можноста да се штеди “малку по малку”, животното осигурување заради осигурувањето на живот со штедна компонента, третиот пензиски фонд заради можноста за заштеда за пензионерски денови, а уделите во инвестициони фондови заради потенцијално повисок принос во споредба со класичниот облик на штедење.
Сепак, би ги повикала клиентите да не посетат во експозитурите каде нашите специјалисти ќе направат детална анализа на финансиските можности и потреби и на секој клиент поединечно ќе му подготват персонализирана понуда со план за штедење.
Интервјуа
Интервју | Д-р КАТЕРИНА БОШЕВСКА: Професионалното управување со побарувањата игра клучна улога за секоја економија

Банките и компаниите треба да продолжат да го доверуваат управувањето со побарувањата на надворешен партнер како што е ЕОЅ, бидејќи преку услугите за наплата и откуп на побарувања се дава значителна поддршка за компаниите и за економскиот систем. Преку оваа поддршка, тие ја враќаат ликвидноста, а истовремено помагаат граѓаните да се интегрираат повторно во системот овојпат ослободени од нивните задолжувања.
Покрај услугите за наплата и откуп на побарувања, компанијата ЕОЅ нуди услуги за меѓународна наплата на побарувањата исто така се’ повеќе наоѓаат своја успешна примена. Компаниите се свесни дека управувањето со побарувањата е една комплексна област, а особено кога нивните задоцнети и заостанати побарувања се наоѓаат кај субјекти кои се наоѓаат во странство. Мрежата на компании и партнери на ЕОЅ во 180 земји околу светот и експертизата на нивните вработени овозможува решавање на 99% од предметите без започнување на правна постапка, што значи помалку трошоци и побрзо разрешување на проблемот за компаниите. (more…)
Интервјуа
Чадиковски за АЕТМ: Комерцијална банка докажа дека е пионер во воведувањето напредни и клучни дигитални решенија

Комерцијална банка континуирано развива нови и современи решенија, генерално базирани на нови технологии, со цел да излезе во пресрет на новите потреби и навики на клиентите. Можноста за верификација на дигиталниот идентитет, надополнета со можноста за електронски потпис е клучна пресвртница за целосна трансформација на дигитализацијата во нашата земја, вели во интервју за АЕТМ, Киро Чадиковски, Директор на Дирекцијата за банкарски картички и платежни сметки во Комерцијална банка. (more…)
Интервјуа
Очекувања 2023 година | САНЕЛ КУСТУРИЦА, ШПАРКАСЕ БАНКА АД СКОПЈЕ

На почетокот на тековната 2023 година, се обраќаме до банките во Република С.Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи. (more…)
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 2 months
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 1 month
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Шпаркасе Банка го активираше порталот за тестирање на платформата за отворено банкарство
- Домашни банкипред 2 months
Граѓанската обврзница може да се купи во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка