Connect with us

Интервјуа

ОНЛАЈН ИНТЕРВЈУ со вработените во Халкбанк одговорни за услугата E-commerce

Објавено

на

Во онлајн интервју, вработените во Халкбанк АД Скопје отворено разговараат за значењето на услугата е-трговија, нејзините партнери, соработки, како се одвива е-трговијата во време на пандемија, нагласување на механизмите на заштита кои ги презема Халкбанк за безбедно и сигурно онлајн купување, информации за бонус поени и останати аспекти неопходни за развој на е-трговијата во земјава.

Кризата предизвикана од пандемијата со КОВИД-19 и сите ограничувања кои беа направени во земјава, како во работењето на продажните места, така и во ограничувањето на движењето, очигледно е дека придонесе за зголемување на свеста кај граѓаните дека со користење на онлајн услугите, едноставно, од својот  компјутер или мобилен телефон, можат да платат сметки, да извршат било какви трансакции, но и да направат нарачки на најразлични производи кои ќе им бидат доставени дома. Дали сметате дека трендот на зголемено користење на електронските услуги ќе продолжи и во иднина? 

(Атила Селим – Директор на Алтернативни Канали на Дистрибуција и Картично работење, Маркетинг)

Сигурно дека ќе продолжи дури и со позабрзана динамика. За жал ваквата несакана и неочекувана ситуација придонесе во подигнувањето на свеста на граѓаните, од каде што произлезе и дополнителната предност за дигитализацијата која придонесува за похигиенски пристап во извршувањето на финансиските трансакции и анализи. Поттикнати од потребата и налагањето хигиенски да се заштитат, нивната орирентација се насочи кон можностите за користење на електронските услуги чие што користење ќе овозможи да ги согледаат и останатите предности од нивното користење пред се заштедата на време, трошковните и безбедносните предности од каде што и произлегува заклучокот дека трендот на користењето на овие услуги ќе продолжи да расте и тоа во забрзана динамика кога веќе и пандемијата стана реалност.

Халкбанк согледувајќи ја тековната ситуација уште на самиот почеток се ориентира кон придонесот за граѓаните преку дигиталните канали. Сите плаќања до крајот на мај за физички лица се без провизија со нагласување дека и понатаму  овие провизии ќе бидат многу помали во споредба со трансакциите што се прават преку шалтер. 

Свеста за плаќање со картички ја иницираме и дополнително ја инициравме со давање бонус поени дури до 10% кај аптеките и континуирано доколку се прават нарачки кај нашите трговци кои нудат електронска трговија, како и  кај бензиските пумпи користејќи ги нашите кредитни картички. Воедно бевме и едни од главните иницијатори за подгнување на лимитот на бесконтактните плаќања на 2000 МКД и истото го промовиравме во насока на подигнување на хигиенската свест значајна во овој критичен период.

Интересот  кон Електронското банкарство драстично се зголеми, како и Електроската трговија која стана главна тема за трговците и дополнителен канал кој што веруваме дека по согледувањето на предностите ќе продолжат да го корситат и по надминувањето на оваа ситуација.

Она што е најважно дека многу граѓани сфатија дека користењето онлајн услуги не е комплицирано, туку е предност која ја носи денешното дигитално време.

Нашата земја има релативно ниско ниво на користење на електронските услуги, како во поглед на  користење на електронското банкарство, така и во поглед на плаќање со картички во трговијата, но и за купување онлајн. Често како причина за ова се спомнува стравот од злоупотреба на картичката? Колку е сигурно ваквото користење на картичките и вие како Банка какви безбедносни мерки преземате за да се оневозможат злоупотреби? 

(Атила Селим – Директор на Алтернативни Канали на Дистрибуција и Картично работење, Маркетинг)

Чуството на страв кога станува збор за парите е нешто што секогаш ќе биде причина и пречка за дигиталниот свет но она што особено радува е што оваа доверба континуирано расте на пазарот, а  кај нас  од година до година бројот на трансакции со картичките расте дури  до 30%, а кај трансакциите преку електронското банкарство до 20%. Довербата игра голема улога за што особено е важна покрај соодветната технологија, која што спречува злоупотреба, но и достапноста на банката за клиентите која што прави да се чуствуваат дека секогаш сме тука за нив реагирајќи брзо и навремено.

Технолошкиот аспект на безбедноста го вклучува PCI DSS (Payment Card Industry Data Security Standard) стандардот кој што банката го поседувала и континуирано е во процесите кон негово понатамошно следење и придржување како највисок стандард на безбедност кој што го диктира советот составен од клучните картични институции. Тоа за граѓаните  значи највисоко ниво на заштита на нивните податоци при користењето на картичките како инструмент за плаќање.

Дополнително СМС инфо опцијата која благовремено дава инфромации за направените трансакции како и автоматско Е-mail  известување при сите оnline купувања прави граѓаните да бидат 24/7 информирани на еден автоматизиран начин. 

Пристапот на сите дигитални канали како и плаќањата се базираат на OTP принцип, што значи генерирање на еднократна лозинка со напомена дека земајќи ја предвид безбедноста бевме една од првите банки кои што ја имплементираа 3D Secure Платформата каде што безбедноста за плаќања so картички online се издигнува на највисоко ниво. 

Секако дека технологијата е важна за безбедноста но сепак мислам дека човечкиот фактор е секогаш и секаде клучен  во сите ситуации така и во овој каде што се трудиме да бидеме секогаш блиски со граѓаните. Вбројувајќи се во големите банки според сегрегацијата на Народната банка значи и поголема одговорност во одржувањето на  контактот со поголем број на граѓани, a со цел да остенеме комплетно достапни за нив се имплементираше  комплетно модерен CALL центар од каде што може благовремено да се реагира  и да се информираат клиентите доколку се согледаат било какви не конвенционални сценарија кај нивните плаќања. Свесни сме дека чуството за сигурност во ваквите  ситуации  за клиентите се зголемува кога не контактираат или кога ние ги контактираме. 

Споделувајќи ја нашата голема благодарност, нашата достапност се докажа и со нашата присутност и во овој несакан период на пандемија каде што нашите колеги од филијалите и CALL центарот професионално и директно ги извршуваат своите активности за комплетно услужување на клиентите.     

Атила Селим

Халкбанк веќе подолг период е вклучена во нудење услуга e-commerce, односно овозможување отворање електронски продавници преку кои може на легален начин да се продаваат најразлични производи електронски. Со колку е-продавници соработувате и на кој начин се одвива оваа соработка? 

(Тина Петкоска)

Деновиве ја надминавме бројката од 200 е-трговци. Со крај на минатата година учеството на пазарот во однос на виртуелни продавници ни беше околу 20 %, а сега тој процент се зголемува  со оглед на новите трговци изминатиот период. Интересот за барања беше 4 пати поголем во однос на истиот период (март/април) минатата година што е навистина драстично зголемување. Драго ни е што палетата на веб продавници е најразлична односно содржи речиси секаков вид категорија/дејност на трговци, од оние кои нудат плаќање на сметки, комунални услуги до продавници за храна, играчки, книги, подароци, облека и производи за домот. Најразлични се и услугите, од хостинг до едукативни, осигурителни услуги, хотелски резервации, достава на пица до купување на карти. Со сите производи и услуги кои се продаваат online се олеснува денешниот начин на живот. 

Најчесто клиентите се тие кои не контактираат за е-трговија преку филијалите или директно до нашиот тим. Остануваме на располагање во текот на целиот процес на имплементацијата како и по стартување на е-продажбата за дополнителна поддршка во делот на online трансакциите, нови услуги или било какви прашања за кои клиентите имаат потреба од одговор. На тој начин развиваме одлична соработка како заемни партнери. Со поголема понуда на е-трговија се отвара поголем простор за нејзин раст и таа станува клучна алка во процесот на дигитализација.  Трговците пак добиваат можност за нов канал на продажба кој се покажува повеќе од потребен во моменталниве услови. 

Тина Петкоска

Што е потребно да се отвори е-продавница и дали тоа можат да го направат само правни или и можат и физички лица?

(Наташа Ристеска)

Поголемиот дел од клиентите кои не контактираа беа правни лица како и вообичаено и услугата ја нудиме само за правните лица. Моментално за да може да се отвори е-продавница потребно е клиентот да биде регистрирано правно лице.

Заинтересираните клиенти до нашиот тим доставуваат краток бизнис план со осврт на компанијата, краток опис на производот/услугата кои ќе се продаваат и нивните продажни цени, линк од веб или демо верзија која може да ја погледнеме. Согласно податоците доставени до нашиот тим се разгледува барањето и доколку е се прифатливо им се доставува финансиска понуда.

Со прифаќање на финансиската понуда клиентот потпишува документација за користење на услугата и  започнува со процесот на техничката имплементација на параметрите за да се овозможи плаќањето со платежни картички на нивната е-продавница. 

По успешно завршен процес на имплементација клиентите започнуваат со продажба на своите производи и услуги преку нивниот веб, а нашиот тим им стои на располагање за различни прашања и соработки во текот на целото работење, овозможена техничка поддршка  и различни маркетинг активности за промовирање на нашите е-commerce трговци. Моментално како дополнителни карактеристики се достапни можноста за Плаќање на рати, Reccuring Payments (повторувачко автоматизирано плаќање), Card on File (Токенизација на картичка), Bonus Кампањи.

Наташа Ристеска

Кои се предностите на е-продавниците и дали постои доволна информираност кај јавноста околу можноста за отворање на вакви продавници и начинот на нивното користење?  

(Анастас Докоски)

Предностите на On-line работењето во споредба со класичната продажба се повеќе, треба само да се согледаат и максимално да се искористат. Дел од предностите кои би ги спомнале се: иницијалната инвестиција за отварање на ВЕБ продавницата која е далеку пониска од отварање на физичка продавница, нема високи трошоци за кирија и уредување на просторот , може одлично да функционира со помал број на вработени, нема ограничувања во работното време и работи 24/7 па така најголем дел од продажбите се прават за викендите или во вечерните часови кога луѓето одмараат во своите домови. Една од најбитните предности  е можност да се продава до поголем број на клиенти без оглед на нивната локација и место на живеење. 

Во поглед на информираноста може слободно да се каже дека сеуште сме на некое незадоволително ниво и покрај нагорниот тренд кој го бележи е-трговијата изминатиов период. Треба уште многу да се работи на информирање и едукација на трговците за предностите на е-трговијата и дека тоа претставува легален начин на работење, а особено на оние помалите.

Сведоци сме на голем број на рекламирање и продажба на производи преку  социјалните мрежи од страна на физички лица и мали трговци што претставува и еден вид на сива економија која нема да се дозволи и  државата ќе се справува со истата , токму тука треба да се стави акцентот на промоција на е-трговијата  со цел да ги легализираат своите бизниси и да се искористат предностите. Само така ќе може  трговците да одговорат на трендовите и конкуренцијата, а воедно  и да ја зголемат довербата кај потенцијалните купувачите за користење на овој канал на продажба.

Анастас Докоски

Дали во овој период откако е воведена вонредната состојба имате зголемен број на барања за отворање на е-продавници? 

(Атила Селим – Директор на Алтернативни Канали на Дистрибуција и Картично работење, Маркетинг)

Со оглед на новонастанатата ситуација природно е фирмите свесно да се ориентираат  кон нови канали за продажба, иако посакуваме ова да остане како пракса и во нормални услови на функционирање бидејќи тоа ќе биде дополнителен бенефит за нив ширејќи ја достапноста на инфорамциите како  и продажбата на нивните производи.  Следствено  на ова и кај нас овој раст е зголемен дури до 4 пати.

Каква поддршка добиваа е-продавниците од банката во овој кризен период?

(Атила Селим – Директор на Алтернативни Канали на Дистрибуција и Картично работење, Маркетинг)

Пред се нивната промоција беше клучна за нас овој  период со цел да помогнеме во нивната продажба, а од друга страна граѓаните да бидат информирани за услугите кои што online може да се консумираат со оглед на ситуацијата.

Дополнително ова го подржуваме со Бонус поени за клиентите кои користаат наши кредитни картички, при купување кај нашите е-трговци.

Овој период е активна и кампањата на запознавање на нашите  е – трговци преку спотови каде што потенцијалните клиенти имаат прилика да се запознаени со искуставата на трговците  и предностите за е-трговијата како и  нашиот придонес за нивниот бизнис.

Дали очекувате дека и во земјава ќе дојде до раст на електронската трговија?

(Атила Селим – Директор на Алтернативни Канали на Дистрибуција и Картично работење, Маркетинг)

Мислам дека растот дефинитивно ќе се забрза бидејќи довербата се повеќе се зголемува и луѓето повеќе почнаат да купуваат и веруваат во овој канал. Ако клиентите согледаат дека има  систем којшто купениот продукт ќе го достави на соодветен начин, секако дека побарувачката се повеќе ќе расте. Поголемата побарувачка ќе придонесе и за зголемување на алтернативните канали како Е-трговија. 

Согледуваме дека конкуренцијата исто така придонесе од една област на трговци да почнуваат да доаѓаат повеќе барања за е-трговија, особено овој период кај маркетите и фирмите кои што вршеа достава на храна. Тоа што започна да се гледа  на Е-трговијата како конкурентска  предност мислам дека е дополнителна порака за позитвната иднина на овој канал.

Позитивниот тренд го гледам и во придонесот на Асоцијацијата за Електронска Трговија која  е особено активна и успешно ги поврзува сите клучни пилари во оваа област за подигнување на свеста, пред се државните институции од макро аспект, како и директна поддршка и советодавен пристап на идните трговци од микро аспект. 

Интервјуа

Како Комерцијална банка #РаботиОдДома

Објавено

на

Несомнено е дека коронавирусот COVID-19 има огромно влијание врз случувањата во светот. Мошне интересно е да се забележи дека светските и европските банкарски корпорации се прилагодуваат на “новото нормално” и применуваат промени во работењето согласно предизвиците кои ги наложува пандемијата. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Интервју со Маја Кадиевска-Војновиќ: Финтек индустријата во Македонија и улогата на небанкарскиот финансиски сектор во Северна Македонија и проекции за натамошен раст

Објавено

на

Маја Кадиевска Војновиќ е ангажирана како предавач на Американ Колеџ – Скопје. Својата професионална кариера ја започна во 2003 година во Народната банка на Република Македонија (НБРМ) во Дирекцијата за монетарна политика и истажување, кадешто држеше различни позиции, а во периодот од 2011-2018 година беше вицегувернер задолжен за Секторот на операции на финансиски пазари и платни системи. Во своето шеснаесет годишно искуство како централен банкар, на почетокот од својата кариера беше еден од основоположниците на макроекономските проекции на НБРМ. Како вицегувернер, активно беше вклучена во креирањето и спроведувањето на монетарна политика, во управувањето со девизните резерви и билансот на Централната банка. Учествуваше активно на годишните собранија на ММФ и Светска банка и при мисиите со меѓународните финансиски институции и кредит рејтинг агенции. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Интервју БЕРНД АХАЦ: Секоја криза претставува закана, но и можност…

Објавено

на

Г-динот Бернд Ахац, Член на Управниот одбор на Винер Лајф, со својот одличен менаџерски потенцијал и долгогодишното искуство во финансиите, успеа да внесе австриски шмек во компанијата која беше основана во 2010 година и за само неколку години од неа да создаде една од најдобрите и најпрепознатливи компании за животно осигурување во Р.Северна Македонија, која во својата палета нуди широк спектар на производи кои што се достапни и прифатливи за секој граѓанин. (more…)

Продолжи со читање

Популарно