Connect with us

Интервјуа

Интервју ГАБРИЕЛА МИЛЕНКОВИЌ [Комерцијална банка]: Кредитите за население со конкурентни услови и цени ни носат нови клиенти

Објавено

на

Актуелната кредитна понуда на Комерцијална банка АД Скопје е одлично прифатена од страна на клиентите, што резултураше со значително зголемена побарувачка и кредитна активност, особено за потрошувачките кредити, вели Габриела Миленковиќ, директор на Секторот за работа со население во Комерцијална банка АД Скопје. Таа за Банкарство.мк ја открива тајната на рецептот за моментално најатрактивниот потрошувачки кредит на банкарскиот пазар во земјава. 

Банкарство: Нивото на каматните стапки за кредитите за физички лица има тенденција на намалување. Комерцијална банка има актуелна промотивна понуда со намалени каматни стапки со важност до 31 октомври 2019 година. Како би го коментирале нивото на каматните стапки и дали тенденцијата на намалување е под влијание на политиките на НБРСМ или станува збор за внатрешна Одлука на банката?

Габриела Миленковиќ: Промотивната понуда на Комерцијална банка АД Скопје за потрошувачкиот кредит се однесува, пред се, на рочноста на кредитот, кој во периодот до 31.10.2019 година се нуди со рок на отплата до 10 години. Но, атрактивноста доаѓа и од каматните стапки на овој кредит, кои се најниски на пазарот за овој тип кредити. Трендот на намалување на каматните стапки е актуелен подолг временски период, а е под влијание на повеќе фактори, екстерни и интерни, пред се, на  макроекономските показатели и очекувања, конкуренцијата на банкарскиот пазар, цената на изворите на средствата, ликвидноста на банките, како и на показателите за нивото на кредитен ризик во сегментот кредитирање на население.

Банкарство: Во моментов најатрактивната понуда за потрошувачки кредит, согласно каматните стапки кои се понудени на пазарот и максималниот износ на кредит, како и едноставната процедура за одобрување е онаа на Комерцијална банка. Кажете ни нешто повеќе околу процесот на креирање на оваа понуда, кои беа појдовните основи при дефинирањето на условите?

Габриела Миленковиќ: Потрошувачкиот кредит е моментално најбараниот производ од палетата кредитни производи на Комерцијална банка АД Скопје, пред се поради атрактивните каматни стапки, кратката процедура за одобрување и достапноста преку повеќе дистрибутивни канали на банката. Условите се креирани во согласност со потребите на клиентите и можностите на банката, а како појдовна основа при нивно дефинирање беа анализата на пазарот, актуелните трендови во опкружувањето и анализата на карактеристиките на портфолиото кредити на население, со крајна цел зголемување на пазарното учество и на базата на клиенти на Комерцијална банка АД Скопје.

Банкарство: Како дел од вашата понуда за физички лица имате станбен кредит со фиксна каматна во првите 10 години, со каматна стапка од 3,5%, која е навистина атрактивна. Освен каматната стапка, кои се останатите конкурентски предности на овој кредит, кој игра важна улога во решавањето на станбеното прашање на голем број граѓани во Македонија?

Габриела Миленковиќ: Комерцијална банка АД Скопје во моментот нуди три опции на каматни стапки за станбен кредит со ЕУР клаузула, по избор на клиентот. Опцијата со фиксна каматна стапка од 3,5% во првите 10 години е најчестиот избор на клиентите бидејќи долгорочно е најисплатлива. Покрај поволните каматни стапки, банката им нуди можност на клиентите за минимално учество од 15% од купопродажната цена  доколку купуваат недвижен имот од градежни фирми со кои Комерцијална банка има склучено договори за деловна соработка. Рокот на отплата на станбениот кредит е до 30 години, а износот зависи од кредитната способност на клиентите и вредноста на обезбедувањето. Кредитот се одобрува со ниски административни трошоци и овозможува вклучување на уште двајца кредитоспособни ко-кредитобаратели, кои не мора да се во роднинска поврзаност. Најмалку еден од учесниците во кредитот мора да е во редовен работен однос на неопределено време и да ја прима платата на трансакциска сметка во Комерцијална банка АД Скопје. Од страна на вработените во банката клиентите секогаш добиваат совети со цел најоптимален избор на типот на станбен кредит, кој најмногу одговара на нивните потреби и можности.

Банкарство: Промотивните понуди, пред се за потрошувачки и станбени кредити веројатно придонесуваат кон зголемени активности во делот на кредитирање на населението. Како е прифатена понудата од страна на клиентите?

Габриела Миленковиќ: Актуелната понуда на банката имаше одличен одзив и прифатеност од страна на клиентите, што резултураше со значително зголемена побарувачка и кредитна активност, особено за потрошувачките кредити. Нашето досегашно искуство, исто така, покажува дека кредитните производи за население со конкурентни услови и цени привлекуваат нови клиенти, кои се повеќе вршат релевантна анализа и споредба на понудата на пазарот.

Банкарство: Клиентите на банката кои се корисници на услугата електронска банка имаат можност да аплицираат онлајн за кредитните производи. Која беше причината поради која одлучивте да овозможите онлајн аплицирање, кои се предностите доколку клиентот аплицира онлајн и дали во нешто се разликува постапката помеѓу стандардниот начин на аплицирање во филијалите и доколку апликацијата пристигне преку онлајн каналите на комуникација?

Габриела Миленковиќ: Новите трендови и развојот на технологијата несомнено наметнуваат нови канали и начини за обработка на кредитите. Од 15.07.2019 година, за корисниците на услугата електронско банкарство, кои користат опција за плаќање преку апликацијата, беше овоможено аплицирање онлајн, првенствено, за готовински ненаменски кредити, кои се поедноставни во однос на потребната документација за обработка. На овој начин на нашите клиенти им заштедивме време и избегнување на редовите бидејќи не мора да доаѓаат во просториите на банката за да поднесат барање за кредит. Клиентите имаат опција  да изберат во која организациона единица (филијала или експозитура) ќе го користат кредитот, како и да се информираат за статусот на барањето со електронска порака (одобрен/одбиен). Онлајн аплицирањето овозможува брза и едноставна обработка на барањето за кредит и брз повратен одговор до клиентите за статусот на барањето. Клиентите треба да дојдат во банката само при исплата на кредитот. Од неодамна, за корисниците на оперативниот систем Андроид воведовме опцијата  за онлајн аплицирање и преку услугата мобилно банкарство – Мбанка, која нуди уште побрза и поедноставна процедура, особено за прикачување на потребните документи. За корисниците на ИОС оперативниот систем оваа услуга ќе биде достапна наскоро.

Банкарство: Од аспект на користењето на можноста за онлајн аплицирање, дали оваа опција повеќе се користи од помладите или од повозрасните и колкав процент од апликациите за кредитни производи иницијално доаѓа преку електронската банка на Комерцијална?

Габриела Миленковиќ: Можноста за онлајн аплицирање повеќе ја користи помладата популација, но секако има и повозрасни  клиенти  кои  ги користат сите услуги на електронската банка. Со оглед на тоа што оваа услуга се воведе пред околу 2,5 месеци, процентот на онлајн апликации е значително помал во однос на бројот на апликации преку стандардниот начин на аплицирање, преку мрежата на филијали и експозитури. Искуствено, иако навиките на клиентите се менуваат малку побавно, дигитализацијата наметнува нови трендови, а со тоа во иднина се очекува зголемен интерес и број на интернет апликации за кредит.

Банкарство: Во фокусот на банката е кредитирањето на граѓаните, притоа банката располага го огромна база на клиенти/физички лица која е изградена низ годините. Управувањето со голема база на клиенти и податоци не е вооопшто едноставно и веројатно наложува големи инвестиции во дигитализација и насочување на клиентите кон алтернативните канали на комуникација. Каква е улогата на дигитализацијата во вашата банка и што можеме да очекуваме во иднина на ова поле со цел поедноставување на секојдневната комуникација со клиентите? 

Габриела Миленковиќ: Дигитализацијата на банкарските производи и услуги, како во светот, така и на нашиот пазар, претставува динамична и инспиративна категорија која секојдневно се менува, унапредува и отвора бројни можности за проширување и развој на современите канали на комуникација и дистрибуција. Како резултат на континуираното унапредување и дополнување со нови корисни можности, Интернет банката, како платформа, како и дигиталните банкарски производи и услуги кои Комерцијална банка АД Скопје им ги нуди на своите клиенти, се прилично високо оценети од страна на клиентите. Во таа насока, Комерцијална Банка АД Скопје постојано се стреми кон остварување уште подобра комуникација со клиентите, поефикасно задоволување на нивните потреби и барања и понуда на дополнителни услуги и производи. Континуираниот развој низ годините во работењето на банката овозможи најголем дел од финансиските услуги, кои порано беае достапни единствено на шалтерите, сега да бидат имплементирани и овозможени за користење преку интернет банкарството и останатите дигитални банкарски производи и услуги. Со тоа, потребата на клиентите за посета на банката е значително намалена, а интернет банкарството се повеќе ја засилува својата позиција како канал за дистрибуција на производите и услугите на Комерцијална банка до клиентите. Во периодот што следи очекуваме овој континуиран процес на развој да продолжи, со следење на светските трендови, како и на конструктивните предлози од нашите клиенти, кои несебично ги споделуваат со нас.

Интервјуа

Очекувања на менаџментот на Охридска банка АД Скопје за случувањата во банкарскиот сектор во 2020 година

Објавено

на

На почетокот на тековната 2020 година, се обраќаме до банките во Република Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Очекувања на менаџментот на Халкбанк АД Скопје за случувањата во банкарскиот сектор во 2020 година

Објавено

на

На почетокот на тековната 2020 година, се обраќаме до банките во Република Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Очекувања на менаџментот на Капитал Банка АД Скопје за случувањата во банкарскиот сектор во 2020 година

Објавено

на

На почетокот на тековната 2020 година, се обраќаме до банките во Република Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи. (more…)

Продолжи со читање

Популарно