Интервјуа
Интервју | ДИМИТАР РИЗОВ, КАПИТАЛ БАНКА: Се повеќе клиентите се ориентираат кон онлајн депозитите

По повод месецот на штедење, кога се одбележува и меѓународниот ден на штедење (31 октомври) Банкарство спроведува низа интервјуа со посебен осврт на депозитите и штедењето.
На тема штедење и неговото значење за економијата, движењето на каматните стапки, алтернативите за штедење кои се достапни на пазарот, сигурноста на депозитите и банките и новитетите во овој сегмент разговараме со г-дин Димитар Ризов, Директор на Сектор за физички лица во Капитал Банка АД Скопје.
Банкарство: Очигледен е растот на каматните стапки во изминатиот период. Банките имаат солидна понуда на депозити со фиксна каматна стапка и депозити со дополнителни влогови каде каматата расте со зголемувањето на рокот на штедење. На што се должи овој раст на каматните стапки и од што зависи истиот?
Димитар Ризов: Глобалното економско опкружување проследено со соодветните респонзивни мерки на релевантните монетарни власти неминовно го отворија патот на порастот на каматните стапки. Банките следејќи го трендот на монетарните движења ги прилагодија своите каматни политики кои резултираа како што споменавте со зголемување на каматите како на кредититите, така и следствено на депозитите.
Банкарство: Клиентите се повеќе бараат флексибилност од банката во која ќе ги депонираат средствата, односно да имаат можност да ги повлечат средствата во било кое време и на едноставен начин, а исто така и да отворат депозит онлајн. Можеме ли да кажеме дека вашата банка има понуда на депозити кои ќе ги задоволат потребите на овие клиенти?
Димитар Ризов: Секако, како банка со финансиска иновација која секогаш е во чекор со потребите на клиентите, нудиме одлична можност и флексибилност за клиентите кои сакаат да ги депонираат своите средства како и можност за повлекување на средствата. Се повеќе клиентите се ориентираат кон онлајн депозитите, бидејќи како резултат на случувањата во светското општество во последниве две и пол години, на некој начин придонесоа да се создадат поинакви човечки навики, обичниот човек спозна еден поинаков начин на остварување на своите планирани дневни активности заобиколувајќи ги традиционалните посети во банките, избегнувајќи редици на чекање штедејќи го своето време, драгоцено време. Со промена на навиките кај клиентите, неминовно се наметна потребата од креирање на брз, лесен и едноставен начин да склучат онлајн депозит, едноставно од било кое место и било кое време да се наоѓа клиентот.
Банкарство: Веројатно за банките поатрактивни се големите штедни влогови и кај овие депозити можат да се понудат и поконкурентни каматни стапки. Но, во последно време мошне атрактивно е и постепеното штедење. Како да се формира здрава навика за штедење и редовно да се зголемува своето депозитно портфолио?
Димитар Ризов: Менталниот склоп на секој човек е различен. Многу битно е на клиентите да им се понуди најадекватниот начин на штедење кој одговара на неговите потреби. Пресудна е умешноста на презентацијата на производот и препознавањето на потребите на клиентот, а со тоа и неговите можности да вложува секој месец одреден износ на средства. Со правилно пренесена и прифатената информација, клиентот на некој начин гледа и верува во Банката, се уверува дека искрено се грижите за него и неговите потреби, го стекнува впечатокот на лојалност која се нуди од Банката и најбитно ја започнувате соработката и со постојани напори ја задржувате истата, бидејќи само долгорочна соработка е успешна соработка.
Банкарство: Секој клиент има различни потреби, па оттука се јавува потребата и за диверзификација на производи со цел да се пресретнат овие потреби и барања на клиентите. Но, сепак банката не може да има безброј различни производи во својата понуда. Кои аспекти се земаат предвид при дефинирањето на производите?
Димитар Ризов: Точно така, секоја банка си има свој одреден тип на депозити кој ги нуди на клиентите водејќи се од претходно споменатите потреби и навики на клиентите, но и интерните стратегии и планови на Банката. Важен чекор при дефинирање на самиот производ, од досегашното искуство се покажало дека има висината на каматната стапка како и периодот на орочување, каде што Капитал Банка ја нуди фиксната каматна стапка во сите депозитни производи што не издвојува од останатите конкурентски банки. Ова секако, произлегува по претходно истражување на пазарот и стратегиските цели.
Банкарство: Какви се трендовите во светски рамки и дали истите се следат и во Македонија? Каков тип напредни производи повеќе се бараат од страна на клиентите (традиционално штедење наспроти иновативни производи)?
Димитар Ризов: Секако, Капитал Банка секогаш се стреми да понуди најиновативни решенија на пазарот, особено на поновите генерации кои се поткренувачи и поддршувачи на процесот на дигитализација на финансиските услуги. Со намалување на повоздрасната група на клиенти од постарите генерации кои го практикуваат традиционалното штедење, Капитал Банка посветува особено внимание со цел задоволување на нивните потреби и навики. Но, со неизбежната промена на генерациите, неминовен е процесот на дигитализација на финанасиските услуги и тоа со забрзано темпо.
Банкарство: Дали во периодот што следи очекувате зголемено штедење и според вас кој е главен двигател на растот/падот на штедењето кај домашните банки? Дали клиентите се ценовно (каматно) сензитивни или сметате дека постојат и други фактори кои влијаат на штедењето, како на пример сигурноста на банката во која тие ги депонираат своите пари?
Димитар Ризов: Клиентите секако дека се ценовно сензитивни, нормално е покрај сигурноста на вложените средства во банката да добијат и поволна каматна стапка која секако зависи и од износот на влогот кој го имаат депонирано во банката, но знаеме дека голем дел од клинетите најчесто гледаат своите депозити да бидат до максималната граница кој што може да биде обештетен од Фондот за осигурување на депозити.
Банкарство: Сметате ли дека во Македонија се развива “asset management”? Клиентите имаат на располагање широка палета на производи како инвестициски фондови, животно осигурување, пензиски шеми, акции, берза, криптовалути итн. и се “натрупани” со секојдневни понуди, колку овие алтернативни се реална конкуренција на банките и штедењето?
Димитар Ризов: Како што сите знаеме веќе постојат повеќе начини каде клиентите може да ги насочат/инвестираат своите средства каде тоа и го прават, но сепак сметам дека сеуште тие понуди не се реална конкуренција за штедењето во банките, бидејќи нивото на развој на нашето потесно општетствено опкружување, се уште претпочитува вложување односно штедење првенствено во банките, уживајќи ја довербата и стабилноста на банкарскиот систем во земјата
Нештата се изменија, но довербата во банките сепак остана.
Банкарство: За крај, кој ваш штеден производ би им го препорачале на клиентите и зошто?
Димитар Ризов: Капитал Банка, секогаш има најатрактивни депозитни производи на пазарот, но еден ќе го издвојам од останатите, а тоа е штедниот влог во евра кој моментално не прави многу далеку пред сите конкуренти со најдобра фиксна каматна стапка од 1,5% за период на орочување од 12 месеци.
Интервјуа
Интервју | Д-р КАТЕРИНА БОШЕВСКА: Професионалното управување со побарувањата игра клучна улога за секоја економија

Банките и компаниите треба да продолжат да го доверуваат управувањето со побарувањата на надворешен партнер како што е ЕОЅ, бидејќи преку услугите за наплата и откуп на побарувања се дава значителна поддршка за компаниите и за економскиот систем. Преку оваа поддршка, тие ја враќаат ликвидноста, а истовремено помагаат граѓаните да се интегрираат повторно во системот овојпат ослободени од нивните задолжувања.
Покрај услугите за наплата и откуп на побарувања, компанијата ЕОЅ нуди услуги за меѓународна наплата на побарувањата исто така се’ повеќе наоѓаат своја успешна примена. Компаниите се свесни дека управувањето со побарувањата е една комплексна област, а особено кога нивните задоцнети и заостанати побарувања се наоѓаат кај субјекти кои се наоѓаат во странство. Мрежата на компании и партнери на ЕОЅ во 180 земји околу светот и експертизата на нивните вработени овозможува решавање на 99% од предметите без започнување на правна постапка, што значи помалку трошоци и побрзо разрешување на проблемот за компаниите. (more…)
Интервјуа
Чадиковски за АЕТМ: Комерцијална банка докажа дека е пионер во воведувањето напредни и клучни дигитални решенија

Комерцијална банка континуирано развива нови и современи решенија, генерално базирани на нови технологии, со цел да излезе во пресрет на новите потреби и навики на клиентите. Можноста за верификација на дигиталниот идентитет, надополнета со можноста за електронски потпис е клучна пресвртница за целосна трансформација на дигитализацијата во нашата земја, вели во интервју за АЕТМ, Киро Чадиковски, Директор на Дирекцијата за банкарски картички и платежни сметки во Комерцијална банка. (more…)
Интервјуа
Очекувања 2023 година | САНЕЛ КУСТУРИЦА, ШПАРКАСЕ БАНКА АД СКОПЈЕ

На почетокот на тековната 2023 година, се обраќаме до банките во Република С.Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи. (more…)
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 2 months
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 1 month
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Шпаркасе Банка го активираше порталот за тестирање на платформата за отворено банкарство
- Домашни банкипред 2 months
Граѓанската обврзница може да се купи во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка