Интервјуа
Интервју | АМИР ШАБАНИ, ФОДСК: Фондот за осигурување на депозити е еден од столбовите на финансиската стабилност

Во октомври, месецот на штедење, кога се одбележува и меѓународниот ден на штедење (31 октомври) Банкарство спроведува низа интервјуа со посебен осврт на депозитите и штедењето.
На тема штедење и сигурноста на депозитите во банките и штедилниците, осигурениот праг на депонирани средства, начинот на исплата на обесштетување, комуникацијата со штедачите и инвестирањето на средствата со кои располага Фондот разговараме со г-дин Амир Шабани, Директор на Фондот за осигурување на депозити.
Банкарство: Велите дека банките и штедилниците се должни да ги осигураат депозитите на граѓаните. Дали сите депозити се осигуруваат, без разлика на износот имајќи предвид дека се гарантира 100% исплата само на оние граѓани кои имаат депозити до 30.000 евра во денарска противвредност?
Амир Шабани: Согласно Законот за Фондот за осигурување на депозити банките, филијалите на странски банки и штедилниците во Фондот за осигурување на депозити задолжително плаќаат премија на осигурување пресметана врз основа на вкупните депозити на населените.
Фондот гарантира исплата на обесштетување на депозити во максимален износ до 30.000 евра во денарска противвредност. Тоа значи дека се обесштетуваат депонентите кои имаат до 30.000 евра во една банка, но и оние кои имаат повеќе од 30.000 евра, но со максимален праг на обесштетување од 30.000 евра.
Банкарство: На кој начин се одвива осигурувањето на депозитите, односно со која динамика банките и штедилниците префрлуваат средства за осигурување на депозитите и во кој износ се овие средства?
Амир Шабани: Членките на Фондот за осигурување на депозити плаќаат месечна премија за осигурување во износ од 0,25% од вкупниот износ на депозити на население од претходниот месец.
Во месец септември 2022 година Фондот наплатил вкупно 67 милиони денари премија од своите членки.
Банкарство: Што се случува доколку одредена банка одобри повластени каматни стапки за штедење. Дали овој депозит (доколку е на износ до 30.000 евра) е во целост осигурен или со одобрувањето на каматни стапки кои се повластени условно кажано се губи загарантираното осигурување во случај на ризичен настан?
Амир Шабани: Законот за Фондот за осигурување на депозити е јасен во тој дел. Согласно член 10, став 1, точка 1 депозитите на кои им биле дадени привилегирани каматни услови, различни од оние објавени во банката, филијалата на странската банка или штедилницата не се обесштетуваат. Оттука, ваквите депозити без разлика дали се во износ до или над 30.00 евра немаат право на обесштетување во случај на ризичен настан. Депонентите да внимаваат за ризикот кој го преземаат при прифаќање на ваквите производи кои ги нудат банките.
Банкарство: Чии депозити не се осигурани, односно не се обесштетуваат од страна на Фондот, без разлика на износот на депонирани средства?
Амир Шабани: Согласно член 10 од Законот за Фондот за осигурување на депозити, депозити што не се обесштетуваат се:
- Депозити на кои им биле дадени привилегирани каматни услови, различни од оние објавени во банката, филијалата на странската банка или штедилницата;
- Депозити на депоненти сопственици на над 5% од акциите со право на
- управување со банката, филијалата на странската банка или штедилницата и нивни роднини од прв степен;
- Депозити на членови на органите на управување на банката, филијалата на странската банка или штедилницата и нивни роднини од прв степен;
- Депозити кои се поврзани со трансакции со кои се вршело перење пари доколку прекршителот е осуден и казната е во сила.
Исто така, важно е да напоменеме дека во случај кога депонентот има обврски кон банката, филијалата на странската банка или штедилницата вкупниот износ на депозити на депонентот се намалува за износот на обврските на депонентот кон банката, филијалата на странската банка или штедилницата, при исплата на обесштетување.
Банкарство: На кој начин Фондот за осигурување на депозити располага со средствата, односно каде ги пласира истите?
Амир Шабани: Фондот своите средства ги инвестира во државни записи од Министерството за финансии. Се работи за краткорочни хартии од вредност со рок на доспевање од 12 месеци, со низок ризик и прифатлива каматна стапка, сето во согласност со инвестиционата политика на Фондот.
Банкарство: Во услови на голема криза поврзана со пандемијата, Фондот за осигурување на депозити се соочи со можеби најголемиот предизвик во досегашното функционирање, а тоа е стечајот на Еуростандард Банка АД Скопје. Сметате ли дека исплатата на оштетените штедачи успешно се спроведе/спроведува и во кој обем досега се исплатени штедачите?
Амир Шабани: Точни се Вашите забелешки дека Фондот за осигурување на депозити, во летото 2020 година кога сите се соочувавме со најголемата криза поврзана со пандемијата, се соочи со исплатата на депонентите физички лица од Еуростандард Банка АД Скопје во стечај.
Особено сме горди на оваа исплата бидејќи од моментот кога го примивме Конечниот список на депоненти со право на обесштетување од стечајниот управник во рок од 36 часа бевме подготвени да почнеме со исплата.
Истата започна на 15 септември 2002 година преку 4 банки исплатувачи и во првиот месец на исплата имавме рекордна исплата од 70% од вкупниот пресметан износ на обесштетување. Во светот на осигурувањето на депозити ова може да се смета за рекорд и тоа во услови на пандемија. До денес, во првите две години од исплатата на обесштетувањето на Еуростандард Банка АД Скопје во стечај имаме процент на исплата од 90,94% од вкупното пресметано обесштетување или во број на депоненти 12.664.
Вкупниот број на депоненти изнесуваше 137.111, но 100.000 од нив имаат депозити во износ до 1.000 денари, или 16 евра и истите не се заинтересирани да го остварат своето право на обесштетување.
Исто така, во текот на овие 2 години Фондот има обработено преку 300 предмети за исплата на наследници на починати депоненти од Еуростандард Банка АД Скопје во стечај.
Банкарство: Во постојана комуникација сте со штедачите, без разлика во која банка или штедилница истите се депоненти. Кои аспекти се најзначајни за нив како штедачи, односно за кои информации најчесто се обраќаат штедачите до вас како институција и дали сметате дека банките и штедилниците обрнуваат доволни внимание за да ги информираат своите штедачи за сите карактеристики на депозитните производи кои ги користат?
Амир Шабани: Секако, наша основна цел е заштита на депозитите на депонентите – физички лица од банкарскиот сектор во Република Северна Македонија. Прашања има многу. Најчесто се интересираат дали прагот на обесштетување се однесува на едно лице во една банка или во сите банки. Имено, прагот на обесштетување важи за едно физичко лице по банка. Да биде појасно, ако едно лице има депозити во повеќе банки, секој од тие депозити е осигурен до износ од 30.000 евра во денарска противвредност или 1,8 милиони денари.
Исто така, има доста кои се интересираат за повластените каматни стапки, прашање за кое веќе дадовме одговор.
Наша препорака до сите депоненти е да се информираат во своите банки за сите прашања кои ги интересираат во врска со нивните депозити, а кај нас во секое време можат да се обратат за било какви информации во врска со осигурувањето на нивните депозити.
Банкарство: За крај, можеме ли да кажеме дека депозитите се безбедни во банките и штедилниците во Република Северна Македонија?
Амир Шабани: Банкарскиот систем во Република Северна Македонија е ликвиден и капитализиран. Годинава во јули е усвоен и Законот за финансиска стабилност, со кој ќе се зајакне координацијата за макропрудентната политика и надзорот врз финансискиот систем, како и за останатите законски иницијативи коишто ќе овозможат подобра финансиска стабилност. Фондот за осигурување на депозити е еден од столбовите на финансиската стабилност и веќе неколку пати е докажан како брз и ефикасен систем преку кој се обесштетуваат депонентите на банките во стечај или ликвидација. Фондот остварува приходи и постојано го јакне својот финансиски капацитет. Да, депозитите во банките и штедилниците во Република Северна Македонија се безбедни и заштитени преку нашата институција.
Интервјуа
Интервју | Д-р КАТЕРИНА БОШЕВСКА: Професионалното управување со побарувањата игра клучна улога за секоја економија

Банките и компаниите треба да продолжат да го доверуваат управувањето со побарувањата на надворешен партнер како што е ЕОЅ, бидејќи преку услугите за наплата и откуп на побарувања се дава значителна поддршка за компаниите и за економскиот систем. Преку оваа поддршка, тие ја враќаат ликвидноста, а истовремено помагаат граѓаните да се интегрираат повторно во системот овојпат ослободени од нивните задолжувања.
Покрај услугите за наплата и откуп на побарувања, компанијата ЕОЅ нуди услуги за меѓународна наплата на побарувањата исто така се’ повеќе наоѓаат своја успешна примена. Компаниите се свесни дека управувањето со побарувањата е една комплексна област, а особено кога нивните задоцнети и заостанати побарувања се наоѓаат кај субјекти кои се наоѓаат во странство. Мрежата на компании и партнери на ЕОЅ во 180 земји околу светот и експертизата на нивните вработени овозможува решавање на 99% од предметите без започнување на правна постапка, што значи помалку трошоци и побрзо разрешување на проблемот за компаниите. (more…)
Интервјуа
Чадиковски за АЕТМ: Комерцијална банка докажа дека е пионер во воведувањето напредни и клучни дигитални решенија

Комерцијална банка континуирано развива нови и современи решенија, генерално базирани на нови технологии, со цел да излезе во пресрет на новите потреби и навики на клиентите. Можноста за верификација на дигиталниот идентитет, надополнета со можноста за електронски потпис е клучна пресвртница за целосна трансформација на дигитализацијата во нашата земја, вели во интервју за АЕТМ, Киро Чадиковски, Директор на Дирекцијата за банкарски картички и платежни сметки во Комерцијална банка. (more…)
Интервјуа
Очекувања 2023 година | САНЕЛ КУСТУРИЦА, ШПАРКАСЕ БАНКА АД СКОПЈЕ

На почетокот на тековната 2023 година, се обраќаме до банките во Република С.Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи. (more…)
- Домашни банкипред 2 months
Халкбанк со тројца нови членови на Управниот одбор – Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 1 month
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 4 weeks
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Шпаркасе Банка го активираше порталот за тестирање на платформата за отворено банкарство