Интервјуа
Интервју | КАТЕРИНА ЈАНКОВИЌ, ШПАРКАСЕ БАНКА: Креираме производи кои одговараат на потребите на клиентите

Во октомври, месецот на штедење, кога се одбележува и меѓународниот ден на штедење (31 октомври) Банкарство спроведува низа интервјуа со посебен осврт на депозитите и штедењето.
На тема штедење и неговото значење за економијата, движењето на каматните стапки, алтернативите за штедење кои се достапни на пазарот, сигурноста на депозитите и банките и новитетите во овој сегмент разговараме со г-ѓа Катерина Јанковиќ, Директорка на Сектор Население во Шпаркасе Банка АД Скопје.
Банкарство: Очигледен е растот на каматните стапки во изминатиот период. Банките имаат солидна понуда на депозити со фиксна каматна стапка и депозити со дополнителни влогови каде каматата расте со зголемувањето на рокот на штедење. На што се должи овој раст на каматните стапки и од што зависи истиот?
Катерина Јанковиќ: Шпаркасе Банка АД Скопје има широка палета на депозитни производи. Континуирано ги следиме трендовите како и потребите на нашите клиенти и согласно тоа креираме нови депозитни производи и ја прилагодуваме нашата понуда. Нашите депозитни продукти имаат фиксна каматна стапка за целото времетраење на орочувањето што секако е бенефит и влева дополнителна сигурност и предвидливост кај клиентите за тоа што може да очекуваат како вкупна камата до крајот на орочувањето.
Со цел да бидеме флексибилни и да овозможиме клиентите кои немаат значаен еднократен влог сепак да имаат можност за штедење, ние креиравме посебен производ наречен “штеден план” за постепено штедење врз основа на отворен траен налог. Сакајќи да бидеме навистина на ниво на очекувањата, ние го создадовме и атрактивниот “депозит прогрес“ и на тој начин на клиентите им нудиме можност за флексибилност преку дополнителни влогови или повлекувања но и растечки приноси.
На креирањето на ценовната политика пак, влијаат повеќе фактори. Во последно време како резултат на случувањата на светската економска сцена, инфлацијата, монетарната политка и мерките кои се превземаат од страна на Централната Банка несомнено дојде и до промени и раст на каматите на депозитите.
Банкарство: Клиентите се повеќе бараат флексибилност од банката во која ќе ги депонираат средствата, односно да имаат можност да ги повлечат средствата во било кое време и на едноставен начин, а исто така и да отворат депозит онлајн. Можеме ли да кажеме дека вашата банка има понуда на депозити кои ќе ги задоволат потребите на овие клиенти?
Катерина Јанковиќ: Нашите производи се креирани на начин да обезбедат флексибилност и да одговараат на потребите на клиентите. Од она што го гледаме во праксата многу ретко се случува да бараат превремено повлекување на депозитите пред се поради довербата која ја имаат во Банката. Но, во случај да има таква потреба, ние секако настојуваме да делуваме рационално и да ги понудиме сите можности. Клиентите во вакви ситуации кога имаат непланирана ликвидносна потреба, во нашата Банка можат да добијат средства во вид на кредит и сепак да ја зачуваат својата заштеда.
Како Банка која има недвосмислена долгорочна стратегија да биде високо во изборот на клиентите за Банка, континуирано инвестираа во напредни технологии кои заедно придонесуваат за врвно корисничко искуство на нашите клиенти. Светските трендови одат и кон се поголема дигитализација во интеракцијата меѓу банките и клиентите и наша заложба е да бидеме во чекор со ова. Токму затоа ја развивме и можноста клиентите корисници на депозит прогрес преку апликацијата за мобилно банкарство да можат да вршат дополнителни вложувања. Во таа насока и ќе продолжиме во следниот период со намера да овозможиме и иницијално онлајн отварање на депозит.
Онлајн услугите, мобилните апликации како и веб сервисите се се поприсутни, нивните функционалности континуирано ги подобруваме, ја шириме палетата на производи и услуги кои се достапни преку нив, се со една цел, да бидеме поблиску до нашите клиенти, да овозможиме за нив конформни начини на интеракција со Банката без да мора да посетат експозитура. На некој начин, да имаме врвна услуга согласно очекувањата на сите типови на клиенти.
Банкарство: Веројатно за банките поатрактивни се големите штедни влогови и кај овие депозити можат да се понудат и поконкурентни каматни стапки. Но, во последно време мошне атрактивно е и постепеното штедење. Како да се формира здрава навика за штедење и редовно да се зголемува своето депозитно портфолио?
Катерина Јанковиќ: Сметам дека не треба да се прави разлика во однос на големината на штедните влогови во смисла на тоа дека секој влог е влог. Секој клиент е добредојден во Шпаркасе банка. Ние како Банка имаме долга традиција во областа на штедењето и во таа насока секогаш охрабруваме здрави навики за штедење од најрани возрасти. Секако за таа намена имаме и посебен производ – детско штедење.
Но штедењето не е врзано со возрасти и од таа причина како што наведов предходно, креираме разни штедни призводи токму за да излеземе во пресрет на желбите и потребите на што поголем дел на нашите клиенти. Особено внимание посветуваме и на едуцирање на нашите клиенти а во насока на укажување и развивање на се поголема свесност за штедењето.
Банкарство: Секој клиент има различни потреби, па оттука се јавува потребата и за диверзификација на производи со цел да се пресретнат овие потреби и барања на клиентите. Но, сепак банката не може да има безброј различни производи во својата понуда. Кои аспекти се земаат предвид при дефинирањето на производите?
Катерина Јанковиќ: Можам да се сложам дека постојат различни потреби но и очекувања од страна на клиентите. Ние ги слушаме нашите клиенти и креираме производи кои ќе ги задоволат нивните потреби.
Но сепак, сите тие имаат одреден број на заеднички елементи кои ги преточуваме во производите кои ги нудиме. При тоа, секогаш настојуваме да ги третираме како жива материја, која постојано се менува и треба да се менува во насока на прилагодување на она што навистина им е потребно на клиентите. Во досегашното искуство се докажа дека советодавната улога на нашите вработени е од исклучителна важност за клиентите а со цел продажба на “вистинскиот” производ.
Банкарство: Какви се трендовите во светски рамки и дали истите се следат и во Македонија? Каков тип на предни производи повеќе се бараат од страна на клиентите (традиционално штедење наспроти иновативни производи)?
Катерина Јанковиќ: Генерално се следат светските трендови во областа на Банкарството, вклучително и кај штедењето. Големиот број на депозитни производи со различни можности, различни рочности, можности за дополнителни вложувања, можност за растечка каматна стапка во периоди, детското штедење, можноста за склучување на траен налог преку кој на одредена фрекфенција имате можност да го дополнувате својот штеден влог или истото можете да го направите преку мобилна апликација е показател за обидите што поблиску да го донесеме штедењето кон клиентите и да им дадеме можност да бираат што е најповолно за нив. Традиционалните видови на штедење се сеуште популарни но трендовите отвараат можност за поголема флексибилност и кај продуктите и кај интеракцијата со Банката па верувам дека во иднина тоа ќе станува се повеќе популарно.
Банкарство: Дали во периодот што следи очекувате зголемено штедење и според вас кој е главен двигател на растот/падот на штедењето кај домашните банки? Дали клиентите се ценовно (каматно) сензитивни или сметате дека постојат и други фактори кои влијаат на штедењето, како на пример сигурноста на банката во која тие ги депонираат своите пари?
Катерина Јанковиќ: Ние сме дел од групација која постои 2 века на пазарот. Сигурноста и стабилноста се без дилема основа во нашето функционирање. Секако дека кај населението при изборот на Банка ова има големо а во најголем број на случаи и клучно влијание.
За жал, моменталните случувања и неизвесноста делуваат негативно и реномето на банката очекувано е да има значајна улога при носењето на одлуката за штедење како и изборот на Банката. Да бидеме реални, не треба да се исклучи и ценовниот фактор.
Сепак со тоа се осигурува некој вид на сигурен приход во одреден временски период. Но не само овие два фактора, влијание има и квалитетот на услугата, достапноста на сервисите, дизајнот и функционалностите на производот. Затоа сметам дека одлуката на граѓаните околу штедењето е комбинација од повеќе фактори.
Банкарство: Сметате ли дека во Македонија се развива “asset management”? Клиентите имаат на располагање широка палета на производи како инвестициски фондови, животно осигурување, пензиски шеми, акции, берза, криптовалути итн. и се “натрупани” со секојдневни понуди, колку овие алтернативни се реална конкуренција на банките и штедењето?
Катерина Јанковиќ: Сметам дека е добро да се има конкуренција, тоа секогаш води кон подобрување на перформансите. Добро е што граѓаните имаат можност да бираат во кој продукт ќе ги вложат односно инвестираат своите средства. Ние како Банка покрај традиционалното штедење на нашите клиенти им нудиме можност и за инвестициско банкарство, застапници сме во осигурување како и соработуваме со еден од пензиските фондови со што и тие можности им ги приближивме на клиентите. На овој начин, клиентите може на едно место да одберат што е за нив најповолна можност.
Банкарство: За крај, кој ваш штеден производ би им го препорачале на клиентите и зошто?
Катерина Јанковиќ: Како одговорна институција имаме за секого соодветна понуда.
На нашите најмали клиенти им го препорачувам детското штедење. На младите вработени кои се посветени на поставување на постулатите на својот живот и во фаза на инвестиции – штеден план. На оние кои им треба флексибилност – депозит прогрес. Клиентите кои имаат веќе одредени заштеди, за кои честопати велиме дека успеле да се изборат со најголем дел од животните предизвици – традиционалниот депозит. Токму кај традиционалниот депозит во денари – “Депозит Плус” до крајот на годината имаме промотивна понуда со атрактивни каматни стапки.
Секако нашите вработени се на располагање да ја понудат најдобрата варијанта согласно потребите на секој поединечен клиент и со своето знаење да ја дадат сета неопходна поддршка.
Интервјуа
Интервју | Д-р КАТЕРИНА БОШЕВСКА: Професионалното управување со побарувањата игра клучна улога за секоја економија

Банките и компаниите треба да продолжат да го доверуваат управувањето со побарувањата на надворешен партнер како што е ЕОЅ, бидејќи преку услугите за наплата и откуп на побарувања се дава значителна поддршка за компаниите и за економскиот систем. Преку оваа поддршка, тие ја враќаат ликвидноста, а истовремено помагаат граѓаните да се интегрираат повторно во системот овојпат ослободени од нивните задолжувања.
Покрај услугите за наплата и откуп на побарувања, компанијата ЕОЅ нуди услуги за меѓународна наплата на побарувањата исто така се’ повеќе наоѓаат своја успешна примена. Компаниите се свесни дека управувањето со побарувањата е една комплексна област, а особено кога нивните задоцнети и заостанати побарувања се наоѓаат кај субјекти кои се наоѓаат во странство. Мрежата на компании и партнери на ЕОЅ во 180 земји околу светот и експертизата на нивните вработени овозможува решавање на 99% од предметите без започнување на правна постапка, што значи помалку трошоци и побрзо разрешување на проблемот за компаниите. (more…)
Интервјуа
Чадиковски за АЕТМ: Комерцијална банка докажа дека е пионер во воведувањето напредни и клучни дигитални решенија

Комерцијална банка континуирано развива нови и современи решенија, генерално базирани на нови технологии, со цел да излезе во пресрет на новите потреби и навики на клиентите. Можноста за верификација на дигиталниот идентитет, надополнета со можноста за електронски потпис е клучна пресвртница за целосна трансформација на дигитализацијата во нашата земја, вели во интервју за АЕТМ, Киро Чадиковски, Директор на Дирекцијата за банкарски картички и платежни сметки во Комерцијална банка. (more…)
Интервјуа
Очекувања 2023 година | САНЕЛ КУСТУРИЦА, ШПАРКАСЕ БАНКА АД СКОПЈЕ

На почетокот на тековната 2023 година, се обраќаме до банките во Република С.Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи. (more…)
- Домашни банкипред 2 months
Халкбанк со тројца нови членови на Управниот одбор – Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 1 month
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 4 weeks
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 1 month
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Шпаркасе Банка го активираше порталот за тестирање на платформата за отворено банкарство