Домашни банки
In memoriam М-р Јаким Ивановски


Во 88 година од животот во Скопје, почина М-р Јаким ИВАНОВСКИ македонски стопанственик, општественик. Роден е во с. Лазарополе, во 1933 година, дипломирал и магистрирал на Економскиот факултет во Скопје.
Во тек на својот работен век извршувал бројни функции: директор на Индустријата за кожи „Борис Кидрич“ – Битола, претседател на Извршниот одбор на општина Битола (1974-1979), функционер во органите на Стопанската комора на СФРЈ и СРМ. М-р Јаким Ивановски бил пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на Либералната партија во првиот и вториот парламентарен состав (1990-1998).
Во 1978 година бил именуван за индивидуален работоводен орган на Стопанска Банка-Основна Банка-Битола и оваа функција ја извршува во два мандати до 1995 година. По издвојувањето од Стопанска банка – здружена банка Скопје, беше именуван за генерален директор на Стопанска банка а.д. Битола, функција која ја обавуваше до пензионирањето во 2008 година со навршени 51 година работен стаж.
Во овој период банката што ја раководи, од списанието „Finance Central Europe“ три години по ред (2003, 2004 и 2005) е прогласувана за најдобра банка во Македонија, а директорот три пати едноподруго е носител на престижната титула „Банкар на годината“.
Беше член на управниот одбор на Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија, како и бројни здруженија од овааа област, а неговата лична и професионална експертиза беше исклучително ценета од банкарската, финансовата и стопанската фела на Македонија.
Домашни банки
Стопанска банка а.д. Битола оствари добивка од 6,05 милиони денари во првите три месеци од 2021 година


Стопанска банка а.д. Битола и во првиот квартал од 2021 година го продолжи трендот на остварување позитивни финансиски резултати. Иако повеќе од една година Банката се справува со предизвиците наметнати од пандемијата со ковид-19, и понатаму го задржа фокусот кон остварување на клучните стратешки цели, дејствувајќи во насока на наплата на дел од нефункционалните побарувања, а истовремено продолжувајќи со кредитна поддршка на правните субјекти и на домаќинствата, притоа максимално залагајќи се за безбедноста на клиентите при користењето на услугите на Банката, како и за безбедност на вработените на работните места. (more…)
Домашни банки
УНИБанка „Супер потрошувачки кредит“ и камата од 4,25% – фиксна за првите 2 години


Супер потрошувачкиот кредит од УНИБанка АД Скопје со атрактивна каматна стапка од само 4,25% фиксна за првите 2 години и 6,25 % фиксна за останатиот период вклучува и дополнителна сигурност за клиентите – Полиса за ризико осигурување од Кроација Осигурување. (more…)
Домашни банки
ПроКредит Банка прва банка во земјата со 70% електричен возен парк


ПроКредит Банка е општестевно одговорна компанија и во секојдневното работење се стреми да придонесе за зачувување на животната средина и намалување на негативното влијание врз неа. Континуирано се залага и вложува во сопствената еко иницијата #СеГрижамДелувамМенувам која придонесува кон почисто окружување и подобар квалитет на животот. (more…)
- Анализипред 1 week
Експертите советуваат: Не ги повлекувајте заштедите од банките бидејќи банкарскиот систем е стабилен, а штедните влогови се безбедни!
- Анализипред 1 month
Која е најмоќната и најбогата македонска банка!?
- Домашни банкипред 1 week
На шпекулациите дека “пропаѓа”, Стопанска банка АД – Скопје одговори со профит од 9,2 милиони евра за три месеци
- Анализипред 2 months
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Банкипред 2 months
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 50.000 денари
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Интервју со ИГОР ДАВКОВ, Извршен директор на Скопје Ист Гејт и неговиот тим: Креираме вредност за закупците и посетителите