Connect with us

Останато

IN MEMORIAM, М-Р ГЛИГОРИЕ ГОГОВСКИ

Објавено

на

Денес, во 79-та година од животот, во Тетово, почина м-р Глигорие Гоговски, една од најзначајните и најистакнатите македонски личности од стопанствениот, општествениот и политичкиот живот. 

Гоговски беше долгогодишен генерален директор на волнарскиот комбинат „Tетекс“ oд Тетово и претседател на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје. 

Роден е во Тетово, во 1943 година. Во 1968 година дипломирал на Електро-машинскиот факултет во Скопје, а магистрирал на Универзитетот во Загреб. Во периодот од 1986 до 1991 година ја извршувал функцијата претседател на последниот Извршен совет на С.Р. Македонија. Во улога на премиер на преодната влада, тој ги подготвил првите слободни и повеќепартиски избори. 

Менаџерскиот капацитет, посветеноста, професионалноста, одговорноста и капацитетот за носењето на вистинските деловни одлуки на м-р Гоговски беа од суштинско значење за успешното управување и предводење на „Тетекс“, којшто, 70 години до денес, успеа да чекори по патот на успехот.  

Визионерството во водењето на тековната и развојната економска стратегија на комбинатот „Тетекс“ беше основниот двигател во сите процеси од основањето, најнапред, на Тетекс Банка АД Скопје, подоцна Тетекс – Кредитна банка АД Скопје, а потоа и ТТК Банка АД Скопје, а почнувајќи од амбицијата децениското егзистирање, традицијата и искуството да се обликуваат во нов, модерен начин на банкарство којшто ќе креира вредност и поддршка за граѓаните и домашните мали и средни бизниси. Како претседател на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје беше активен учесник во креирањето на стратешките цели на денешната ТТК Банка АД Скопје којашто низ годините се покажа како стабилен, профитабилен и сигурен банкарски играч.

Ценетата лична и професионална експертиза на м-р Гоговски ќе продолжи да опстојува како успешен пример за стопанската, финансиската и општествената фела.

Неговото долгогодишно успешно делување на пазарот ќе претставува инспирација, поттик и пример за креирање вредност. Идните генерации во него ќе гледаат пример од кој ќе учат и, надградувајќи се, ќе продолжат по истата патека уште долги години во иднина. 

Глигорие Гоговски ќе биде погребан утре (06.06.2022 година) во 13 часот на гробиштата во Тетово.

Останато

Инфлацијата во Хрватска достигна рекордни 12,3 проценти

Објавено

на

Потрошувачките цени во Хрватска во јули пораснаа 12,3 проценти во однос на истиот месец минатата година, што претставува највисока стапка на инфлација откако Државниот завод за статистика (ДЗС) ги евидентира податоците. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бесими за МИА: И да не отворевме дебата за даночните реформи, има закони кои стапуваат во сила од 1 јануари

Објавено

на

И да не ја отворевме дебатата за даночните реформи, има законски решенија кои стапуваат во сила од 1 јануари 2023 година, како што се за оданочувањето на приходите над милион денари годишно и оданочувањето на каматите на депозитите, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во интервјуто за „МИА”. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ЗА НИВ НЕМА КРИЗА – Словенечкиот БДП скокна за 8,2 проценти во вториот квартал

Објавено

на

Според податоците на Националното биро за статистика на Словенија (Сурс) обемот на бруто домашниот производ на Словенија во вториот квартал од годинава се зголеми за 8,2 проценти на годишна основа. (more…)

Продолжи со читање


Популарно