Connect with us

Криптовалути

Huawei ја издаде Bitcoin Wallet во App Store, претходно инсталирана во сите нови паметни телефони

Објавено

на

Huawei ја лансира Bitcoin Wallet на BTC.com во нивната AppGallery app store, која ќе биде претходно инсталирана на сите нови Huawei паметни телефони, според Алехандро де ла Торе, заменик претседателот на бизнис операциите во BTC.com. Тоа наводно, ќе биде првата апликација за дигитална валута понудена на уредите Huawei.

Пристапот до апликации како тие на BTC.com, во Кина е ограничен поради владата која ја има блокирано Android Google Play Store и некои делови на App Store на Apple. Додека Кинеските власти ги прекинаа криптовалутните размени и забранија initial coin offering, на луѓето сепак им е дозволено да поседуваат криптовалути. Де ла Торе изјави за Bloomberg:

“Ова е одлична можност да се приклучиме на Кинескиот пазар. Користењето на безготовински плаќања со апликации е голема работа и на традиционалниот банкарски систем му недостасува тоа, така што таму може добро да се искористат и развијат крипто плаќањата.”

Во март, беше изјавено дека Huawei планира да развие паметен телефон кој ќе поддржува децентрилизирани апликации (DApp) кои работат на блокчејн технологијата. Минатата година Huawei достави 90.9 милиони уреди на Кинескиот пазар, каде што ужива доминантен удел на пазарот од 20.4 проценти. Влијанието на Huawei на глобалниот пазар е 11.8 проценти во првата четвртина на 2018-та година. Џејми Гонзало, заменик претседателот на мобилните сервиси на Huawei, кажа во една своја изјава:

“ Од нашата лидерска позиција во Кина, главното место на мобилни плаќања, ние очекуваме да видиме масивен пораст во усвојувањето на глобалните криптовалутни навики во блиска иднина.”

Минатиот месец, Huawei објави дека лансирањето на Blockchain-as-a-service (BaaS) платформата се фокусира на паметен договор за развој, “високи перформанси, подобра достапност и високо-безбедносни услуги во блокчејн технолошките платформи за претпријатија и програмери.”

Во меѓувреме, Кина планира да објави блокчејн мерки на национално ниво до крајот на 2019-та година. Наводно посветена работна група веќе започнала со работа на проектот.

Криптовалути

Шведска лансираше своја криптовалута!

Објавено

на

Една голема светска влада само што им додели огромен глас на доверба и легитимитет на криптовалутите. Шведската влада донесе Одлука за поддршка на криптовалутите и официјално ја лансираше својата круптовалута – Sweden coin. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Блокчејн технологијата ќе ја победи апокалипсата на криптовалутите

Објавено

на

Пред една година, идејата дека Биткоин и криптовалутите ќе го променат светот стана мислење за консензус. Денес, не толку многу. Дигиталната валута сега се тргува под 5.000 долари. Тоа е 77% од неговата висока вредност во близина од 20.000 долари во јануари.  (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Минатото на криптовалутите и нивната иднина

Објавено

на

Инвеститорите во 2017 година – а посебно во четвртиот квартал – сакаа да купат Bitcoin (BTC) и Ethereum (ЕТH) со единствена цел да ја разменат за специфични ICO токени за кои сакаат да инвестираат. Купувачите на Bitcoin и Ethereum не сакаа да поседуваат Bitcoin или Ethereum. Тие сакаа да ги купат новоотворените токени за понуда на почетни монети (МЦО), но тие требаше да купат Bitcoin и Ethereum како краток начин да го добијат она што во крајна линија го сакаа. Сопствениците на Bitcoin и Ethereum не сакаа да продаваат. Тие ја следеа цената на нивниот имот. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange