Connect with us

Останато

HTCA Академик тренинг центар започнува со обуки

Објавено

на

Скопје, (11.05.2018) HTCA Академик – првиот тренинг центар креиран за обучување кадри според швајцарски стандарди сертифицирани од страна на Швајцарската академија за хотелски менаџмент од Луцерн (Schweizerische Hotelfachschule Luzern SHL) денес го најави стартот на обуките за келнери, бармени, рецепционери, персонал за хигиена, маркетинг во угостителството и соодветните консултантски услуги.

Во присуство на голем број значајни гости од областа на угостителството, хотелиерството и деловниот свет поврзан со оваа индустрија, овој тренинг центар го објави својот план за идно делување и желбата за подигнување на нивото на квалитет во овој сектор.

Според статистиката од вкупно 700 илјади лица вработени во Македонија, во угостителската и услужната дејност, директно или посредно, се вработени близу 150 илјади лица (Завод за статистика на РМ). Категоријата на вработени во угостителството се води како најнепостојана категорија на вработени поради големиот одлив на овие кадри во странство и предрасудата дека оваа професија е од привремен карактер а не трајна професионална определба. Во областа на хотелиерството секогаш има недостиг од добри работници, затоа приоритет треба да биде развојот на вработените, кои пак се од суштинско значење за одржување на услугата на високо ниво што ќе резултира со задоволни гости за да може да се задржи конзистентноста и конкурентноста на пазарот. Во двете државни угостителски средни училишта завршуваат само 400 ученици годишно, а факултетите за туризам не обезбедуваат доволно практична обука. Во Македонија се регистрирани вкупно 2433 угостителски објекти и 510 хотели. Затоа, во моментов, потребата од центар за обезбедување тренинзи за угостителство е повеќе од потребна. Квалитетот на обуките што ги нуди Тренинг центарот е загарантиран со неговата инволвираност во меѓународните институции, како и со задолжителниот процес на ресертификација на Тренинг центарот на годишно ниво.

Генералната директорка на центарот, г-ѓа Мајда Стошиќ, изјави: „Нашата визија е гостопримливоста со која се одликува Македонија да се подигне на ниво на квалитет достоен според највисоките меѓународни стандарди за угостителство – швајцарските стандарди. Квалитетни, меѓународно сертифицирани практични обуки, и сертифицираниобучувачи без сомнеж ќе нè доведат до посакуваниот квалитет кој секако е гаранција за успех. Искористете ја можноста да се стекнете со вештини кои ќе ве доведат до посакуваната кариера со пет ѕвезди.“

Останато

Хрватските куни одат во историја, Хрватска го воведува еврото како официјална валута!?

Објавено

на

На седница на хрватската Влада се водела расправа за воведување на еврото како официјална валута, меѓутоа, се уште нема најави за точен датум. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бил Гејтс: “Вложување во биткоини е исто како да вложувате во некоја глупост”

Објавено

на

Откако претходно американскиот милијардер и финансиски магнат, Ворен Бафет, го нараче биткоинот како „отров за глувци, кој не вреди ништо“, во острите критики кон оваа криптовалута му се придружи и Бил Гејтс. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Освојте 2.000 евра, менторска помош и патување во Грузија – пријавете се за Наградата за социјално претприемништво – Social Impact Award 2018!

Објавено

на

Сите млади што имаат идеја за социјален бизнис можат да ја аплицираат до 8 мај 2018 година, вторник (на полноќ) како дел од овогодишната Награда за социјално претприемништво „Social Impact Award 2018“! Конкурсот е отворен онлајн на веб-страницата socialimpactaward.mk. Можностите што ги нуди програмата се многубројни, од финансиски награди (три тима добиваат по 2.000 евра од Шпаркасе банка Македонија), менторска помош и поддршка, патување на Интернационалниот самит во Грузија, можности за вмрежување, растење и учење. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange