Connect with us

Странски банки

HSBC сака да го напушти банкарскиот пазар во Турција

Објавено

на

„HSBC” банка размислува да го продаде својот банкарски бизнис во Турција, поради загриженост во врска со нестабилната валута на земјата како и економскиот просперитет, велат извори запознаени со ова прашање.

Како дел од пошироките мерки за намалување на трошоците, банката исто така се обидува да го продаде или намали своето работење на некои други пазари, велат изворите. Ова ги вклучува земјите во кои банката има мали бизниси кои се натпреваруваат да ги надминат локалните банки, вклучувајќи земји како што се Ерменија, Грција и Оман.

„HSBC” ќе се обиде да го продаде својот банкарски бизнис во Турција доколку најде локален купувач, велат изворите, додавајќи дека сè уште не е донесена конечна одлука.

Банката веќе драстично го намали присуството на турскиот пазар, па од вкупно 315 филијали и околу 6.000 вработени во 2013 година, во моментов таа бројка изнесува 80 филијали и 2.000 вработени, покажуваат податоците на Турското здружение за банкарство.

Турција во последниве години е проблематична земја за „HSBC”, бидејќи нестабилноста на лирата и економските проблеми ја натераа една од најголемите британски банки да размислува за напуштање на турскиот пазар, при што банката ги зголеми очекуваните загуби во својот годишен извештај за 2018 година.

Валутната криза ја намали вредноста на лирата за скоро 30%, што доведе до кратка, но остра рецесија и принудувајќи ја Анкара да го спречи финансискиот сектор со серија нови правила, насочени кон стабилизирање на валутата и поттикнување на економски раст.

Банката претходно се обиде да го продаде својот бизнис во Турција во 2015 година, на холандската банка „ING”.

Сепак, продажбата не беше реализирана, а банката наместо тоа се обиде да затвори голем број на филијали и драстично да го намали бројот на работни места што доведе до тоа да изгуби 456 милиони лири (77,02 милиони долари) во 2014 и 2015 година.

И покрај подобрените перформанси и профитот во првите девет месеци од 2019 година, ризиците од нестабилноста на валутата и економската состојба доведоа до тоа „HSBC” да сака да ја напушти Турција.

Раководството на банката се очекува да ги објави своите мерки за намалување на трошоците кога банката ќе ги објави своите годишни резултати и нова стратегија на 18 февруари.

Странски банки

ЕИБ ќе обезбеди насочена поддршка за регионалните економии за справување со негативните ефекти од актуелната криза

Објавено

на

Во соработка со Народната банка на Северна Македонија, Европската инвестициска банка (ЕИБ) ја коорганизираше 8. меѓународна истражувачка конференција на тема Јакнење во време на криза: улогата на политикитепо повод 30 години монетарна самостојност на државата. Настанот се занимаваше со актуелните предизвици несигурност што произлегува од прилагодувањата на политиките по пандемијата и политичкиот одговор потребен за справување со зголемените стокови и енергетски шокови предизвикани од војната во Украина. Тој ја илустрираше засилената соработка на ЕИБ со нејзините партнери во Северна Македонија и постојаната поддршка што банката ја дава за економската стабилност на земјата и процесот на интеграција во ЕУ повеќе од 40 години. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Светска банка: Војната предизвикува најголема економска штета во Источна Европа и Азија

Објавено

на

Светската банка ја намали прогнозата за глобалниот економски раст поради војната во Украина. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Светска банка ја намали прогнозата за глобалниот раст од 4,1 на 3,2 проценти

Објавено

на

Светска банка ја намали прогнозата за глобалниот раст во 2022 година за речиси цел процент, од 4,1 на 3,2 отсто, поради влијанието на руската инвазија на Украина, изјави претседателот на таа меѓународна финансиска институција Дејвид Малпас. (more…)

Продолжи со читање


Популарно