Connect with us

Домашни банки

HR Open Day со Стопанска банка @i-bank store

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје го најавува првиот HR ОТВОРЕН ДЕН во организација на Секторот за кадри и тимот од i-bank store. 

Повелете на 05.12.2018 во нашата i-bank store филијала и искористете ја приликата да разговарате со претставници на Секторот за кадри кои директно се вклучени во селекција на нововработени и практиканти и кои непосредно работат со вработените на Банката за развојните планови, кариерните можности и професионалната надградба.

На овој слободен и отворен ден, на кафе разговор со HR тимот на банката може да добиете препораки и совети за:

  • Структурата и изгледот на кратката биографија (CV) – tips & tricks и најчести пропусти и грешки во CV;
  • Зошто мотивационото писмо е толку голема работа? – што треба а што не треба да содржи;
  • Како успешно да се презентирш себеси на интервју – прашања, изглед, однесување и слично;
  • Зошто практична работа за време на студии може да биде мноооогу корисна;
  • Кој тип на практична работа е најсоодветен за работа, на пример, во Банка;
  • Кои се очекувањата на компаниите од новите вработени – кои вештини, познавања, основни лични карактеристики и сл. имаат екстра вредност;
  • Кои се најголемите предизвици на кандидатите без работно искуство и
  • Се што друго сакате да дознаете пред да аплицирате за пракса или работа во Стопанска банка па и на било кое друго место.

Секако, добредојдени се и HR професионалците кои сакаат повеќе да дознаат како една компанија ги планира потребите од ново вработени, како управува со кариерите и амбициите на вработените, како и за важната улога на HR во една компанија.

Ќе бидат презентирани и успешни примери од вработени во Банката кои преку пракса стигнале до сигурно вработување и напредуваат во кариерата.

Како прв ОТВОРЕН ДЕН имате простор да поставите и барања за идни нови содржини кои ќе може Банката да ги вклучи и да биде поблиску до вашите потреби.

Се гледаме, на 05.12.2018 од 10 до 17 часот

Домашни банки

НЛБ Потрошувачки кредити – Баш како што сакаш!

Објавено

на

НЛБ Банка во периодот од 11.03.2019 до 31.05.2019 година води промотивна кампања за сите кредити за физички лица. Во рамки на промотивната понуда, Банката меѓу другото, нуди нови потрошувачки кредити со пониски каматни стапки. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД-Скопје врши промена за водење сметки на пензионери

Објавено

на

Стопанска банка АД-Скопје ги известува своите клиенти дека, почнувајќи од 01.04.2019 ќе изврши промена на надоместокот за месечно водење на трансакциски и штедни сметки на пензионери. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Станбени кредити – Твој дом, твој избор!

Објавено

на

НЛБ Банка во периодот од 11.03.2019 до 31.05.2019 година води промотивна кампања за сите кредити за физички лица. Во рамки на промотивната понуда, Банката меѓу другото, нуди нови станбени кредити со пониски каматни стапки. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange