Connect with us

Домашни банки

Култниот „Мирно лето“ за незаборавно филмско пладне со оние кои нè пораснаа

Објавено

на

В недела (11 декември) во 12 часот во Кинотеката во Скопје ќе биде прикажан култниот македонски филм „Мирно лето“ како дел од акцијата „На кино со баба и дедо“.

Иницијативата е дел од големата кампања на Халкбанк АД Скопје „Да ги слушнеме и гушнеме“ која го свртува вниманието кон повозрасната популација, на која треба да ѝ покажеме дека е важен дел од нашето општество, дел од нас, а ние имаме време за неа: 

Среќни сме што поттикнуваме семејни дружби и создавање трајни спомени преку македонски филмови. Преку можноста внуците да ги поведат своите баба и дедо на кино или пак ние да појдеме со нашите родители и повозрасни роднини, сакаме да покажеме дека сме сме тука за оние кои нè пораснаа, дека ни значат, дека сакаме да ги слушнеме и гушнеме” – вели Маја Наумовска Савеска од Халкбанк АД Скопје, организатори на кампањата. 

Акцијата „На кино со баба и дедо“ се реализира во соработка со Кинотеката, а изборот на филмот на Димитрие Османли „Мирно лето“ за самиот почеток не е случаен. Тоа е антологиски, култен наслов, полн хумор, топлина, потсетување на семејните вредности и буди носталгија.

Ваквите проекти се секогаш добри, да се потсетиме дека луѓето понекогаш можат да бидат „подзаборавени“ и од самата фамилија, не само од општеството” – вели филмологот Бојан Станишиќ од Кинотека. 

Кинопроекцијата в недела е бесплатна, а следното прикажување е на 14 декември во Киното „Манаки“ во Битола, по што акцијата „На кино со баба и дедо“ ќе продолжи во уште неколку градови. 

Во кампањата „Да ги слушнеме и гушнеме“, која започна во октомври, а е планирано да трае до мај следната година,  вклучени се: училишта, градинки, домови за стари лица и пензионерски здруженија. Суштината на сите настани е меѓугенарациското поврзување: возрасните им пишуваат пораки на децата и помладите, учениците цртаат и пишуваат творби за бабите и дедовците, сите заедно ги бараат скапоцените мигови да бидат заедно, што во денешно време е сè поретко. Околу новогодишните празници, планирани се и игранки и забави во повеќе домови за стари лица и пензионерски здруженија, со цел и на оваа популација да им се овозможи забавен, социјален и културен живот. Следуваат и предавања на пензионирани експерти од различни области, креативни работилници за градинарство, готвење, рачни изработки, издавање специјализирано списание и слично. Сите активности се најавувани и се документираат на веб-страницата: www.cuvarinamudrosta.mk

Домашни банки

Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Објавено

на

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ЕБОР одобри 9 милиони ЕУР кредит на ПроКредит Банка во Северна Македонија

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) доделува нови средства за поддршка на младите претприемачи и основање на бизниси, како и за промовирање на зелени финансии во Северна Македонија, преку финансискиот пакет од 9 милиони ЕУР одобрен за ПроКредит Банка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно