Connect with us

Домашни банки

Halk Velo Green: Собраните средства ќе се искористат за пошумување и заштита на животната средина

Објавено

на

На 8 Септември во Маврово ќе се одржи втората хронометар велосипедска трка Halk Velo Green на која учество можат да земат сите љубители на велосипедизмот. Велосипедската трка која е од хуманитарен карактер е во организација на Халкбанк АД Скопје и сите оние кои сакаат да учествуваат во истата можат да се пријават уште денес.

И годинава сите уплатени котизации за учество ќе се искористат за пошумување на одредени површини во земјава каде ќе биде утврдено дека има потреба од истото. Средствата од ланската трка се искористија за засадување 8000 нови садници во Светиниколско.

Како и ланската година кога Халкбанк за првпат ја организираше трката Halk Velo Green, натпреварувањето и годинава ќе биде во две категории – ПРО и ХОБИ. Во категоријата ПРО предвидено е учесници да можат да бидат членови на Велосипедската федерација на Македонија, но и оние кои се кондиционо спремни да се натпреваруваат во оваа категорија. Во категоријата ХОБИ може да се пријават сите рекреативци кои се вљубеници во велосипедската култура. И двете категории ќе треба да возат рута долга 22 километри, од хотел Бистра до Леуново и назад. Годинава новина е што се додава категорија и за деца и млади наречена ПРО КИДС каде натпреварувачите ќе бидат поделени во категории според возраста – од 6 до 12 и од 13 до 17 години.

Минатогодишните победници во категоријата ХОБИ мажи/жени велат дека согласно нивното искуство, Halk Velo Green претставува спортски настан каде во исто време има натпревар, дружба и подигнување на свеста за грижата за здравјето и важноста од зачувување на природата. Тие велат дека се задоволни од минатогодишната организација на целокупниот настан. Според нив, Halk Velo Green е настан кој те мотивира да започнеш со здрави навики, на кој запознаваш искрени пријатели и со кој даваш свој придонес за засадување нови зелени површини кои во овој момент се навистина потребни земајќи ги во предвид пожарите со кои се справувавме изминатиот месец. 

Во однос на наградите од велосипедската трка, за сите категории предвидени се парични награди од 30 илјади денари за прво, 20 илјади денари за второ и 10 илјади денари за трето место во категоријата ПРО мажи/жени. Во категоријата ХОБИ мажи/жени предвидени се парични награди од 12 илјади денари за прво, 6 илјади денари за второ и 3 илјади денари за трето место. Во категоријата ПРО кидс предвидени се 3 илјади денари за прво, 2 илјади денари за второ и 1 илјада денари за трето место. За сите категории на учесници следуваат и награди од спонзорите – осигурителната компанија Halk Insurance, глобалната мултибренд продавница за исхрана и спортска и фитнес облека Polleosport и фитнес и спа центарот Parkland hospitality. 

Заинтересираните учесници можат да се пријават уште денес на следните веб страници – http://www.halkvelogreen.mk/ и www.smartrace.club.

Домашни банки

(ВИДЕО) Сопственици на банка во Македонија се најдоа во „Пандора документите“

Објавено

на

Двајца сопственици на УНИБанка имале офшор компании на Британските девствени острови, открива истражувачкиот веб сајт „bird.bg” од Бугарија. Станува збор за Ивајло Мутафчиев и Цеко Тодоров Минев кои имаат по 36,45% од сопственоста на УНИ банка која работи во Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка по 16-ти пат спонзор на „Златно славејче“

Објавено

на

„Златните славејчиња“ годинава повторно ќе застанат на сцена и ќе ги отпеат своите хитови во чест на 50-от роденден на Фестивалот. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Прогласени победниците од Social Impact Award 2021

Објавено

на

Млади херои со големи идеи! Прекрасни тимови, ентузијазам, идеи кои сигурно ќе го променат општеството ја одбележаа седмата година од „Наградата за социјално претприемништво“ – Social Impact Award 2021. (more…)

Продолжи со читање



Популарно