Connect with us

Странски банки

Guardian: Пари од руски криминалци во британски банки

Објавено

на

Дел од највлијателните британски банки како HSBC и RBS раководеле со околу 740 милиони долари што биле испрани од руски криминалци, објави Guardian.

Перењето пари е поврзано со руската влада и ФСБ (Федералната служба за безбедност), тврди весникот.

HSBC,RBS,Lloyds и Barclays се меѓу 17 банки базирани во Британија или имаат ограноци во таа држава, а кои се соочуваат со прашања за меѓународна мрежа за перење пари.

Guardian имал увид во документи кои покажуваат дека најмалку 20 милијарди долари се повлечени од Русија во периодот 2010 до 2014 година. Од истрагата веруваат дека таа сума може да се искачи до 80 милијарди долари.

Извор од истрагата вели дека парите до Русија се или украдени или имаат криминално потекло.

Истрагата се обидува да идентификува некои политички влијателни Руси кои учествувале во операцијата за перење пари, наречена The Global Lundromat.

Весникот додава дека околу 500 луѓе биле вклучени во таа операција, а меѓу нив се олигарси, московски банкари и луѓе поврзани со ФСБ.

До извештајот дошле истражувачки центар што се занимава со криминал и корупција (OCCRP) и Новаја газета. Ним информациите им ги дале анонимни извори. OCCRP ги поделиле информациите со Guardian, но и со медиумски партнери во 32 држави.

Документите покажуваат детали за околу 70.000 трансакции меѓу кои 1.920 кои минале низ британски банки и 373 трансакции што минале низ американски банки.

Странски банки

Новата анкета на ЕИБ покажува позитивен развој на настаните во банкарското кредитирање во Централна, Источна и Југоисточна Европа

Објавено

на

Европската инвестициска банка (ЕИБ) го објави есенското издание за 2021 година на својата анкета за банкарското кредитирањево ЦИЈИЕ. Извештајот ги истражува стратегиите на меѓународните банки активни во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) и пазарните услови како што ги оценуваат банките кои работат таму. Извештајот обезбедува анализа и споредба на ниво на регион и на ниво на поединечни земји. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

ЕИБ: Позитивни движења во банкарското кредитирање

Објавено

на

Во Централна, Источна и Југоисточна Европа побарувачката за кредити е зголемена и пристапот до кредити е олеснет, но подобрувањата првенствено се однесуваат на физички лица, а не на стопанството, покажува новата студија на Европската инвестициска банка. Истражувањето укажува на позитивни трендови во банкарското кредитирање во Централна, Источна и Југоисточна Европа Во последните шест месеци состојбата кај проблематичните кредити е подобрена, но не се очекува ваквото подобрување да продолжи и во наредните шест месеци, што укажува на одредена неизвесност. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

ЕЦБ: Наскоро ќе заврши силниот раст на цените во еврозоната

Објавено

на

Европската централна банка (ЕЦБ) верува дека инфлацијата го достигнала врвот во ноември, што значи дека би било прерано да се зголемат каматните стапки бидејќи растот на цените веројатно постепено ќе забави следната година, рече членката на одборот Изабел Шнабел. (more…)

Продолжи со читање



Популарно