Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Grouper.mk прогласен за Најдобар Сајт за 2018 година во Македонија

Објавено

на

На доделувањето на наградите на манифестацијата „Сајт на годината“, која се одржа изминатава недела традиционално деветта година по ред, Grouper.mk беше избран за Најдобар Сајт за 2018 година во Република Македонија од страна на гласачите и комисијата.

Grouper.mk беше и најнаградуваниот сајт вечерта, кој покрај главната награда освои уште 4 други награди во категориите: Најдобар сајт за е-трговија (3то место); Најдобар корпоративен сајт (2ро место); Најдобра мобилна апликација (2ро место) и Најдобар мобилен сајт.

Како лидер во е-трговијата во Македонија, Grouper веќе осум години ја гради својата успешна приказна со повеќе од 200.000 регистрирани корисници и над 850.000 продадени купони, препознатлив по најдобрите зделки и уникатните промотивни тематски кампањи.

Креативниот тим од 18 млади ентузијасти, кој работи со љубов и пасија, велат дека ова признание е уште поголем мотив за прифаќање на новите предизвици и лансирање на нови проекти во годината која следи. ‘’Наградите и признанијата се производ на добрата работа, но не и главната цел. Признанието да се биде „најдобар” носи прекрасни емоции на победа, адреналин, допамин, возбуда, но носи и голема одговорност со себе—да се биде пример на кој другите може да се угледаат. Е-трговијата ја променивме и ќе продолжиме да ја менуваме заедно со сите вас. Прогресот не е лесен ама секогаш е енергичен. Изминатава година беше многу турбулентна за нас ама ова признание ќе ни биде потсетник дека нашиот труд и напорна работа биле препознаени и валоризирани.

Ова прзнание е заедничко. Вие, нашите корисници, соработници, пријатели и поддржувачи сте нашите победници. Без сите вас Grouper.mk немаше да биде најдобриот сајт во Македонија.’’ – вели Д-р Нина Ангеловска, ко-сопственик на Grouper во Отвореното писмо до нивните корисници, соработници и пријатели

Како што велат од Grouper, ова се признанија и награди за целата Grouper заедница, со посебна благодарност до корисниците и соработниците, без кои како што велат идеите и иницијативите не би биле реализирани. Целиот текст од отвореното писмо може да го прочитате тука

Останато

Министерството за финансии потпиша договор со ЕБОР во вредност од 13 милиони евра за воведување електронски систем за наплата на патарини

Објавено

на

Побрз транспорт, олеснет проток на возила без гужви во сообраќајот и електронски систем за наплата на патарини низ целата земја ќе обезбеди „Проектот за изградба и инсталација на електронски систем за наплата на патарини долж Коридорот VIII и автопатот Миладиновци – Штип“, за кој денеска се потпишаа договори за финансирање во Министерството за финансии. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Презентација на предлог-програмата Фонд за млади умови

Објавено

на

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) денеска ќе ја презентира предлог-програмата Фонд за млади умови  „Анализа на потреби и понатамошни чекори“. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Топ 10 финансиски центри: Њујорк ја зголеми предноста на врвот

Објавено

на

Њујорк го зголеми своето водство како главен финансиски центар во светот, додека Лондон едвај се задржа на второто место пред Хонг Конг. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange