Connect with us

Останато

Google Pay штотуку стана полесен за употреба!

Објавено

на

Последната верзија на Google Pay ги прави мобилните плаќања од Android многу слични на оние на нивниот најголем ривал, Apple Pay.

Отсега нема да Ви биде потребна посебна апликација за испраќање и примање на пари. Кога оваа услуга беше препакувана на почетокот од оваа година, Google Pay сè уште бараше од корисниците да имаат две апликации за извршување на споменатите функции. Но, сега е веќе официјално дека Google Pay и Google Pay Send стануваат една апликација. Доколку Google Pay е поддржан во некој бар, отсега ќе може и да ја поделете сметката помеѓу повеќе пријатели.

Исто така, Google Pay ќе ги зачува сите Ваши билети и карти за лет, така што нема да има потреба да печатите ништо или пак да користите повеќе апликации за вакви слични операции. Ако и дозволите на апликацијата, таа ќе го вчита Вашиот имејл за да ги синхронизира сите Ваши билети и карти. Некои од партнерите кои се одговорни за овозможувањето на оваа опција се: Ticketmaster, Southwest, Everbrite, Singapore Airlines и Vueling.

Можеби најневозбудливата опција на ажурираната верзија на Google Pay е почистата почетна страна, што е веќе правецот во кој Google ги насочува сите свои производи. За ова компанијата вели дека всушност го олеснува менаџирањето на информациите за плаќања на корисниците, без разлика дали сте во апликацијата или на пребарувач.

Останато

Уапсени членови на меѓународна група која ограби сефови во две македонски банки

Објавено

на

Обвинителството за организиран криминал отвори истрага против седуммина осомничени за ограбување сефови во две македонски банки, објави Сакам да кажам. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Потпишан меморандум за соработка помеѓу ЗВРМ и ИОРРМ

Објавено

на

На 09-ти Јануари 2019 година, Здружението на Внатрешни Ревизори на Македонија (ЗВРМ) и Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) потпишаа Меморандум за соработка, со кој се потврдува взаемната соработка за подигнување на професијата Внатрешен Ревизор и Овластен Ревизор на повисоко ниво, промовирање на стручноста, знаењето и професионалноста на своите членови. (more…)

Продолжи со читање

Останато

УЈП РАЗВИ МОДУЛ ЗА АВТОМАТСКИ ПОВРАТ НА ДАНОЦИ

Објавено

на

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, во придружба на Министерот за финансии, Драган Тевдовски, разговараа за реализираните проекти и реформите на УЈП во изминатата година како и за активностите на коишто Управата за јавни приходи ќе се посвети во текот на 2019 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange