Connect with us

Компании

Google воведува наплата за YouTube, Google Play и други услуги – цената ќе ја платат производителите на ЕУ?

Објавено

на

Прв пат во својата историја, Google ќе наплаќа лиценци за телефонски производители во Европа за да ги инсталираат своите услуги, како што се Google Play, YouTube или Gmail.

Денес тоа е невозможно да се замисли Android паметен телефон кој во основа нема Gmail, YouTube, и она што е, секако, најмногу важно – Google Play. По паричната казна од 5 милијарди евра, што Google мораше да ја плати на Европската унија, од компанијата одлучија да свртат нов лист кога станува збор за водење бизнис на територијата на Стариот континент.

Врз основа на истрагата спроведена од страна на регулаторното тело на ЕУ, казната за Google следи откако беше утврдено нарушување на конкуренцијата кога станува збор за Андроид. Тоа е практика на компанијата врз основа на барањата кон телефонски производители и пре-инсталирање на основните услуги на компанијата во замена за бесплатно користење на оперативниот систем. Во прописите, меѓу другото, се наведува дека ваквата политика на Google овозможи на компанијата нефер предност во однос на своите конкуренти на пазарот.

Првиот голем чекор кој ќе го направи Google во својата нова политика за корисници во Европа е почеток за давање на лиценци за производители на мобилни телефони во овој дел на светот, кои се планира да продаде уреди со пре-инсталиран оперативен систен на компанијата за услуги од Mountain View.

Добрата вест е дека Android ќе остане бесплатен за сите.

Компании

Амазон и Apple – директни партнери за продажба

Објавено

на

Онлајн гигантот Амазон потпиша договор со Епл, во чии рамки ќе може да ги продава директно производите на компанијата од Купертино, вклучувајќи Ајфон, во својата платформа. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Жена ќе го замени Илон Маск на чело на компанијата „Тесла“

Објавено

на

Производителот на електрични автомобили, „Тесла“, денеска објави дека Робин Денхолм, главната финансиска директорка на австралискиот телекомуникациски оператор „Тестра Корп“, ќе го замени Илон Маск на местото претседател на бордот на компанијата. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Винер Лајф Осигурување вработува!

Објавено

на

Винер Лајф осигурување вработува ТИМ МЕНАЏЕР!  Доколку мислиш дека можеш да допринесеш и бидеш дел од тимот, а притоа ги имаш квалификациите што се наведени подолу, АПЛИЦИРАЈ! (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange