Connect with us

Странски банки

Google влегува во банкарскиот сектор – Ќе бидат ли заштитени приватните податоци?

Објавено

на

Технолошкиот гигант Google најави дека следната година ќе започне со нудење на банкарски услуги преку мобилната апликација за безконтактни трансакции Google Pay. Предвидено е во партнерство со големата банкарска групација Citygroup и кредитното биро на Универзитетот Стенфорд, да нуди основни трансакциски сметки за корисниците.

Од овие сметки корисниците ќе може да подигнуваат пари за вршење на секојдневни исплати за најразлични намени до одредена сума, како и да ги плаќаат месечните сметки. Новиот проект Cache кој ќе биде лансиран во 2020 година ќе го носи брендот на партнерите на Google кои ќе се погрижат за сите регулаторни финансиски критериуми.

Исто така, Google посочи дека нема да ги продава финансиските детали за своите корисници на банкарските институции. Тие што располагаат со Google Pay апликацијата оставаат голем број на приватни податоци, од детали за лозинки и корисничко име, па се до информации за трансакции, на што и како ги трошат своите пари.

Според Цезар Сенгупта директор на Google за финансиски услуги, новиот банкарски сервис е замислен да им овозможи на голем број на корисници да ги завршат своите обврски дигитално и онлајн. Од Google уверуваат и дека не ги ни продаваат на трети комерцијални страни податоците од Google Pay апликацијата од каде може да се дознае и колку заработуваат самите корисници.

Претходно Apple веќе ја лансираше својата кредитна картичка која сега е под истрага дали вршела дискриминација против жени за кредитен лимит, а Facebook ги загуби речиси сите главни партнери за проектот за новата дигитална валута Libra, со што технолошките компании покажуваат дека нема да биде така лесно да навлезат во традиционалните финансиски пазари и институции.

Странски банки

Коронавирусот го преполови профитот на банките

Објавено

на

Иако банките досега успешно се справуваа со корона кризата, истражувањето на Европската централна банка, спроведено меѓу 86 банки во еврозоната, покажува дека многу од нив би можеле да се најдат во потешкотии затоа што нема да можат да ги исполнат пропишаните услови за капитал, пишува денеска „Јутарњи лист“. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Странците во црногорските банки чуваат 747 милиони евра депозити

Објавено

на

На крајот на јуни годинава, нерезиденти и странци имале 747 милиони евра депозити во банките во Црна Гора. Во исто време, вкупните депозити на граѓаните и фирмите изнесувале 33 милијарди евра. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

„Intesa Sanpaolo” оствари нето-добивка од 2,56 милијарди евра во првата половина на 2020 година

Објавено

на

Управниот одбор на меѓународната банкарска групација „Intesa Sanpaolo”, во чии рамки делува „Banca Intesa”, го одобри консолидираниот полугодишен извештај на 30 јуни 2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно