Connect with us

Странски банки

Goldman Sachs препорачува продажба на акциите на Apple

Објавено

на

Една од водечките инвестициски банки „Goldman Sachs” им препорачува на инвеститорите да го продадат својот удел во „Apple“ пред пандемијата на коронавирус навистина да влијае на нејзината крајна линија, бидејќи аналитичарите на банката го намалија рејтингот на производителот на iPhone на „за продажба“ (“sell”).

Инвестициската банка, која управува со средства од 1,8 трилиони американски долари, соопшти дека очекува испораката на уредите на „Apple“ да се намали за неверојатни 36% во текот на третиот квартал од оваа година.

Финансискиот портал „MarketWatch” објави дека „Goldman Sachs” ја ревидирал својата прогноза за акциите на „Apple“ на 233 американски долари, што е намалување од 250 американски долари и скоро 20% под сегашната пазарна вредност.

 

„Goldman Sachs” изјави дека просечните цени на потрошувачките уреди на „Apple“ веројатно ќе се намалат за време на рецесијата и ќе останат со драстично пониска цена подолго време, дури и кога се случи закрепнување.

„Не предвидуваме дека оваа криза ќе предизвика „Apple“ да ја изгуби својата база на клиенти. Едноставно претпоставуваме дека сегашните корисници ќе ги задржат своите уреди подолго време и ќе купат поевтини кога цените ќе се намалат поради корона-кризата“, напишаа аналитичарите од „Goldman Sachs” во нивниот извештај.

Претходно оваа недела, „Apple“ го намали малиот „iPhone” на 399 американски долари, со што ја намали првичната цена на линијата на паметни телефони на компанијата,со цел да одговараат на пошироката потрошувачка база која се грижи повеќе за трошоците и за цената на уредите кои ги купува.

Од банката исто така, изјавуваат дека не очекуваат компанијата да лансира нови „iPhone” телефони се до почетокот на ноември.

Странски банки

Дојче Банк и Гугл договорија повеќегодишно стратешко партнерство

Објавено

на

Deutsche bank” објави дека договорила повеќегодишно стратешко партнерство со „Google“ со цел да му се овозможи на германскиот банкарски гигант пристап до Клауд (облак) услуги и да започне иновации со технолошко-финансиски производи за своите клиенти. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Банките ширум светот ќе претрпат загуба од 2,1 трилион долари како последица на коронавирусот!?

Објавено

на

Банките ширум светот се соочуваат со вкупна загуба од кредити во вредност од 2,1 трилион долари (1,66 трилиони фунти) до крајот на 2021 година како последица на кризата од коронавирусот, анализира рејтинг агенцијата „S&P Global“, пренесува „Ројтерс“. Според анализата на агенцијата за кредитен рејтинг, загубата оваа година ќе достигне 1,3 трилиони долари, што е повеќе од двојно од нивото од 2019 година. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Корона-кризата започнува да го забавува работењето на словенечките банки

Објавено

на

Тековната корона-криза и воведените мерки за ограничување на ширењето на пандемијата негативно влијаат врз работата на словенечките банки, при што растот на кредитите за домаќинствата се преполови, а растот на корпоративните кредити, исто така, постепено забавува во периодот од јануари до мај, соопшти Централната банка на Словенија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно