Connect with us

Странски банки

„Goldman Sachs” планира да го откупи „Folio Financial”

Објавено

на

Групацијата „Goldman Sachs” планира да ја купи компанијата за управување со богатство „Folio Financial”, пренесува „Reuters“.

„Folio Financial” би била втората компанија за управување со богатство, купена од „Goldman Sachs” во период од две години по аквизицијата на „United Capital” во 2019 година. Оваа трансакција во целост би ги исполнила целите на извршниот директор Дејвид Соломон, чијашто намера е банката да зачекори во нови бизниси.

Официјалниот портпарол на „Goldman Sachs” ги потврди плановите за купување, но одби да коментира за подетални информации. И двете компании одбија да коментираат за можното преземање, наведувајќи дека тоа не се материјални информации за инвеститорите.

Обично од компаниите се бара да им ја откријат на инвеститорите цената што е платена за аквизиција во вредност од над 500 милиони американски долари.

Странски банки

Дојче Банк и Гугл договорија повеќегодишно стратешко партнерство

Објавено

на

Deutsche bank” објави дека договорила повеќегодишно стратешко партнерство со „Google“ со цел да му се овозможи на германскиот банкарски гигант пристап до Клауд (облак) услуги и да започне иновации со технолошко-финансиски производи за своите клиенти. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Банките ширум светот ќе претрпат загуба од 2,1 трилион долари како последица на коронавирусот!?

Објавено

на

Банките ширум светот се соочуваат со вкупна загуба од кредити во вредност од 2,1 трилион долари (1,66 трилиони фунти) до крајот на 2021 година како последица на кризата од коронавирусот, анализира рејтинг агенцијата „S&P Global“, пренесува „Ројтерс“. Според анализата на агенцијата за кредитен рејтинг, загубата оваа година ќе достигне 1,3 трилиони долари, што е повеќе од двојно од нивото од 2019 година. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Корона-кризата започнува да го забавува работењето на словенечките банки

Објавено

на

Тековната корона-криза и воведените мерки за ограничување на ширењето на пандемијата негативно влијаат врз работата на словенечките банки, при што растот на кредитите за домаќинствата се преполови, а растот на корпоративните кредити, исто така, постепено забавува во периодот од јануари до мај, соопшти Централната банка на Словенија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно