Connect with us

Странски банки

Goldman Sachs инвестира 750 милијарди долари за борба против климатските промени

Објавено

на

Американската инвестициска банка Goldman Sachs во понеделникот објави дека планира да инвестира 750 милијарди американски долари во текот на следната деценија за да помогне во борбата против климатските промени.

Банката на својата веб-страница објави дека нејзина цел е износот од 750 милијарди долари до 2030 година да се насочи кон финансирање, инвестиции и советодавни активности во девет области поврзани со климатските промени и инклузивен раст на сиромашните.

Овие активности вклучуваат финансирање за чиста енергија, одржлив транспорт, прифатливо образование и производство на храна.

„Не постои само итна потреба да се дејствува, туку и силна деловна и инвестициска причина да се стори тоа. Фокусирањето на овие специфични цели ни дава увид на мерливи податоци, како што е количината на намалување на загадувањето и бројот на услужени лица, што можеме да ги следиме со текот на времето“, рече извршниот директор на Goldman Sachs, Дејвид Соломон.

Тој додаде дека финансиските институции мора да ги поддржуваат двигателите на промените и дека компаниите веќе не можат да ги третираат иницијативите за климата како „периферно прашање“.

Странски банки

Дојче Банк и Гугл договорија повеќегодишно стратешко партнерство

Објавено

на

Deutsche bank” објави дека договорила повеќегодишно стратешко партнерство со „Google“ со цел да му се овозможи на германскиот банкарски гигант пристап до Клауд (облак) услуги и да започне иновации со технолошко-финансиски производи за своите клиенти. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Банките ширум светот ќе претрпат загуба од 2,1 трилион долари како последица на коронавирусот!?

Објавено

на

Банките ширум светот се соочуваат со вкупна загуба од кредити во вредност од 2,1 трилион долари (1,66 трилиони фунти) до крајот на 2021 година како последица на кризата од коронавирусот, анализира рејтинг агенцијата „S&P Global“, пренесува „Ројтерс“. Според анализата на агенцијата за кредитен рејтинг, загубата оваа година ќе достигне 1,3 трилиони долари, што е повеќе од двојно од нивото од 2019 година. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Корона-кризата започнува да го забавува работењето на словенечките банки

Објавено

на

Тековната корона-криза и воведените мерки за ограничување на ширењето на пандемијата негативно влијаат врз работата на словенечките банки, при што растот на кредитите за домаќинствата се преполови, а растот на корпоративните кредити, исто така, постепено забавува во периодот од јануари до мај, соопшти Централната банка на Словенија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно