Connect with us

Странски банки

Goldman Sachs го продаде своето ново седиште во Лондон за 1,5 милијарди долари

Објавено

на

„Goldman Sachs“ aмериканската инвестициска банка, соопшти дека ја продала својата нова недовршена европска централа во Лондон на Националната пензиска служба на Јужна Кореја за 1,17 милијарди фунти (1,49 милијарди долари), пред следната година да ги пресели вработените во зградата, пренесува „Ројтерс“.

Во рамките на договорот инвестициската банка од „Wall Street“ ќе ја доврши зградата, која се уште е во фаза изградба и се очекува да биде користена од вработените на банката дури во 2019-та година. Првичниот период на киријата ќе биде 25 години.

„Goldman Sachs“ соопшти дека ќе изгради деловна зграда со површина од 102.000 м2 наречена „Plumtree Court“, во февруари 2017-та година, иако слично на другите банки е загрижена од ризиците поврзани со „Brexit“.

„Изградбата на „Plumtree Court“ и потпишувањето на долгорочен договор за наем ја покажува нашата континуирана посветеност кон Лондон и кон европските операции како целина“, вели во коминике Ричард Гнод, заменик-претседател на „Goldman Sachs“ и извршен директор на „Goldman Sachs International“.

Банката соопшти дека продажбата и обратниот наем на „Plumtree Court“ е дел од нејзината глобална стратегија со недвижности кои на неа и овозможува да извлече профит од создадената вредност преку изградбата на зградата, а во исто време го гарантира долгорочниот нејзин наем.

Таа ја продаде и ангажираше повторно актуелна централа исто во Лондон во 2005-та година. Британската банка „Lloyds Banking Group“ го стори истото неодамна со лондонската централа, така што ја продаде на кинески инвеститор.

Остриот пад на фунтата по гласањето за „Brexit“ привлече странски инвеститори на британскиот пазар за недвижнини.

Договорот за наем на „Goldman Sachs“ вклучува можност за раскинување по 20 години и за продолжување по првичниот рок.

Скот Ким, директор на одделот „Глобални имоти“ во Националната пензиска служба на Јужна Кореја, вели дека „Plumtree Court“ е една од „најубавите згради во Лондон“.

„Среќни сме да влеземе на пазарот во Лондон со ова високо квалитетно средство“, додаде тој.

Странски банки

Бундесбанк е спокојна за германската економија и покрај ризиците

Објавено

на

Германската економија останува на патот на растот благодарение на силната локална побарувачка, иако позитивниот тренд се забавува поради сложената комерцијална средина и некои привремени ефекти врз автомобилскиот сектор. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Revolut доби банкарска лиценца од Европска Централна Банка

Објавено

на

Revolut, дигиталната банка од Велика Британија, во четвртокот (13 декември) објави дека добила одобрение за банкарска лиценца во Европа од страна на Европската централна банка. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Forbes 2000: Најмоќните банки во 2018 година

Објавено

на

Од десетте најдобри компании на листата оваа година, седум се банки и само една компанија, Apple, е нефинансиска институција. Пораката? Во ера обележана со технолошките промени и прекинот во индустријата, немилосрдниот раст на финансиските услуги на новите и развиените пазари го прави банкарството најзастапениот бизнис на земјата. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange